Браос бе јунаци... Стигнавте и да се заебаате... Па ако се заебаате прабајте вака...
Билјана прашок и мек сунгер. Убаво исперете со втрлување.... Повторете постапка... Седнете напијте се кафе... одморете... Потоа земете 200 грама нафта која предходно ја згреавте оставена на сонце... добро промешајте и нанесете на памучна крпа... крпата може да се и стари гаќи , немора големи...
Нанесете подебел слој од нафтата...убаво и насекаде... поминете ги и штоповите и пластичните делови, вклучително и сите гумени кедери...потоа седнете одморете и испите го сокчето што го добивте со кафето... Станете и повторете ја постапката на пластичните делови и гумените кедери... оставете да се крчка 10 минути и потоа со памучна крпа, може и подкошула од Винка Виница, квалитетни се, убаво избришете ја нафтата од возилото... повторете ја постапката, избришете со подкошулата превртена од чистата, неупотребена страна. Сликајте и видете го сјајот...
Рок на траење 4 до 5 перења.... Висок сјај до 3то перење...
Без втрлување и билдање бицепс, трицепс и подлактица во линија со заден бут ( наведнат се полира )
Потребно време за приготвување 30 до 45 минути, зависи како го пиете кафето...
Ова полирање најубаво иде ако повикате некој комшија/другар и заедно да пиете турско кафе а тој да ви сугерира каде сте пропуштиле...На здравје...
Ете ако ви е до заебанција, а постапката навистина ФУНКЦИОНИРА...
А темава беше за реставрација а не за полирање и купување кинеско моторче...Извинете ако некого потресов, ама ич не ме боли...