Aaaaa не, на непознати не кревам...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Одговарам на секој повик,можеби е нешто итно и нешто кое не може да се чека.Не морам да го знам бројот за да се јавам,имам пријатели на кои не им го знам бројот,а можеби и позајмиле телефон за да се јават.Мобилниот затоа служи,да си достапен во секој момент
 
Одговарам на секој повик што го добивам.

Од факултет има многу луѓе чиј број не го знам, а они го знаат мојот. Од работа исто, клиентите, претпоставените. Службени пријатели имам исто така многу, со кои сум работел, ете лично мој рандом пример, од маркетинг агенцијата за која хонорарно работам, претпоставениот буквално стално ми се јавува од различни броеви, и што, со тоа што нема да подигнам слушалка ќе изгубам шанса за заработка и ново искуство.

Можеби некој другар/роднина/познаник се вратил од странство, сака да се видиме, неможе да ме најде дома поради обврските а сака да ме изненади... немора да гледаме стално на негативните работи од стилот на "лоши вести".

Ама што ако е на пример, лоша вест? О_О
 
Одговарам на сите повици, едноставно не можам да се смирам со тоа, дека не сум се јавил на тој што ми ѕвонел од секогаш сум одговарал, повеќето броеви на пријатели,роднини ги немам запишано така да морам да се јавам, па може и нешто итно да биде или некоја лоша вест не дај боже.
 
Одговарам на сите непознати броеви, зашто повеќе од тие броеви што ме барале до сега биле мои братучетки или другарки, а може некогаш и некој да го згреши бројот па да ми ѕвони ама таквите се многу ретки :toe:.
 
..не е битно шо некој непознат за тебе број ти вртел 63546343 пати, ти си упорен дека нема да кренеш... Се дур не ти пише порака „МАГДЕ Е!!! КРЕНИ ФОР ФАК СЕЈК“..
И тогаш ќе ти крене слушалка..
Мислам често се случува да снемаш кредит и да се гребеш од некој зашо некој друг ти треба итно, али пошо тој некој у именик го нема чоекот од кој се гребеш, џабе ти е...
Шо е финтава со ова? Зашо да не кренеш на некој број кој ти е непознат? На крај краева, ако некој те зеза, секоаш можеш да спуштиш и да не креваш на тој конкретен број, али не на сите особено ако постои можност на некој итно да му требаш...

Дали некој од вас го прави ова? Дали може некој да ми го објасни феноменот „Не кревам на непознати броеви“.

п.с. не зборам за „no number" т.е. коа ти вртат со скриен.

Само кога должам пари.
 
Ко ќе ме барат некој шо му го знам бројот, а сакам да го "избегнам" и после ако ѕвони непознат број т.е. шо го немам меморирано на телефонов, тогаш не кревам на непознати. Инаку, секогаш кревам.

P.S.
Најчеста причина шо сакам некого да избегавам и е кај мене ова, дефинитивно. :)
Само кога должам пари.
 
Хах, а ако ѕвони од странство или од заштитена "private" мрежа (пример од државни институции)?
Сакав само да потенцирам дека под непознат број мислам на некој што не ти е во именик. :)

шо е финтата со вакви “note book movie финти??...демек ако некој е смртно заљубен во тебе па така налдничаво ти врти во секој период о денот?
абе да ти кажам девојче,ти студираш психологија и такви ментали ствари па би требало да ти биди јасно дека таквите појави се ретардирани..или не?
Многу ми се смешни вакви фацки шо ми ја спомнуваат професијата у најбезвезе муабети, али океј.
Тоа што ти го болдираше е во случај кога ЈАС вртам на некој и тој некој не ми крева и ЈАС на НЕМУ му пишувам порака и му се претставувам дека е Магде... (се надевам од никот сфати дека така се викам)
Не знам шо не ти е јасно и шо ти е од филм излезено.
Интересна работа ми се случи пред некој месец!
Ми врти некој од непознат број, кревам ми викаат од МВР се јавуваме и мала пауза некоја секунда !!!
Очекувале да им честиташ на работното место што го имаат. :)
Ај не измислувај, кој уопште праи така?
Ти стварно мислиш дека има некој кој не крева на непознати броеви?
Што се тоа непознати броеви? Броеви што ги нема у својот мобилен?
А ова како би го спроведувал на статичен телефон? Не би кревал ако нема идентификатор?

Минимум 5 души у темава пишаа дека не креваат кога им врти некој непознат.
Темата е наменета за мобилни телефони и објаснето е дека станува збор за броеви кои ги немаш во именикот..
Камоли да прочиташе за шо е темава пред да реплицираш...
 
Многу ми се смешни вакви фацки шо ми ја спомнуваат професијата у најбезвезе муабети, али океј.
Тоа што ти го болдираше е во случај кога ЈАС вртам на некој и тој некој не ми крева и ЈАС на НЕМУ му пишувам порака и му се претставувам дека е Магде... (се надевам од никот сфати дека така се викам)
И мене ми се смешни (но повеќе ме плашат) такви патетични фацки кои упорно вртат бороеви и пракаат смс пораки кога знаат дека треба да се губат од пред очи и заборават бројот....
Извини за професијата што ја спомнав
Како можи да не се сфати една едноставна ствар..мене ме плашат такви појави искрено
Мој другар еднаш пријави во полиција за такво вознемирување..јас сум убеден дека таквата алтернатива е краен случај да се стави крај на таквото лудило!!
 
Ама као да не ја разбра темава.
Значи ситуација каде што ја и вртам на другарка ми (која не крева на непознати броеви) од бројот на брат ми, зашо ја неам кредит. И она не ми крева иако упорно и вртам и се дур не и пишам порака дека сум јас, не крева...
Тоа е моментот. Не викам јас дека треба да зеам да се напињам на некој број да се убивам од вртење и да ме пријави у полиција...
Нормално е ако некој те замара толку многу, па да стаиш забрана за тој број или да одиш у полиција. Она што не го разбирам е што е страшно кога и вртам на другарка ми (или на било која некревамнанепознати личност), да крене и да го одјебе тој шо упорно и врти.
Ако не друго, логично е дека тој шо ти врти у рок од 10 минути 2-3 пати, дека му требаш итно.
 
Абе ко ќе се изгориш од мелкото и на јогурто ке дуваш...и на секој непознат број ќе се тресиш дали да крениш или не
 
Ааааа не. На непознати не им стискам Accept на фб/мсн било шо.
what about this one?
 
Кревам на непознати ама на титкање не им враќам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom