Aaaaa не, на непознати не кревам...

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
..не е битно шо некој непознат за тебе број ти вртел 63546343 пати, ти си упорен дека нема да кренеш... Се дур не ти пише порака „МАГДЕ Е!!! КРЕНИ ФОР ФАК СЕЈК“..
И тогаш ќе ти крене слушалка..
Мислам често се случува да снемаш кредит и да се гребеш од некој зашо некој друг ти треба итно, али пошо тој некој у именик го нема чоекот од кој се гребеш, џабе ти е...
Шо е финтава со ова? Зашо да не кренеш на некој број кој ти е непознат? На крај краева, ако некој те зеза, секоаш можеш да спуштиш и да не креваш на тој конкретен број, али не на сите особено ако постои можност на некој итно да му требаш...

Дали некој од вас го прави ова? Дали може некој да ми го објасни феноменот „Не кревам на непознати броеви“.

п.с. не зборам за „no number" т.е. коа ти вртат со скриен.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И јас не можам да сфатам зошто некој го прави ова. Секогаш се јавувам кој и да ме бара, што ако е непознат, можеби некој нема кредит па врти од друг број или па сменил број, сеедно. Дури после ако е тупаџија му се маваат блокови, call restrict или слично. =)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Секогаш ама без исклучок - секогаш, одговарам кога ѕвони телефонот, бидејќи никогаш неможеш да знаеш дали тој кој те бара те бара итно и му треба некаква помош, дебилно ми е и кога некои - гледаат дека и им ѕвони за нив непознат број па зјапаат како луди и чекаат по цела минута и повеќе размислувајќи да се јават, па и се распрашуваат наоколу за тоа кој им ѕвони... ако веќе се криеш од некого ...епа има опции и за тоа.

п.с. не зборам за „no number" т.е. коа ти вртат со скриен.
Хах, а ако ѕвони од странство или од заштитена "private" мрежа (пример од државни институции)?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Непознати (или private) броеви најчесто носат лоша вест, затоа и не кревам на непознати. Исто како што не ни отварам врата дома на непознати и ненајавени. Ако некој не ми се најави, воопшто не се ни трудам да видам кој ми ѕвони дома.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
И јас ретко кревам на непознати. Затоа што повеќе пати ми се случило кога ќе кренам така, или да добијам некоја лоша вест, или па да ми се јави некоја бивша(која воопшто не сакам да ја слушнам) или па исто некој кој не сум го видел долго време (и кој не сум сакал да го видам долго време:pos:). Ако на некој му требам многу нека пише. А се јавил од непознат, а ми пишал пак троши кредит...
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
На све се јавувам, шо знаеш шо бива....во моментот сум му на некој потребен па ќе му се јавам, било тоа лоша или добра вест.....
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
ако не се јавиш од кај ќе знаеш што си пропуштул
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
И јас не се одговарам. Не е намерно нешто да глумам или што и да е, едноставно имам 2 телефона, еден приватен и еден службен. Приватниот ми го знаат луѓе на кои јас сум им го дала, и во истиот момент сум го меморирала и нивниот, за да знам кој ме бара, и бидејќи повеќето од моите блиски (за кои и уствари го имам тој број) го знаат тоа, секогаш ми вртат од нивниот број и нема никаков проблем. Ако треба да дадам телефон онака, го давам службениот, и на тој обавезно одговарам, ама само во текот на работно време.
Вака ептен ми одговара, нема зошто некој на кој не сум му го дала телефонот, да го дознава преку луѓе и да ми се јавува, ама секако тоа се однесува на мене и мојот карактер, не значи дека е правилно или не. Но исто неможам да сфатам зошто на некого би му пречело, сепак е лична одлука на секој, а ако се работи за немање кредит, една порака е поефтина отколку муабет, па затоа подобро одма да пише кој е, отколку да звони прво.
 
I

Intex

Гостин
Не кревам на непознати. Навика некоја. Многу често се случува да пишам порака од типот на „А ти си?“
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Не кревам на непознати. Навика некоја. Многу често се случува да пишам порака од типот на „А ти си?“
Да ви кажам една НЕ ДАЈ БОЖЕ СИТУАЦИЈА....

Така фино лепо си одите на работа сабајле, а претходнио ден вашето дете ви ја бара колата за утрешниот ден како би можел да оди ете да речиме до некое место со девојката ваму-таму, и вие се согласувате, е сега се дешава нешто страшно а вашето дете нема кредит да ви се јави па така да некако избезумено го зема мобилниот на девојката и врти кај вас а вие седете кај и да сте на работно место и велите "Не кревам на непознати, ако сака ќе ме најде а не вака", вие не му кревате на детето, а тоа иди до степен да не знае што да направи затоа што во моментот му сте битни вие да му дадете помош,
Телефонот не звони повеќе, поминува една минута и вас ви текнува дека сте му ја дале вашата кола на детето денес да излезе со девојка, друштво што и да било, и одма кај вас станува паника, ви се вртат филмови во главата, не знаете што да правите, и се тешите дека вас тоа не може да ви се случи......Овва е само пример и НЕ ДАЈ БОЖЕ да му се случи на некој...

Некој во моментот луѓе ве бара, му вртите грб свесно и арогантно....
 
ОК, секако може се да се случи, ама ако збориме за хипотетичка ситуација, јас тргам од мене, нема шанси да го пуштам така детето мое со кола, а да го оставам без кредит. :smir:
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Непознати (или private) броеви најчесто носат лоша вест, затоа и не кревам на непознати. Исто како што не ни отварам врата дома на непознати и ненајавени. Ако некој не ми се најави, воопшто не се ни трудам да видам кој ми ѕвони дома.
Замисли пред некој ден ми се јави еден со непознат (private) број и ај си викам ќе кренам и ми се јавува еден тип и ми вика немаше ти пред 1 месец ставено оглас дека продаваш мобилен, и ај се замуабетивме и успеав да си го продадам телефонот. Така да има исклучоци и во тоа.
Јас кревам на се, нормално кога ќе успеам да кренам и да го слушнам. А и да видам дека имам непознат број кој ме има барано му се јавувам и прашувам кој е што е и како е.
Тие одбивања на непознати броеви се карактеристика на искомплексирани егоисти кои мислат дека некој ги шпиунира и дека ги мањачи.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
ОК, секако може се да се случи, ама ако збориме за хипотетичка ситуација, јас тргам од мене, нема шанси да го пуштам така детето мое со кола, а да го оставам без кредит. :smir:
А ако го изгубил телефонот или му цркнала батеријата ?

Дигам на непознати бореви сигурно нема некој да ме бара ако не му требам.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
А ако го изгубил телефонот или му цркнала батеријата ?

Дигам на непознати бореви сигурно нема некој да ме бара ако не му требам.
Па добро сеа, не дека нема исклучоци, ако се работи за ваква или некоја слична ситуација, нормално дека било кој број да ти ѕвони, ќе кренеш.
А тоа дека некој нема да бара, освен ако му требаш, не се покажало баш точно барем за мене (а и зависи за што му требаш)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom