- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.822
- Поени од реакции
- 12.316
Правиме проценки, но...прави разлика од комбинатите во СФРЈ до сега. Тие имаа плански служби и податоците се добиваа доста реални, но можеа да се подготват според желбите на државата. Друг систем, други закони и нивно не/почитувањеИма сива економија, но имало и во минататото. Затоа правиме споредба и таа споредба е можно, бидејќи да немало сива економија пред 10 години а сега да има па да речеме не лажат комуњарите, а вака?
--- надополнето ---
Со примерите погоре ми беше цел да доловам дека реалните приходи по семејство не се знаат...само се праат проценки зависно од многу фактори (увоз, производство, потрошувачка на домаќинство, вишок, извоз...)...а ние овде претпоставуваме зависно од она со кого се дружиме или каква ни е ситуацијата дома.Лурц, секој што држи било што во државава од гранапче до ресторан, е преоптоварен со трошоци за триста работи, затоа не куца се на фискална. И јас кога правев муабет со луѓе што работат со угостителски објекти, на прашањето зашто ризикувате инспекција да ве фати па да ве затвори, ми одговараа со треба да сум луд се на фискална да ставам. Нема да преживеам. Е сега кога ќе намалат тоа трошоците, државата ќе има потполно право да врши притисок се да се фискализира.
Или еве на пример, приходи на поединец. Сум извршила превод на семинарска или труд, некој ми платил на рака. Со кој пмает ќе пријавам таков приход, кога и онака тоа може ми единствениот, а не е голем? Штом има невработеност плус, споредни големи трошоци и огромни казни за банални работи како на пример дека ти пишувало Ресторан, а требало РесторанТ, ти поттикнуваш сива економија, не ја убиваш.