Ајде идеме сега еден season review oд моја гледна точка, на кој му се чита нека чита, кој нејќе да чита нека направи еден skip.
Летово од клубов си замина нашиот клечко, нашата клупска маскота или како поинаку веќе да го наречам не знам - Бен Фостер. Иако Фостерчо наш ми беше една од најголемите мистерии што заиграле за нашиов тим, бранеше неодбранливи топки а примаше голови кои старица да ја ставиш на гол ќе ги одбрани, како и сите останати бев радосна што си оди. Како прво, поради тоа што не беше ни за замена за ВДС (ако ви текнува кога ВДС го скрши прстот се молевме Кушчак да е на гол а не Фостер и се надевам дури сега гледаме во каков очај сме биле) и како второ, поради чудната судбина што ги прати екс фудбалерите на Манчестер Јунајтед а тоа е фактот што СЕКОГАШ им одземаат бодови на конкурентите. Сепак, кај човекот кој според една статистика што излезе во последно време дека е
непобедлив на Вембли и во 2 Куп финалиња веќе е прогласуван за играч на мечот, медиумската помпа си го направи своето кај него. Полабилен карактер, англиските медиуми ги знаете, го сметаа за прв голман на Англија, имаше притисок врз него и не можеше да издржи.
Се најдобро Фостер, те почитувам затоа што самиот си призна дека не си за овој клуб и се препороди во Бирмингем, се надевам дека ќе бидеш купен од некој друг клуб од прва лига, зошто како што гледам, се откажа од репрезентативни настапи и веројатно сакаш да се посветуваш на клуб.
Уште од крајот на минатата сезона ви велев дека ние ќе бидеме шампиони. Не знам зошто некој воопшто се сомневаше во тоа. Видовте Челзи какво лето имаа, нашиот најголем конкурент кој го сметав. Продадоа пола играчи од средината и наместо на веќе победени мечеви да ги пуштаат младите, тие ги пуштија на позајмица или ги продадоа. Вие почнавте да се лутите како тоа тие почнаа првите мечеви да ги тепаат со по 6-0 а ние демек едвај Њукасл и Вест Хем со 3-0. Епа Ферги го пушташе Смолинг тогаш да игра, Македа и др. Мислите ли дека Смолинг ќе пружеше такви партии кога Рио се повреди ако немаше пред тоа неколку меча одиграно? Секогаш ама секогаш поинтересно ми е да ги гледам младите да играат во веќе решени мечеви, едвај чекам да го видам Равел Морисон или Џош Кинг во некој меч на првиот тим од следнава сезона.
Е после дојде оној дел од сезоната каде што повеќето ја изгубија вербата за титулата. Нерешените со Фулам и со Евертон, во кои ако забележите подобро, игравме фантастично, но головите стигнаа по мали грешки, деконцентрација или невнимание. Ама сто пати повторив и ќе повторам, се правите некои тука како да гледате прв пат Премиер Лига. Кажете ми кога сме имале фантастичен старт? Таа сезоната кога го освоивме европскиот дабл дали една победа имавме по 4 меча :pos2: Ова беше периодот кога Димче наш почна да покажува заби. Иако бев малку скептична и мислев дека тоа што растури на пред сезонската тура беше само искра и ништо повеќе, Дими делуваше доста посветено. Кога Руни уште се бараше себеси и се мислеше што направи со курвата, Дими истапи, го презеде товарот на него и го движеше тимот. Иако мислев како многумината дека Бербатов е купен за гол машина, сезонава ме демантираше. Ако се погледнете убаво неколку мечеви, Бербатов се враќаше од половината да ја земе топката, да започне напад и да навлече фудбалери на себе. Пак ќе кажам, од него нема подобар играч во ПЛ кој има таков прием на топка, баланс и водење на истата. Одличен играч кој мора да остане кај нас следната сезона.
И нешто што ми е најинтересно најмногу кај него, е што секогаш го бира потешкиот начин да постигне гол, затоа на replay никогаш не ми се досадни неговите голови да ги гледам по 100 пати
Потоа пристигнаа двата шока за нас, еден по друг. Скршеницата на ногата на Валенсија и заврзламата која Ферги ни ја направи со Руни.
Не ми се веруваше што гледам кога ја видов ногата на Валенсија на два дела. Сигурно и Ферги да можеше ќе ги дадеше 3те бода од тој меч само за да не се случеше такво нешто на Тони, за кариерата да му виси на конец. Но како велат, додека на еден не му се стемни - на другиот нема да му се раздени. Ова беше моментот кој го чекаше Нани уште минатата сезона. 11 гола и 19 асистенции за нашиот Мајкл Џексон. Ги демантираше сите дека неговиот трансфер не вредеше за парите. Немам зборови сезонава за Нани, иако се гледа дека има уште место за развивање кај него, очекувам следната сезона уште подобро.
Заврзламата што ја направи Ферги со Руни колку само беше негово масло еј. Сигурно и Нани лани кога играше 3 месеца за резервите сакаше да си оди и има кенкано, оној Кушчак исто така, ама работата што САФ изјави јавно за Руни беше да се тргне медиумскиот товар од него поради лошата форма и курвата, како и од тимот поради нерешените резултати кои ги вадеше на почетокот. И му успеа на стариот, Руни утредента потпиша нов договор, тимот се врати на победничките патеки.
Еден од најдосадните мечеви сезонава на Манчестер, во кој и според мене ја прикажавме нашата најлоша игра сезонава, беше против Сандерленд. Искрено, среќа наша беше и што не изгубивме на овој меч што заврши 0-0.
Ги паметам и оние 2-2 против ВБА на Олд Трафорд, каде што ВДС направи глупа грешка за која сите му простуваме
, и ВБА станаа единствениот тим кој ни скина бодови на нашата тврдина, Олд Трафорд. Добро почнавме на мечов, второто полувреме ни беше крш, каде што се виде незаинтересираноста на Руни и проблемите веќе почнаа.
Потоа си стигна периодот кога нашето Мексиканче почна да не изненадува сите, вклучувајќи го и менаџерот. Почна да дава голови со глава, лева нога, десна нога, бутна коска, гради, со газот и со што уште не. Боже мили каква скромност и магија од играч си најдовме за 7 милиони фунти
Уште не можам да поверувам дека детево даде 20 гола сезонава од кои пола беа клучни, секој на свој начин.
Е тука веќе кај мечевите со Сити/Астон Вила каде што се вративме од 2 негатива, почнавме да ја нервираме цела англиска јавност
Во последни 15 минути се вративме со два гола, дури и можевме да победиме ако Обертан подобро ја шутнеше топката во последните 5 минути.
Почнаа да трубат по весници, неконзистентни, неубедливи, нема магија нема ова и сиротите Блекбурн си го изедоа, мораше на некој да наплатиме за тие епитети
))) Дими даде 5 гола и ги испративме со 7-1 назад xD
Пак ќе кажам, среќа на Челзи што не игравме против нив на следниот меч, во каква форма бевме ние а каква тие, црно им се пишуваше.
Фазата по групи во ЛШ ја поминавме импресивно. Без примен гол на гости и во нокаут фазата, но во фазата по групи притискавме колку да се победи, бидејќи мораа да се штедат силите за во ПЛ и куповите. Нерешено на крајот против Валенсија беше доволно за првото место во групата и Марсеј како противник.
Од кога победивме на мечот против Арсенал дома, си го зедовме првото место и веќе не го дадовме
Од декември месец бевме први x) Декември ќе беше месец од сништата за нас ако не се случеше пациентот Ли Мејсон да им признае гол со рака и да не види фаул врз Видиќ на Бирмингем и да го завршиме месецот а и годината со нерешено.
Ееееее потоа дојде новогодишниот период и за Манчестер Јунајтед се знае што значи тоа. Секогаш играме 5 пати подобро во и по овој период и многупати токму таму сме ја добивале титулата затоа што конкурентите киксале. Одигравме дури седум меча таму ако не се лажам, во јануари и моравме некаде да кикснеме. Тотенхем ни зема 2 бода, но, можевме да победиме и таму ако Дин повторно не прикажеше мал дел од неговиот циркуски репертоар. Да не се заборави и камбекот против Блекпул каде што веќе сите не отпишаа и повторно им прошетавме на нервите на луѓево конкуренти
Потоа почна веќе се да се разјаснува, победата против Шити, циркусот на Аткинсон против Челзи, заслужениот пораз против Ливерпул, поминувањето на Марсеј без мака, добивањето на Челзи за противник во ЛШ. Колку е добро кога не судат судии од Премиер Лига а? Се деси и тоа чудо играч на Челзи да добие црвен кога играат против Манчестер
На тактички план на гости ги добивме, дома, се знае, тврдината никој не ни ја освојува
Испаднавме од Шити во ФА Купот, според мене не игравме добро на тој меч, но да беше до мене јас ќе испаднев од овој куп уште на почетокот. Едноставно 19 титула беше приоритет оваа година, не сакав никакви дистракции на играчите и улетувања по повеќе титули. Затоа можеби и подобро што испаднавме, иако глупо е што испаднавме од Шити ама тоа е, мораше од некој
Ги испративме дома и Шалке, си ја освоивме деветнаеската и сега е ред на Барселона на Вембли.
Да надополнам, духот кој го видов на овој тим против Челзи во дуелот во ЛШ и на клучниот меч на ОТ, да го видам и во сабота и се` ќе биде полесно понатаму. Овој тим кога има желба, може многу да направи.
Сега нешто за играчите.
Се збогуваме од Едвин, маестрото на нашиот гол кој и самиот признава дека жали што не му се приклучил на овој тим порано. Каков само говор имаше вчера, да ти надојдат солзи на очите
Фаворит за негово место колку што гледам е Де Геа, иако јас би сакала некој поискусен, како Стекеленбург кој има и клупско и репрезентативно искуство. Како и да е, верувам дека Де Геа ќе има од кого да учи нареднава сезона и ќе научи многу.
Немам зборови за Видиќ и Фердинанд, за мене најдобриот стоперски тандем во Европа. Двајцата се терминатори, многу добра усогласеност меѓу нив и ВДС. Другиот стоперски тандем, Смолинг - Еванс има уште многу да се докажува, иако Крис ни докажа дека можеме на него да сметаме и на големи мечеви и дека ќе биде можеби и подобар стопер од Рио.
Се пензионираше Гери, нашата легенда и долгогодишен капитен. Иако не играше многу сезонава и минатата, сепак кога беше потребен истапуваше и го даваше максимумот. Се препородуваше кога играше против Ливерпул
, Сити, како и кога се работеше за вистински важен меч за тимот. Но, тука се близнаците Да Силва, кои сигурно ни самите не знаат колку пати сезонава ги вадеа на носилки. Бестрашен карактер, влегуваат во дуели без да мислат дали ќе се повредат, не е важно тоа, важна е топката да се освои
Во нив двајца имаме и одлични проспекти за на крилните позиции, версатилни играчи, од каде само ги копа Ферги децава алал да му е.
Тука е и нашиот О`Шеј, верен слуга на тимот и најсестраниот играч на светот, потценуван од многумина што секако му оди во негова полза. Да не беше тој, дупло повеќе голови ќе имавме приметно а и можеби помалку дадено.
Евра имаше просечна сезона. Не лоша туку просечна. Минатата сезона беше подобар, веројатно заморот од лани и проблемите кои ги имаше со репрезентацијата си го направија своето. Но тој е меѓу карактерите во соблекувалната и борците во тимот кои се и тоа како потребни во советувањето на младите фудбалери.
Нани блесна, Валенсија се однесува како да не отсуствувал 6 месеца, за Гигс се прашувам дали му кажал на овој човек некој дека има 37 години? Сколс, идолот на Чави и Чаби Алонсо, иако во вториот дел од сезоната играше помалку, сепак неговите додавања уште му се потребни на тимот, на 36 години можеби ја нема брзината што ја имаше, но подавањата и визијата и те како се присутни. Сакам да остане, МОРА да остане. Андо има сезонава 4 гола, добро е, напредуваме
Со Керик искрено не знам што се случува, во ЛШ е феноменален, во ПЛ се губи на моменти, дури на нерви ми шеташе. Нека се стабилизира одма или нареднава сезона нека остава повеќе место за Андо.
Како да не се каже ништо за нашите ѕверови од средината, Џи кој пие сок од жаби за да е во форма и Флеч кој фати некоја афричка треска
Флечер ќе биде клучен во финалево што ќе го играме, добро играше додека не се разболи. Џи да не отидеше на тој Азиски Куп ќе бевме шампиони уште во март месец. Од кога се врати тој се врати и брзината на движење на играчите на теренот. Човекот за големи натпревари и со право е овој епитет.
За Обертан немам што да кажам, најдобро да го позајмат во некој клуб од ПЛ или да го продадат. За резервите е феноменален, за првиот тим е како мува без глава.
Нападот сезонава ни беше не знам, немам зборови, маестрален, брилијантен, фантастичен. Руни со нитрото, хет трикот против Вест Хем кога беше најпотребно, ножичките против Сити, Чичарито кој ги остави со подотворена уста многумина, да ми кажеше некој дека ќе постигне 20 гола детево ќе му се изнасмеев. Ама ете која е разликата да имаш професионалци од скаути во тимот кои знаат да препознаат талент.
Димитар Бербатов е нашето препородување сезонава. Им ги затна муцките на новинарите кои го притискаа, даваше голови, но и на мечевите на кои не постигнуваше голови, беше клучна алка за нас, бидејќи ја држеше контролата. Овен (you scouse bastard, you scouse bastard, you scouse bastard
) немаше толку шанси сезонава, но кога беше потребен - истапуваше. Покажа дека може да соработува со Чичарито иако се ист профил на напаѓач (против Саутемптон), дека иако меѓу најниските напаѓачи може да дава голови и со глава (против Болтон) и дека кога е со топката во шеснаесетник не греши (вчера против Блекпул).
Иако следната сезона ќе сме преполни во нападот, сакам Овен да остане, бидејќи од повеќе играчи нема зијан. Нејќам да настане како минатата сезона кога пример се повреди пола одбрана во декември и тогаш ја изгубивме титулата. Нека има што повеќе фудбалери. :helou:
Ете ја сезоната дечки, да уживаме во деветнаеската и во ова лето што следува во кое Ферги ќе го надоградува тимот, без разлика што ќе се случи во сабота, бидејќи главната цел беше Премиер Лигата оваа сезона. ЛШ дојде само како еден сладок бонус, за нели, потпросечниот тим на Манчестер кој е без магија.
За трансферите ова лето, освен било кој од голманите што ги спомнав, играч кој сакам да го видам е Лука Модриќ. Да можам да бирам Санчез/Снајдер/Модриќ, би го избрала Модриќ без никакво двоумење. Хрватскиот Дејвид Гета едноставно мора да го облече црвениот дрес и се надевам дека Ферги ќе ми ја исполни желбата. Иако Ари нема да го даде така лесно Лукица, знам дека Ферги ќе се потроши и нема да му се важни парите, исто како што не му беа важни кога го купи Бербатов. Играчи на Тотенхем оставаат добар впечаток во Јунајтед, нека продолжи традицијата.