Така, така, и ден денес го паметам натписот напишан на едно од ќошињата на Енфилд, пред 5-6 години, ако не се лажам... Си велам, ако ништо друго, и колку да ме боли дека Арсенал не освои ништо, сум сведок на историја, каква и да била таа
Не знам зошто ама пред дербито против Арсенал бев понервозна отколку на ова дерби
Очекувам да видам борба од нашите, задната 4ка да е стабилна, пред се` да нема толку работа и Керик и Гигс најверојатно ако стартуваат во средината да ги сечат топките па да им е полесно на Рио и Вида. Имам доверба во Рио, висок е, ги доби скоро сите воздушни дуели, се покажа клучен на првиот меч од ЛШ кога игравме кај нив. Во нападот го очекувам Чичарито, ако не гол барем да ги навлече дефанзивците на Челзи за да се ослободи простор за Руни а и би можело да биде и обратно. За по крилата не знам дали имате приметено, против Челзи Валенсија се снаоѓа со Ешли многу подобро од Нани (да не урочам сега :Р), па би можел Нани да е на клупа, Парк и Валенсија на крила. Десен бек О`Шеј, има висина и контрола, нека им ја кочи играта од таа страна, не мора да оди во офанзива, тука е ЛАВ.
Que sera sera, што биде нека биде, сакам да прикажеме цврста и борбена игра, специфична за Манчестер Јунајтед GGMU!
Уф, каква еуфорија ме држи уште од сабајле ... се би дал за победа после. Очекувам да изиграат максимално, да го остават срцето на терен, се надевам на победа!
Многу сум возбуден и едвај чекам да започне и овој меч,и да им покажеме на Челшит што знаеме!
Титулата е наша ако го добиеме овој меч-тоа е сигурно!
Очекувам борбеност од нашите играчи и победа од 2-0.
Фергусон секогаш знае како да одигра на важни натпревари како што е овој,така да одиме на победа!!!
GLORY GLORY MANCHESTER UNITED!!! GO GO GO RED DEVILS!!!
Читам Флеч изјавува дека сите биле фокусирани за натреварот и дека уште од старт ќе нападнат кон голот на Чех, ова посебно ме радува ако се земе во предвид како анемично почнавме на реваншот против нив на Театарот, па се освестивме дури последните 10 мин. од првиот дел.. Најдобра опција за после би било гол во раната фаза од натпреварот.. :salut:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.