MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Исвеста за луѓето, околината им е на високо ниво,
Паѓам во несвест од таа вискосвесност...Бап!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Исвеста за луѓето, околината им е на високо ниво,
Мислиш, материјалниот стандард им е најдобар? А да ѕирниш троа која е цената која ја плаќаат „напредните„ за тој стандард?
Паѓам во несвест од таа вискосвесност...Бап!
криминалот им е на најниско ниво,
И се сметаат за едни од најнапредните земји...
се повеќе се зголемува бројот на луѓе кои религијата ја сметаат за глупост.
:pos2:Да: мафија, јакуза, масони и сл. Све ангелче до ангелче.
Напред секаде. Скоро на секој поле.Напред? Каде „напред„?
Да: мафија, јакуза, масони и сл. Све ангелче до ангелче.
Ствар укуса: некои за лудост, некои за глупост...А некои пак, за насушна потреба.
Воа е личен став а не доказ...
Ќе исчезнат религиите? Тешко малку, безмалку неверојатно. Човекот има потреба да верува, да идеологизира, ... некој во Бог, некој во вонземјани, некој во Facebook и Google, некои во Црвенковски и Груевски. Секој се крсти и се моли на она на што му одговара. Шала на страна, религиите само може да се трансфрмираат но не и да исчезнат. Поточно постојните може да исчезнат но на нивно место ќе се појават нови.
Патем рибата си заминува, можно е појавување на нова голема вера нели![]()
:pos2:
Вирее мафијата во Норвешка, Финска, Шведска, Данска, Швајцарија..... ХАХАХХАХААААА...
Секогаш на вести слушаме Норвешката мафија пренела толку и толку дрога... хаха..
Мики бе, во кој свет живееш?
Никаде не ги наведов нит Шведска нит Финска, што не значи дека тие земји веќе станале Рај на Земјава. Ако гребнеш социолошки троа подлабоко, ќе Ти испаднат на виделина разно-разно психо-социолошки искривувања, кои нема да ти бидат по кеифот.
Види во право си. Зошто сите овие споменти се најзастапени во најрелигиозните земји?
Ај баш да видиме.... Само тебе да не не ти се допадне
Зошто најголем број на , убиства, самоубиства, наркоманија, криминал има во земјите со најмногу верници????
Зависи што подразбираш под поимот „религизони земји„. Историски, ниеден народ не бил целосно религиозен или нерелигиозен. Второ: во што, т.е. во кого веруват тие религозни земји? Вер(б)ата човекова може да биде во распон од „...има нешто...„, преку „...космички ум....„ па се до „..верувам во живиот Бог...„. Ако некоја земја/народ верува „во нешто„ тоа е како да верува во ништо. Ако некој народ верува во живиот Бог, тогаш тој народ ќе има дела согласни со својата вера. Ако народот верува во зен, во Буда и сл. тогаш тој народ нема во што да верува, освен во недостижни философски апстракции, кои не можат да се ефектуираат во реалното секојдневно живеење. Затоа, привидно најрелигиозните земји/народи, ги имаат најразвиените криминални мрежи. Во Јапонија на пример, јакузата е берзански шпеклулант, но за менталитетот од јапонците, тоа не е зло, нели?
--- надополнето ---
Види го мојот претходен пост...
Да се дополнам: ако, како велиш, најмногу девијации има кај народите со најмногу верници, тогаш, кога тие народи би биле составени од верници во живиот Бог, тогаш тие верници не би ни помислиле на убиство или наркоманија а не пак да ги чинат тие безбожни дела.
Самоубиството не е чин од верник, „фиксањето„ не е чин од верник, криминалното однесување не е чин од верник, туку напротив: сите наведени чинови се чинови/дела од обезбожени луѓе! Значи, само луѓе кои немаат вера и страв Божји, и кон наместо а ја почитуваат волјата Божја, ја почитуваат својата своеглава волја, само тие можат да чинат дела против Бог!
Иако не се сложувам дека само христијанската вера е вера, но еве земи само земји со доминантно христијанско население, пак податоците нема да ти одат во прилог