Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Книгата за Тито не е божја објава...
ццц...
Иако и тој беше едно од божанствата во бољшевичкиот пантеон, од 1917 на ваму.

Божјата објава е таа, или веруваш во неа или не.
Нема тука твое и мое право.

Секако,треба да се чита и размислува околу напишаното, да се слави Бог и да се восхитуваме на мудроста...но не и да бараме грешки и нелогичности каде што ги нема.

--- надополнето ---

Каде во Писмото стои дека треба да се читаат житија и богослови за да се објасни она што не е дадено да се објаснува?
Законот не допушта толкување.
Каде гледаш мое толкување?
Има само цитирање на она што пишува.

:tv:
Твое толкување гледам во сите твои постови, вклучувајќи го и тоа дека не треба да се толкува, а ако тоа го негираш тогаш едноставно ....
Разбирањето, толкувањето, читањето не е одземање на зборовите, не се плаши да го разбереш она што го читаш. Во спротивно се сведува на читање на кувар од прва до последна страница без да направиш во најмала рака една салата.
Таквото читање остави го за сите кои се заинтересирани а не верници, а ти како верник спротивно на обичните читатели треба тоа и да го разбереш.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тое верниче стар......:pos2::pos2::pos2:
 
F

Frankie Yale

Гостин
Сидни Клементсон по испитувањето на примероци од 22 различни места низ светот, дошол до заклучок дека примероците карпи имаат некоја старост од некаде 100 милиони до 10 милијарди години. Се работело всушност за примероци стари до 200 години.
На Хаваите и на Аљаска е експериментирано со старост на карпи за да се детерминира староста на земјата. Едни резултати се движат во рамки од илјадници години, други во рамки од милиони години. Имаше уште, кога ќе ги најдам ќе постирам. Верувам дека не би требало да има

За Сидни Клеменсон првпат слушам па побарав нешто за него на гугл и испадна дека тој е човек со нула научен кредибилитет и дека тој е всушност креационист, така прочитав, дали е вистина или не е битно моментално. Да ти објаснам сегa :)

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Научниците доста добро знаат како функционира радиометриското датирање и да не беа веродостојни податоците немаше целиот научен свет да се согласи со нив. Наспроти верувањата на верниците, научниците не коваат завера против Господ. Овој начин на мерење мери кои атоми се трансформираат во други и колку брзо ќе го направат тоа. И така со споредба на пропорциите на оригиналните (атоми родители - parent atoms) со производот на распаѓањето (ќерки атоми - daughter atoms) прецизно се проценува старост на тој камен. На пример ако има многу атоми родители а помалку атоми ќерки во примерокот што се мери тоа значи дека тој камен е доста млад. Ако има помалку атоми родители а повеќе атоми ќерки тоа значи дека тој камен е стар. Со внимателни мерења и калкулации на супер-брзи компјутери доста прецизно се дознава староста.[/FONT]

Без разлика на тврдењата на ретардите т.е креационистите процесот на распаѓање дава доста веродостојни резултати. Eкстремни притисоци и температури не влијаат на брзината на распаѓање што е важно ако сакаш да измериш карпи од тој период. Сега, за Клеменсон... Неговите пронаоѓања се одамна побиени зошто добро се знае дека оваа техника на мерење може да даде погрешни резултати од време на време, ако некои атоми биле оттргнати од примерокот или повеќе влегле за време на распаѓањето на тој примерокт, ова очигледно влијае на соодносот атоми родители - атоми ќерки и затоа дава погрешни мерења. Арно ама, научниците ги отстрануваат овие грешки (кои се ретки) и добиваат точни мерења преку мерење на повеќе примероци од истата карпа и датирање преку повеќе
методи зошто еден камен може да има повеќе радиоактивни елементи во него и мерењата се вршат на сите за да се добие навистина точна дата. Oва тој не го направил и затоа ова тврдење е побиено и најверојатно затоа пишуваше дека тој нема никаков научен кредибилитет (колку е тоа точно не знам и не е битно моментално).

Сфати дека научниците за разлика од креационистите не започнале да мерат со намера да докажат дека земјата е неколку милијарди години стара, резултатите покажале кон таа бројка. Како и да е, фактот дека има потенцијал за било каква грешка во ова мерење е доволно за верниците и креационистите да ја отфрлат оваа техника ЦЕЛОСНО... Што е многу неразумно и неоправдливо според мене. За да земјата биде стара 6000 години мерењето треба да има систематска грешка од 750 000 до 1, ЦЕЛО ВРЕМЕ на СИТЕ ПРИМЕРОЦИ. Ова нормално не е случајот со радиометриското датирање.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303

За Сидни Клеменсон првпат слушам па побарав нешто за него на гугл и испадна дека тој е човек со нула научен кредибилитет и дека тој е всушност креационист, така прочитав, дали е вистина или не е битно моментално. Да ти објаснам сегa :)
Ок, но дали неговите убедувања се според верата или не, таков го најдов кога пребарував за овие експерименти. Најдов и од други лица критики кон овие испитувања, а дали се по убедување будисти или христијани, не знам и не навлегувам.
И не мислам дека е 6000 години (заправо за ваков став првпат слушнав на форумов), но не мислам и дека е толку милијарди, но...и нешто не ми менува и да е постара илипомлада во краен случај. Што би сменило во твојата -не-верба кон постоење на креација ако навистина се востанови и се признае грешка кај овие мерења?

--- надополнето ---

И ти не би ги ставил своите најблиски на прво место?
Сакај го оној што ја заслужил твојата љубов, наместо да ја трошиш на безвредните, тука спаѓаат и родителите и пријателите. Што се однесува до материјалноста и моќта, ставот е се што те исполнува и ти нуди задоволство практикувај го и стреми се кон тоа, се разбира се додека со тоа не повредуваш некого без причина.
Дали може некој линк до идеите водилки по кои се раководат сатанистите? Закони, заповеди, норми и слично. Некое сиже, убедувања, постапки во одредени случаи, поуки... од книгата по која се раководат сатанистите.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Можеби пишува, реков, треба да прашаш свештеник.
Немој некој да се заебе! Постојат 39.000 различни христијанства денес.

Бирајте внимателно, пошто не е лесно!
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Ок, но дали неговите убедувања се според верата или не, таков го најдов кога пребарував за овие експерименти. Најдов и од други лица критики кон овие испитувања, а дали се по убедување будисти или христијани, не знам и не навлегувам.
И не мислам дека е 6000 години (заправо за ваков став првпат слушнав на форумов), но не мислам и дека е толку милијарди, но...и нешто не ми менува и да е постара илипомлада во краен случај. Што би сменило во твојата -не-верба кон постоење на креација ако навистина се востанови и се признае грешка кај овие мерења?

--- надополнето ---

Дали може некој линк до идеите водилки по кои се раководат сатанистите? Закони, заповеди, норми и слично. Некое сиже, убедувања, постапки во одредени случаи, поуки... од книгата по која се раководат сатанистите.
Добра појдовна точка е википедија со екстерните линкови ... но ако имаш во вид дека и кај нив има мно редови, различни култови и сл., тешко да можеш да најдеш нешто со брзо читање.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Добра појдовна точка е википедија со екстерните линкови ... но ако имаш во вид дека и кај нив има мно редови, различни култови и сл., тешко да можеш да најдеш нешто со брзо читање.
Честопати ја следам вики и други сајтови, но тешко е човек да се снајде во толкава количина информации. Посебно што со физиката не сум нешто...скаран сум :) Но гледајќи ги разговорите, можам истото да го забележам и кај повеќето други...или пак е до тоа што нам ни одговара како извор за одговор??? Можеби тука лежи "вистината", селективен одговор и кај едните и кај другите?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Човекот може да манипулира цо ДНК. Го прави тоа успешно барем 5-60 години. Генетски интервенира по свој к*р ќеиф. не успева секаде, ама еј! ниту Рим не бил изграден за еден ден, нели. Некои луѓе на фоумов мислат дека еден животен век е целиот универзум, па очекуваат.

Исто така, човекот прилично успешно се справува и со ракот (хемотерапијата се чини грозна, ама има ефект) поготово ако се спореди со ЈАХВЕ кој ама не забележал БАШ НИКАКОВ УСПЕХ на ова поле. Има некои непотврдени сведоштва од непроверени извори од кои стварно не знаеме со сигурност да кажеме дали е Јахве или е некое од останатите 4999 богови и божици кои хараат по Земјата денес.... ... или е едноставно позитивно мислење, закон за привлекување или афирмативна визуелизација.

Ќути што сега барем имаме книги и движења за спонтано лекување кои не се приклонуваат на ниту една религија, а функционираат многу подобро. ...тоа пошто никој никому не му се заканува на тие предавања...

Од друга страна, Јахве, Зевс и компанија, иако семоќни секој од нив посебно - слабо нешто со генетските интервенции! Лани за малку, ама затоа, годинава па ич!

...добро, ако не се рачувнаат идиотите кои се раѓаат чат-пат. Тука науката, ама ич не се труди... Мора да е Јахве за тие заслужен ;)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Проблем се и тоа голем, секој трет-четврт е со рак на дебело црево, на матка, на простата...недај боже да слушнеш. Милиони умираат во најстрашни маки, се мачат со години.
Кога си играме со природата.

Зашто нема лек ако според магазините и медиумите толку од човекот е совладан днк, гените..што според некои информации (на претходните страни) успеало и да се создаде днк?

И...што е тука проблемот?
Дека сакаш за 6 дена. Не е вистинскиот свет како во Библијата.

За да нешто ствано постигнеш треба да работиш.

Затоа зема време. Секој ден се открива нешто ново и се оди напред.

Само религијата влече назад.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Твое толкување гледам во сите твои постови, вклучувајќи го и тоа дека не треба да се толкува, а ако тоа го негираш тогаш едноставно ....
Разбирањето, толкувањето, читањето не е одземање на зборовите, не се плаши да го разбереш она што го читаш. Во спротивно се сведува на читање на кувар од прва до последна страница без да направиш во најмала рака една салата.
Таквото читање остави го за сите кои се заинтересирани а не верници, а ти како верник спротивно на обичните читатели треба тоа и да го разбереш.
Нема толкување.
Болдираното се однесува на размислување околу она што не е да се толкува, туку да се исполни.
А си болдирал само мал дел од напишаното што значи дека со подла намера сакаш нешто да докажеш. само ти си знаеш што...
Бидејќи Писмото не се само заповеди, туку има многу други работи,истории,случувања за кои може да се размислува.Не е секој збор таму насочен директно кон верникот туку има описи на разни настани и случки, се и сешто.
Книгата е една, се разликува од кувар и други книги по тоа што е божји збор и послание.

Откровение: 1:3
Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ок, но дали неговите убедувања се според верата или не, таков го најдов кога пребарував за овие експерименти. Најдов и од други лица критики кон овие испитувања, а дали се по убедување будисти или христијани, не знам и не навлегувам.
И не мислам дека е 6000 години (заправо за ваков став првпат слушнав на форумов), но не мислам и дека е толку милијарди, но...и нешто не ми менува и да е постара илипомлада во краен случај. Што би сменило во твојата -не-верба кон постоење на креација ако навистина се востанови и се признае грешка кај овие мерења?
Зошто да не ти се верува, неверување во нешто за што има докази е неразумно а неверување во нешто што нема докази е разумно. Најверојатно ништо нема да смени ако се докаже дека овие мерења се неточни (врло невероватно) зошто логички е земјата да е стара милијарди години, впрочем ако испадне дека овие мерења се неточни тоа би значело дека Земјата е уште постара а не помлада. Е сега ако по некое чудо се докаже дека Земјата е само стара 6 000 години тогаш најверојатно би се вратил во религијата и тоа христијанската.
 
Староста на земјата не ја поврзувам со верба во Бога, со вера кон нешто подобро отколку досега. Доколку се покаже дека е 6000 години...мислам дека нема затоа што се најдени списи и цивилизации од пред 10-12000 години. Но, пак да се повторам...тоа не менува ништо во моето верување.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ок, но дали неговите убедувања се според верата или не, таков го најдов кога пребарував за овие експерименти. Најдов и од други лица критики кон овие испитувања, а дали се по убедување будисти или христијани, не знам и не навлегувам.
Треба да се навлезе пред да се прифати.

Луѓето лесно влегуваат во замка да прифатат цврсти и радикални тврдења, токму поради тоа што се тие фантастични и ја скокоткаат нашата фантазија. Особено ако ни ги хранат очекувањата.

Затоа, на секоја информација најпрвин и' се проверува изворот и неговиот кредибилитет.

Луѓето лесто се наоѓаат во ситуација несвесно да шират дезинформации. Тоа, секако, не е грев.

Грев е да знаеш дека некој несакајќи лаже, а да не му кажеш дека греши.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Пак ќе повторам за оној кој не слуша и чита. Тоа Не ја менува мојата вера во Бога. Сосем доволно, иако не (кои патем се типично атеистички) сакам да навлегувам во туѓите извори на информации. Староста на земјата...беше до скоро некои милиони, сега е неколку милијарди. Што менува тоа во вашите животи? Во мојот ништо.
Зошто да не ти се верува, неверување во нешто за што има докази е неразумно а неверување во нешто што нема докази е разумно. Најверојатно ништо нема да смени ако се докаже дека овие мерења се неточни (врло невероватно) зошто логички е земјата да е стара милијарди години, впрочем ако испадне дека овие мерења се неточни тоа би значело дека Земјата е уште постара а не помлада. Е сега ако по некое чудо се докаже дека Земјата е само стара 6 000 години тогаш најверојатно би се вратил во религијата и тоа христијанската.
Ништо досега не е логично, само се заснова на теории, но нека биде...4.5 милијарди, само не знам што со тоа ќе постигнеш во вербата кон Богот на рисјаните. Очекувам за деценија да кажат друга бројка, но иако е прецизна механика", човечки е да се греши :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom