Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Денови ли се денови,
Вернички маки големи....

Абе остај ги шаторите кај што кампувал, дедо боже, може и мохито некое пиел украсено со шаторчиња.
Деновите дали биле 6? Ако во почетокот биле 6 дена нешто друго зошто 4000 год покасно не рачунале во истите такви денови (што и да биле)
Да не се повторувам. Што се 1 или 6 денови за голема сила која ствара светови?
Ако за 1 нуклеарка, за атомската сила е ништо да уништи цел град, за тој што го створил сето тоа е уште помалку да створи нешто и за 1 час. Но реков, твој е изборот дали ќе веруваш...но ми се чини дека темава пак ја грешите, прашања за атеисти...но ве интересира до детал христијанство. Но зашто пак со вакви детали -кој ден, во кој час ги создал тревките...на ниедно прашање во врска со постанокот на универзумите/или универзумот не ве прашав во 14-та секунда од почеток на времето каква била експлозијата и што точно се создало.

Дали човекот може да манипулира со днк (според премордијалната супа, сфатив дека се сложувате дека днк не му е проблем во денешницата) и дали во тој контекст може да го победи ракот и сличните болести кои се базираат на оштетување на репродукцијата на клетките?

--- надополнето ---

Книгата за Тито не е божја објава...
ццц...
Иако и тој беше едно од божанствата во бољшевичкиот пантеон, од 1917 на ваму.

Божјата објава е таа, или веруваш во неа или не.
Нема тука твое и мое право.
Има, слободна волја. Ти имаш и си избрал да си скептик према Библијата, јас имам и сум скептик према супата...Ако сакаш ти да веруваш, ќе веруваш. Ако сакаш да ја знаеш Објавата, треба да ја прочиташ и сфатиш, а за помош во толкувањето постојат свештеници.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да не се повторувам. Што се 1 или 6 денови за голема сила која ствара светови?
Ако за 1 нуклеарка, за атомската сила е ништо да уништи цел град, за тој што го створил сето тоа е уште помалку да створи нешто и за 1 час. Но реков, твој е изборот дали ќе веруваш...но ми се чини дека темава пак ја грешите, прашања за атеисти...но ве интересира до детал христијанство. Но зашто пак со вакви детали -кој ден, во кој час ги создал тревките...на ниедно прашање во врска со постанокот на универзумите/или универзумот не ве прашав во 14-та секунда од почеток на времето каква била експлозијата и што точно се создало.

Дали човекот може да манипулира со днк (според премордијалната супа, сфатив дека се сложувате дека днк не му е проблем во денешницата) и дали во тој контекст може да го победи ракот и сличните болести кои се базираат на оштетување на репродукцијата на клетките?

--- надополнето ---

Има, слободна волја. Ти имаш и си избрал да си скептик према Библијата, јас имам и сум скептик према супата...Ако сакаш ти да веруваш, ќе веруваш. Ако сакаш да ја знаеш Објавата, треба да ја прочиташ и сфатиш, а за помош во толкувањето постојат свештеници.
Кој ти кажал дека треба помош за толкување од свештеници?
Зошто Писмото не дава таква дозвола?
Со каков напор на вољата слободна го заклучи тоа?
Можеби затоа што не се дава на грешни и несовршени битија склони кон искушение да толкуваат нешто што не е за толкување.
Јасно си стои таму.

Денот не бил ден во Постанокот ама бил ден во сите други посланија...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Кој ти кажал дека треба помош за толкување од свештеници?
Зошто Писмото не дава таква дозвола?
Со каков напор на вољата слободна го заклучи тоа?
Можеби затоа што не се дава на грешни и несовршени битија склони кон искушение да толкуваат нешто што не е за толкување.
Јасно си стои таму.

Денот не бил ден во Постанокот ама бил ден во сите други посланија...
Можеби пишува, реков, треба да прашаш свештеник. Ти можеби ја толкуваш библијата според твои гледишта, можеби ја немаш простудирано (не "прочитано" пошто така по се изгледа добиваш парцијални слики)...кога земаш одредени цитати, најчесто се нецелосни и те водат погрешно. Али пак велам, ти си знаеш како и за што ја користиш. Дали ќе ја употребиш или злоупотребиш...текстот може да се испреврти (како случајот со Исус и љубовта кон родителите).

Зошто жителите на земјата си поигруваат со снага што не знаат да ја скротат?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57740-%D0%97%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81-%D0%B8-%D1%86%D1%83%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%88%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&p=4152824&viewfull=1#post4152824
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Можеби пишува, реков, треба да прашаш свештеник. Ти можеби ја толкуваш библијата според твои гледишта, можеби ја немаш простудирано (не "прочитано")...кога земаш одредени цитати, најчесто се нецелосни и те водат погрешно. Али пак велам, ти си знаеш како и за што ја користиш.

Зошто жителите на земјата си поигруваат со снага што не знаат да ја скротат?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57740-Земјотрес-и-цунами-во-Јапонија&p=4152824&viewfull=1#post4152824
Јас библијата не ја толкувам само читам што пишува таму.
А таму дозвола за толкување не е дадена никому.
Тоа што таква дозвола не постои не може да ме наведе на “толкување“ дека уствари постои.

Еремија: 27:16
И на свештениците и на сиот овој народ им реков: „Господ зборува вака: ‘Не слушајте ги зборовите на своите пророци кои ви пророкуваат вака: „Еве, садовите на Господовиот Дом скоро ќе бидат вратени од Вавилон.” Тие ви пророкуваат лаги.

Езекиел: 13:6
Нивните привиди се суетни, и лажни се нивните пророкувања. Зборуваат: ‘Господово слово!’ - а Господ не ги испратил. И уште чекаат дека ќе им се исполнат зборовите.

Откровение: 1:3
Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу.

22:9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”

22:19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.

Од ова појасно не може да биде.

Жителите на земјата не си поигруваат.
Ако некој работи на скеле и удри ветар...ќе падне а можеби умре.
Така и со нуклеарката.
Тие се ризиците...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Откровение: 1:3
Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу.

22:9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”
Прашање е дали слушаш и дали Му се поклонуваш на Бога. Дали тоа што ќе го прочиташ, го читаш и разбираш со срце или како роман, дали однапред имаш изградено одбивност и скептицизам кон тие текстови или не. Има разлика тојкатер, има. За да било што "прочиташ" треба прво да го примиш и сакаш Бог со срцето.

Една нуклеарка убива стотици илјади, уште една разлика. Дали со постојаното инсистирање на светските влади за нуклеарни централи се пробува да се уништи дел од светот? Очигледно не можат да ја совладаат огромната моќ која ја има природата.
Ако знаат да создадат днк и рнк, ако ги имаат (како што постојат информации) совладано повеќето гени, генетски материјал...зашто не знаат да се борат против ракот? Создавање е многу потешко од корегирање на материјалот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Али пак велам, ти си знаеш како и за што ја користиш. Дали ќе ја употребиш или злоупотребиш...текстот може да се испреврти (како случајот со Исус и љубовта кон родителите).
Што е испревртено во текстот за Исус и љубовта кон родителите? Кое е твоето толкување?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Што е испревртено во текстот за Исус и љубовта кон родителите? Кое е твоето толкување?
Го напишав претходно како претпоставка.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57055-%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5&p=4152992&viewfull=1#post4152992
Природното да не се стави пред Создателот.

--- надополнето ---

Како вели сатанизмот за љубовта кон својот ближен, кон родител, пријател, материјалното, моќта?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Прашање е дали слушаш и дали Му се поклонуваш на Бога. Дали тоа што ќе го прочиташ, го читаш и разбираш со срце или како роман, дали однапред имаш изградено одбивност и скептицизам кон тие текстови или не. Има разлика тојкатер, има. За да било што "прочиташ" треба прво да го примиш и сакаш Бог со срцето.

Една нуклеарка убива стотици илјади, уште една разлика. Дали со постојаното инсистирање на светските влади за нуклеарни централи се пробува да се уништи дел од светот? Очигледно не можат да ја совладаат огромната моќ која ја има природата.
Ако знаат да создадат днк и рнк, ако ги имаат (како што постојат информации) совладано повеќето гени, генетски материјал...зашто не знаат да се борат против ракот? Создавање е многу потешко од корегирање на материјалот.
Не можеш да го примиш Бог во срцето ако се сомневаш во она што го дал како Закон и послание кон нас, грешните.
Бидејќи таму е објавено се она кое служи на спасението.

Нуклеарна бомба убива стотици иљади.
Нуклеарните електрични централи даваат електрична енергија.
Едното е инструмент на уништување а другото не е.
А знаеш колку раја умира на работно место годишно или од последици на работа...накај 2,5 милиони...
Не ни смета да купуваме кинеска роба...прибидејќи е евтина, џебот не прашува дали неколку десетици иљади кинези умреле по рудници за да го ископаат металот или неметалот, колкумина црнчат ко робови во најцрни услови и се понижувани секојдневно, за да ние на крај имаме маица за 100 денари и мобилен за 999...

Не ќе да се нуклеарните електрани некој голем проблем...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Проблем се и тоа голем, секој трет-четврт е со рак на дебело црево, на матка, на простата...недај боже да слушнеш. Милиони умираат во најстрашни маки, се мачат со години.
Кога си играме со природата.

Зашто нема лек ако според магазините и медиумите толку од човекот е совладан днк, гените..што според некои информации (на претходните страни) успеало и да се создаде днк?

Не можеш да го примиш Бог во срцето ако се сомневаш во она што го дал како Закон и послание кон нас, грешните.
Бидејќи таму е објавено се она кое служи на спасението.
И...што е тука проблемот?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Проблем се и тоа голем, секој трет-четврт е со рак на дебело црево, на матка, на простата...недај боже да слушнеш.
Кога си играме со природата.

И...што е тука проблемот?
Причините се многу а и термоцентралите не се “чисти“ и предизвикуваат многу срања, само што тоа не е толку по медиумите...
Можеби ќе да е до економскиот систем?
А против него црквата ништо нема.

Мобилен за 999 денари е поштетен од ураниум.
Дел од ретките метали ги копаат деца во Конго (екс-Заир) и им сечат нога или шака по потреба.
Но нејсе...
Од радијацијата се плашиме пошто може и нас да не засегне, а смртта на милиони не не засега се додека има ефтина роба.

Нема проблем.
Само разговараме околу некои работи...
На пример тоа што теисти не постојат...
Постојат навивачи на некоја догма.

Инаку не би имало православни,протестанти,католици,хинду,сики,сунити,шиити,аум-шинрикјо,народен храм,јудејци,мормони...
А нив ги има.
Што значи дека ако некој е само теист т.е. верува или го љуби Бога, нема да му е важно ништо од горенаведените навивачки групи.
Но тогаш нема систем за идентификација на самиот себе со поголема група во чии рамки ќе се чуствува праведно и прифатено.
Loneliness comes knocking at the door...

knock,knock who`s there...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Го напишав претходно како претпоставка.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57055-%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5&p=4152992&viewfull=1#post4152992
Природното да не се стави пред Создателот.

И ти не би ги ставил своите најблиски на прво место?
Како вели сатанизмот за љубовта кон својот ближен, кон родител, пријател, материјалното, моќта?
Сакај го оној што ја заслужил твојата љубов, наместо да ја трошиш на безвредните, тука спаѓаат и родителите и пријателите. Што се однесува до материјалноста и моќта, ставот е се што те исполнува и ти нуди задоволство практикувај го и стреми се кон тоа, се разбира се додека со тоа не повредуваш некого без причина.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Epa Gospod kaj e? Aj ti kako objasnuvas? Zemjotresi Cunami bolesti koj e kriv? Covekot? Koj covek? Onie luge koi zaginaa vo zemjotresot, bebinjata od leukemija sto umiraat tuie li se krivi?? Ako ne e Bog Semokniot gospod koj samo dopusta??
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да не се повторувам. Што се 1 или 6 денови за голема сила која ствара светови?
Ако за 1 нуклеарка, за атомската сила е ништо да уништи цел град, за тој што го створил сето тоа е уште помалку да створи нешто и за 1 час.
Точно, да се уништи не ден туку и неколку минути се потрбни, но созадеш ни за 6 год не може да се создаде. И тоа од ништо како што тврдиш? Н-Е-В-О-З-М-О-Ж-Н-О
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Јас библијата не ја толкувам само читам што пишува таму.
А таму дозвола за толкување не е дадена никому.
Тоа што таква дозвола не постои не може да ме наведе на “толкување“ дека уствари постои.

Еремија: 27:16
И на свештениците и на сиот овој народ им реков: „Господ зборува вака: ‘Не слушајте ги зборовите на своите пророци кои ви пророкуваат вака: „Еве, садовите на Господовиот Дом скоро ќе бидат вратени од Вавилон.” Тие ви пророкуваат лаги.

Езекиел: 13:6
Нивните привиди се суетни, и лажни се нивните пророкувања. Зборуваат: ‘Господово слово!’ - а Господ не ги испратил. И уште чекаат дека ќе им се исполнат зборовите.

Откровение: 1:3
Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу.

22:9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”

22:19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.

Од ова појасно не може да биде.

Жителите на земјата не си поигруваат.
Ако некој работи на скеле и удри ветар...ќе падне а можеби умре.
Така и со нуклеарката.
Тие се ризиците...
Извини но јас во ниту еден извадок не наоѓам дена свесното прифаќање на напишаното преку размислување и толкување на истото е грев.
А знаеш што ми е најинтересно во целиот твој денешен настап? Тоа што ти тука го пишуваш е твое толкување на она што според тебе не треба да се толкува ... браво :)
И впрочем, неможе некој раскажувач на стари приказни да ти забрани да го толкуваш напишаното, затоа што самото пишување е негово толкување на случувањата. Записите на кои се повикувате ... извинете, ама не се пишувани од Бог ... пишувани се од луѓе, затоа и имаат грешки, затоа се и субјективни, затоа и ги има многу, затоа и се предмет на толкување.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Извини но јас во ниту еден извадок не наоѓам дена свесното прифаќање на напишаното преку размислување и толкување на истото е грев.
А знаеш што ми е најинтересно во целиот твој денешен настап? Тоа што ти тука го пишуваш е твое толкување на она што според тебе не треба да се толкува ... браво :)
И впрочем, неможе некој раскажувач на стари приказни да ти забрани да го толкуваш напишаното, затоа што самото пишување е негово толкување на случувањата. Записите на кои се повикувате ... извинете, ама не се пишувани од Бог ... пишувани се од луѓе, затоа и имаат грешки, затоа се и субјективни, затоа и ги има многу, затоа и се предмет на толкување.
Законот не допушта толкување.
Каде гледаш мое толкување?
Има само цитирање на она што пишува.

22:19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.
:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom