Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Се сомневаш во интегритетот на Писмото?!
Сметаш дека некој поп или “званичен“ толкувач може да проникне во тајните и заповедите божји подобро од самиот Бог чие Послание и Закон се јасно напишани и запишани?
Денот не е ден во постанокот, а е при воскресението?
И може, на пример, само у пола Религија да се верува и пак да бидеш верник. На пример, само во Новиот Завет...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не во луѓето, во нивната неукост. Дали сега ако некој спомене на тв одредена асторномска величина луѓето ќе знаат за што зборува? Не знам, само претпоставувам, но што е тоа битно поврзано со атеизмот?
Ако се луѓето неуки, а освен тоа и грешни како што ни пишува во Посланието, какво може да биде нивното толкување на Зборот Божји?
Исправно и точно?
Мики1 е попаметен од Бога?
Владиката Тимотеј или некој Кардинал?
Или прифаќаш како што е напишано или не.
Не може ова ми одговара, логично ми е еееееее супер...а ова пак не ми чини 21.век сме па остај...мора да е грешка,не мислел Бог така...

Со атеизмот,агностицизмот или некои други правци не е поврзано скоро ништо што го има на темава.
Но работата е во тоа што да се биде верник и тоа од некоја одредена конфесија мора да се исполнат одредени предуслови, на пример христијанот мора да го прифати Писмото како што е дадено.

Значи не правиме муабет за нечија лична перцепција за бог, бидејќи во тој случај тој не може да се смета себеси за христијанин...или од било која друга религија.
Точно и јасно се знае кои се условите, што Бог бара и захтева од човека за да стане дел од стадото божје.
Напишано е.

--- надополнето ---

И може, на пример, само у пола Религија да се верува и пак да бидеш верник. На пример, само во Новиот Завет...
Јас сум католик секоја втора среда во месецот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.813
Поени од реакции
12.304

Каков е тој шатор на небото поставен од Бог? Дали е шатор од шаторско крило? Дали ти ја читаш библијата буквално? Јас не би можел... Истите се поврзани помеѓу себе и честопати еден стих е неколкупати цитиран или објаснет од друг. Користени се мноштво стилски фигури и начинот на пишување е тој. Ако можеш во книгата за Тито да прочиташ дека зад него јава вреќа со коски кои крцкаат како ореви и да поверуваш дека навистина јава вреќа коски...ок :)

Затоа ти споменав толковник...или може да се консултираш и со свештеник во црква. Но нејсе, дури и да е ден, зарем тоа не го може Оној кој го створил сето ова? Таков одговор ќе добиеш и од други
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Каков е тој шатор на небото поставен од Бог? Дали е шатор од шаторско крило? Дали ти ја читаш библијата буквално? Јас не би можел...
Колку што е воскресението Исусово или шетањето на ерусалимските лешеви, толку е и шаторот небесен.
Или се е точно или ништо.
Зошто ако бог створил се што постои и тоа е логично, да не може да направи еден обичен шатор на небо!?

Затоа што е збор Божји,послание и Закон, се бара да се верува и исполни сето тоа, за да бидеме спасени и како праведници да ја залужиме милоста Божја и местото во рајот.

Другото е само навивање...за догмата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.813
Поени од реакции
12.304
Можеби, твое право да веруваш во тоа
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Каков е тој шатор на небото поставен од Бог? Дали е шатор од шаторско крило? Дали ти ја читаш библијата буквално? Јас не би можел...секој дел и сих се толкува и се размислува. Истите се поврзани помеѓу себе и честопати еден стих е неколкупати цитиран или објаснет од друг. Користени се мноштво стилски фигури и начинот на пишување е тој. Ако можеш во книгата за Тито да прочиташ дека зад него јава вреќа со коски кои крцкаат како ореви и да поверуваш дека навистина јава вреќа коски...ок :)
Денови ли се денови,
Вернички маки големи....

Абе остај ги шаторите кај што кампувал, дедо боже, може и мохито некое пиел украсено со шаторчиња.
Деновите дали биле 6? Ако во почетокот биле 6 дена нешто друго зошто 4000 год покасно не рачунале во истите такви денови (што и да биле)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И може, на пример, само у пола Религија да се верува и пак да бидеш верник. На пример, само во Новиот Завет...
Црковен совет е токму тој: првично читање на Новиот Завет, од проста причина: христијанството е новозаветна а не старозаветна вера. Но кој сака да има повеќе познавања, нека чита и Стар Завет и житија и богословска литература.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Можеби, твое право да веруваш во тоа
Книгата за Тито не е божја објава...
ццц...
Иако и тој беше едно од божанствата во бољшевичкиот пантеон, од 1917 на ваму.

Божјата објава е таа, или веруваш во неа или не.
Нема тука твое и мое право.

Секако,треба да се чита и размислува околу напишаното, да се слави Бог и да се восхитуваме на мудроста...но не и да бараме грешки и нелогичности каде што ги нема.

--- надополнето ---

Црковен совет е токму тој: првично читање на Новиот Завет, од проста причина: христијанството е новозаветна а не старозаветна вера. Но кој сака да има повеќе познавања, нека чита и Стар Завет и житија и богословска литература.
Каде во Писмото стои дека треба да се читаат житија и богослови за да се објасни она што не е дадено да се објаснува?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Каде во Писмото стои дека треба да се читаат житија и богослови за да се објасни она што не е дадено да се објаснува?
Еве де, и јас ја користам твојава логика и велам: каде е во Писмото запишан рецептот за сарма од свинско месо, завиткана во лозов лист?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Црковен совет е токму тој: првично читање на Новиот Завет, од проста причина: христијанството е новозаветна а не старозаветна вера. Но кој сака да има повеќе познавања, нека чита и Стар Завет и житија и богословска литература.
Пак си се збунил, Мики.

Нема Нов Завет без стариот. Не е ова ВМРО, па да го брише СДСМ и обратно. Во вториот дел Исус јасно и гласно кажува што е договорот.

Знаеш, ваљда, што е договорот што си го склучил со Јахве, така?

Пошто таму внатре пиши дека е ного зајебано ако не си разбрал што е што у книгата. Знаеш дека нема „набадање“ у Библијата.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Еве де, и јас ја користам твојава логика и велам: каде е во Писмото запишан рецептот за сарма од свинско месо, завиткана во лозов лист?
Сармата е од рогатиот...

Секако дека не пишува за сармата како што не пишува ништо за Австралија или Америка.
Не правиме муабет за тоа што го нема туку за она што го има.
А за она што го ИМА јас те прашав каде е дозволата божја за толкување и тумачење ?
Она што го има - го има,јасно е дадено и напишано и не смее да се толкува туку да се исполни.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
После ќе мрчите дека Господ у ствари дозволил човекот да создаде живот во лабораторија.

Brraos!:helou:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема Нов Завет без стариот.
Тоа го имам напишано неколку десетици пати на форумов...

--- надополнето ---

Знаеш, ваљда, што е договорот што си го склучил со Јахве, така?
Највероватно...

--- надополнето ---

Знаеш дека нема „набадање“ у Библијата.
И ја така би гласал...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom