Ако не ти се дискутира, не ме ни критикувај, не ме оценувај...ако ти се дискутира не плачи и продолжи. Или секој муабет со повеќето кои се косат со тебе го завршуваш вака? Чорбаџија, Мики, Мандрак...сите ги испогани.
Значи ако продолжуваш, одговори ми како е можно толкава омраза да постои во тебе кон некој/било кој верник (постои, низ сите теми...да не се навраќаме, цели страници со плукање, генерализирање и стереотипи)? Ако постои таква омраза овде на форум, дали ти ги бираш пријателите во животот според верата?
Дали човек смее да верува во нешто во кое ти не веруваш? Дали ти тоа забрануваш некој да верува во Бог низ сите овие теми? Дали се храниш со вечита омраза и навреди?
Ако пак не ти се продолжува со дискусија...заборави на овие прашања, но те молам за воздржување од квалификации.
Елементарна култура во секоја дискусија е да се затворат работите кои се поминати. Кога некој ти прави лице дека искрено дискутира, а потоа подмолно те „вози“ низ дискусијата и не дозволува затвореното да остане затворено, тоа, Лурц
нервира.
Јас не го трошам моето време за да ти си играш жмурка со мене. Знам дека си умен и интелигентен (исто како Чорбаџија) и знам дека имаш капацитет да ги разбереш аргументите кои ти се нудат како објаснување. Исто така, знам дека некои работи ги донесовме до крај (будизам, филогенетско дрво, фосили, старост на земјата, тазе експерименти во полето на абиогенезата...). Кога некој се навраќа на затворените муабети тоа значи дека е (1) глупав и не разбира или (2) злонамерен и не фер.
Јас знам дека ти не се водиш под (1). Другата алтернатива е извесна.
Овде ти се претставуваш како човек кој е разбран и
кој сака да разбере. Ти ги експлоатираш нашите напори и време без да им дадеш должна почит и признание.
Околу омразата:
Јас не ги мразам верниците. Веќе 100 пати напишав зошто дискутирам тука. Мислам дека и ти си го прочитал тоа, пошто стои постот на секоја тема на која пишувам.
Во приватниот живот јас не го потегнувам прашањето на религиозна припадност, поради тоа што сум доволно возрасен и учен да знам дека не може да се донесе до крај. Овде, од друга страна, станува збор за пишана дискусија, каде
се' останува запишано и може да се повика како доказ/аргумент.
Мислам дека ќе се сложиш дека по втор пат овие неколку месеци нашиот разговор еволуираше низ различни фази. Ако не си свесен за тоа - можеш да го провериш. На почетокот бевме многу коректни и дисциплинирани - би рекол пријателски настроени. Тоа што сега не ни е таков муабетот може лесно да се протолкува зошто
бидејќи е запишано на темава.
За секоја моја споделена емоција има причина зошто е таква. Ако нешто тии смета, можеш да го провериш.
Ако некоја квалификација ти пречи и мислиш дека не е на место, можеш слободно да ја истакнеш, па да ја елаборираме и да ја најдеме нејзината генеза во нашата (моја и твоја) дијада на овој форум.
Секој заслужува почит, Лурц, но само до онаму до каде
не те прави будала пред другите.
Јас стварно мислам дека ти тоа се обидуваш да го направиш на овие 2-3 теми. Да направиш будали од луѓе кои тоа не се. Речникот и квалификациите се сосем небитни. Во комуникацијата
суштината е она кое е важно - формата е споредна, и барем за мене, сосем небитна.
Ако сакаш да дискутираш, треба да ги следиш договорените правила на дебата. Аргумент-контрааргумент-заклучок.