Колку што јас разбирам, од постов би рекол дека тврдиш:
1. 4.5 Милијарди години геолошко време, у ствари, може се 6000 години (колку што е денес „година дена“). Ако е ова точно, тогаш диносаурусите биле пред колку, 300-400 години? А камбриумската експлозија некаде пред 4-5000? (овака сметам дека оди пропорцијата отприлика) Претпоставувам дека разбираш за што зборувам. Ако не, ќе објаснам.
Тие 4,5 милијарди години се создавањето и времето пред прародителскиот грев. И како што реков тешко мерливо е тоа време поради неконтинуираноста на протекот на време. 6-7000 години се после прародителскиот грев, односно „пробудувањето“ во овој свет. Диносаурусите се во времето пред потопот. Во времето на дивовските луѓе кои живееле заедно со диносаурусите. Ако си ја читал Библијата знаеш за тоа предпотопско време. Тоа се оние кои живееле во друг концепт на населби внатре во пирамиди кои се најдуваат низ целата планета. Затоа и се најдуваат толку пирамиди, затоа и во некои места има одлично исцртани тродимензионални слики, во време кога луѓето би требало да бидат крајно примитивни.
2. За филозофскиот пристап кон бог. Мене исто така ме фасцинира феноменот на позитивно размислување, ментална визуелизација и проекција во иднината. Ова се феномени кои се потврдени од многу луѓе, а ниту јас не сум исклучок. Овие медитативни техники се познати илјадници години и применетата психологија ги третира во НЛП (Неуро-лингвистичко програмирање). Неодамна беше многу популарна The Seceret со комерцијализираниот концепт на Законот на привлекување (The Law of Attraction). Како што претпоставуваш, овие техники се вонрелигиски и панрелигиски. Иако, нели, различните религии имаат различни Богови.
Дали си размислил дека ако има еден Извор Бог, Неговата енергија се простира низ целото создание. Така човечка концентрацијата и на одделен дел од созданието повлекува од божествената енергија и може да даде неверојатни резултати. Така и еден шаман кој верува во тотем може да достигне левитација или нешто друго надприродно. Но тоа ја докажува само силата на секоја твар во која пребива дел од божествената сила. Сепак највисокиот извор е чист, без примеси и единствен без негативни нус појави. Сите други надолу покрај Божјата енергија носат и отров. Така она кое го даваат истовремено лекува, а всушност разболува. Сега може ти е јасно и зошто бајачите може да имаат некои чудни способности, ама зошто Црквата не ги признава. Само Бог е целосно чист извор кој ги дава и задоволува вистинските потреби, другите колку повеќе се користат толку ефектот намалува, а отровот се зголемува.
Ова кажува дека феномените за кои зборуваш се психолошко-кинетички по природа и не се никаков доказ или аргумент во постоењето на Бог. Напротив, сеуште скромните научни толкувања на овие појави покажуваат дека постојат рационални начини да се постигнат кои не неопходно мора да бараат следење на религиски живот.
Толку долго науката ги испитува овие феномени и никако да ги укапира. Целосно е збунета, ене погоре ти ја ја разјаснив сликата.
Или, за наједноставно: Не мора да си верник за да можеш да ги постигнеш овие состојби или ефекти во окружувањето.
Надвор од побожноста овој ефект е многу помалку присутен. Според Православното учење, Светиот Дух дише каде што сака. Светиот Дух не е ограничен само на православните верници. Неговите плодови ги има и меѓу неверниците. Така Св. Василиј вели дека низ делата на античките писатели има провејувана на сознанија дарувани од Светиот Дух, но тоа е со многу мала концентрација. Но Светиот Дух не делува на страната на една „вистина“ доколку е во ситуација на колизија со поголема вистина. На таков начин би требало да се реши твоето прашање подолу.
Нема причини ова да му се припишува на религиски Бог. Кој и да е од тековните 5.000 на планетава.
Таму каде што е најприсутно таму таа вистина е најголема. Ако за време на литургијата, помогната со исчистена линосна состојба преку постот и придружено со молитва доаѓа до проширување на свесноста. Многу јасно за оној кој го доживува. После подолга усрдна молитва, доаѓа до преобразба. Луѓето не се чувствуваат само како објекти туку како живи, зборовите се осмислени, околината се чувствува многу поживо. Таков ефект интелектуалното знаење не постигнува. Експериментирај и испробај. Веднаш во себе се доаѓа до сознание дека оживувањето не произлегло од некаква техника, туку е дојден поради духовен допир со друг осветувачки Дух.
Тоа е проблем кој атеизмот не успева ни да му текне на ум. Затоа првпат го читаш. Затоа што на атеистички ум не би му дошло на ум да сфати дека за да имаме слобода на одлучување мора истовремено да има и детерминираност и недетерминираност иако и двете се исклучуваат. Ако има само детерминираност тогаш ние сме во механизам каде сите наши избори се предодредени и не можеме да сториме нешто друго од она кое сме. Ако има недетерминираност, тогаш не би имало ни наука, ниту би можело да се одреди било што во иднина. Впрочем не би можел ни светот да постои. За да има СМИСЛА ова постоење потребно е истовремено настаните да се детерминирани (законите) од причините и да се недетерминирани од било која причина. Иако се исклучуваат, потребни се истовремено. Одговор на овој проблем на постоењето дава само БОГ како фактор кој ја менува линијата на неизбежната законитост.
А за слободна воља...
„Има готов план, ама не е готов, а ние не можеме да направиме ништо непрограмирано, ама можеме
Што се вели во христијанското учење. Ние немаме сила, но имаме право на избор. Значи битна е нашата номинална одлука, а Бог е тој кој ја побудува силата во нас и во тековите надвор од нас за промена на правецот на настаните, тогаш кога од Него е побарано да земе учество во промена на настаните - молитва.
и во едното и во другото тврдење воведуваш „надворешен фактор“ за да се задржи логика, а тој фактор е БОГ, истиот фактор кој се обидуваш да го докажеш?!?
Ајде дај одговор, како материјалната наука ќе ја избегне судбината на детерминираноста, и ќе воведе можност за измена ослободена од претходни причини кога учи дека се е причинско-последично. Сите наши избори се предодредени. Може ли некој да стори нешто кое тој нема да го стори. Може ли некој да стане нешто друго од она кое што е. Може ли некој да биде друг материјал различен од оној материјал кој е.
Во христијанството се вели дека да може, ти објаснив како и преку Кого.
За такво нешто е неопходен надворешен фактор, а ниеден друг фактор освен Бог не може да биде надворешен. Затоа што секој друг фактор кој би се замешал во причинско-последичната линија си има СВОИ ПРЕТХОДНИ ПРИЧИНИ што значи не вовел ништо ново туку е и тој дел од причинско-последичната линија. Нема излез. Макар и нов универзум да влијае на некој настан внатре во овој, тоа станува поради одредени причини: како дошле до контакт и претходните причини на тој универзум кои ќе се замешаат во новиот. НАДВОРЕШЕН ФАКТОР МОЖЕ ДА БИДЕ САМО БОГ. Само Бог е независен кој не прима влијание и како сеприсутен во постојното секаде „тивко и неосетно“ го менува текот на настаните.
Ова, мислам дека се вика
циркуларна логика и е една од основните логички грешки. Кога ваквата логичка грешка ќе остане незабележана од умот, тогаш сите останати надградби над идејата ќе бидат логички фалични.
Мислам поради несакање да речеш за ова треба да се размисли се префрли на празнословие.
Тоа е исто како со:
1. Библијата е збор божји!
Од кај знаеш дека е збор божји?
2. Епа пишува во Библијата.
Ама зашто веруваш во Библијата?
3. Библијата е безгрешна!
Како знаеш дека е безгрешна?
1. Библијата е збор божји!
Тоа е протестантската линија на докажување затоа што тие немаат развиено теолошко учење и точно е се вртат во редудантен циклус. Православната теологија учи дека Бог се докажува насекаде, само треба да се видат работите низ неговиот поглед на нештата. Најсилниот доказ е интегралниот доказ. Тоа е концептот. Тој концепт е изложен во Библијата, докомплетиран со Преданието. Ако концептот е складен тогаш тоа учење е исправно. Ако концептот има внатрешни контрадикторности тогаш не е исправен. Концептот на христијанството дава глобален одговор од космогониски, антрополошки, филозофски и било кој аспект одеднаш. Концептите на атеизмот, пример еволуција имаат голем број на внатрешни контрадикторности. Тоа докажува еволуцијата независно од тековни емпириски сознанија не може да е исправна замисла. Секое емпириско сознание се толкува, инаку не се ни смета за научно обработено. Правилниот концепт ќе го внесе емпириското сознание на вистинското место, погрешниот концепт го става на погрешни места во витрината и после се судираат меѓу себе. После постојано ги преместува и поправа и си вели сега знам, ама пак нешто ново иде и пак преместува и така до бескрај. За контрадикторностите на еволуцијата има доста да се пишува, затоа во друга прилика, сега одговори ми на болдираното прашањето погоре!