Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
F

Frankie Yale

Гостин
А кое е твоето верување? Само немој да ми кажеш дека веруваш во самиот себе, оти тоа би бил апсурд на здравиот разум...
Atheism - The denial of the existence of God or gods.

Existential nihilism - Part of nihilism that argues that life has no intrinsic meaning or value. With respect to the universe, existential nihilism posits that a single human or even the entire human species is insignificant, without purpose or higher goal.

П.С. Ова не се верувања...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хммм, значи, веруваш т.е. прифаќаш дека нашево живеење е чиста случајност, која нема своја посебна смисла, а уште помалку некоја повисока цел од простово механичко живеење?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Хммм, значи, веруваш т.е. прифаќаш дека нашево живеење е чиста случајност, која нема своја посебна смисла, а уште помалку некоја повисока цел од простово механичко живеење?
Да, се околу нас налага на тоа.

Евреите - Ние сме избраните луѓе на ГОСПОД! Ајдеее Холокауст 6 милиони... A Хитлер во меѓувреме преживува 42 атетанти. Кај е нивниот Господ?
Муслиманите - Нас Алах не создал! зошто тогаш бара сунет кај секого? И така натака има милиони примери за секого...

Премногу случајни работи се случуваат во светот, добри работи на лоши луѓе, лоши работи на добри луѓе итн. А оправдување на верниците и поповите? God works in mysterious ways!

Но ова е само почеток на проблемот,

Зошто нашиот живот би требал да има смисла и зошто ние да сме толку посебни? Прво појди од тоа колку е всушност голем универзумот и како би можел ти да веруваш дека некојси бог го создал само за нас луѓето! Каква вообразеност, нашата планета во споредба со универзумот е како зрно песок во пустина, буквално... Па утре целата земја да ја снема, нема никаква разлика да направи. Колку е безначајна нашата земја а не ние кои што сме само уште еден вид кој ја населува. Нашата самобендисаност и вообразеност не тера да го мислиме тоа "ние сме посебни има бог кој не сака и се грижи за нас и само за нас".

Мислам дека секој атеист е делумен нихилист, особено егзистенцијален нихилизам a и морален нихилизам зошто нашите вредности не се поставени од некоја виша сила. Тие вредности немаат фундaментални основи зошто ние сами ги поставуваме.

Moral nihilism, also known as ethical nihilism, is the meta-ethical view that nothing is moral or immoral. For example, a moral nihilist would say that killing someone, for whatever reason, is not inherently right or wrong. This view can lead to amoralism.

Библијата вика не убивај! Најголем грев! Се казнува со пекол! Освен ако не е во името на господ или пак ако си војник, полицаец или е во самоодобрана. Сфаќаш што сакам да ти кажам?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Хммм, значи, веруваш т.е. прифаќаш дека нашево живеење е чиста случајност, која нема своја посебна смисла, а уште помалку некоја повисока цел од простово механичко живеење?
Нашето постоење е спет на околности кои дозволиле хомо-сапиенсот да дојде до ова скалило на својот развој. Ние сме незамисливо мал дел од сите животински и растителни видови кои во овие 5 милијарди години живееле на оваа планета. Набрзо (во геолошки рамки) ќе не нема. Ќе не' фукне некој астероид - ја за 5, за 100 или за 50.000 години. Кај и да е.

Повеќе од 99% (деведесет и девет проценти) од живиот свет кој постоел на оваа планета е ИСТРЕБЕН!!! во некоја од претходните 5 глобални катаклизми.

Човекот, ставен во овој муабет, претставува 0,0000001% од животот на земјата!

И ти мислиш дека си посебен?!?! Мислиш дека си еволутивен пик!?!? Мислиш дека оваа планета некој си господ ја створил за да ти постоиш?!?!?

Арогантно, инфантилно и суетно тврдење. СРАМОТА Е ВОЗРАСЕН ЧОВЕК ДА РАЗМИСЛУВА ВАКА!!!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не биди неразумен. РОДИТЕЛОТ НЕ ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО. КОЈ Е ТОЈ РОДИТЕЛ КОЈ МОЖЕ ДА ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО? Не тропај глупости.


БОГ НЕ Е ЧОВЕК, па да размислува како човек. Божјите патишта не се твои патишта.

Ти си како тревата во полето. Ќе изгрее сонце и ќе ја исуши, од тебе нема да остане ништо. И тогаш ќе ја видиш Вечноста. Твојот Сатана, твојот Луцифер се тие кои ја убиле твојата мајка, твојот татко, тебе. Не се занесувај дека славејќи го Сатаната, ти не правиш штета на твоите околу тебе. Правиш и тие трпат, а поради твојата горедливост, можат и да умрат. Сатаната те влече за нос, како вол за алка, но тебе тоа ти се допаѓа, живеејќи во илузија дека си слободен. Но врзан си дечко. Врзан си за Сатаната. Бегај додека имаш време, и гледај да бегањето не биде во празник или недела.

Напротив! Неразумен е оној што слепо прифаќа се што ќе му кажат без да преиспита, што е идентична ситуација кај верниците!
Јас на заканата од било кој и било што гледам со презир! Вие и покрај очигледните аргументи, отфрлате се што не ви одговара и после не обвинувате нас за неразумност! Докажавме дека ликот на Јахве во вашата библија лаже, им ја ускратува способноста на луѓето да распознаат добро и зло, се поставува како безмилосен деспот, казнува, проколнува, уништува.....и на крај доаѓа како човек кој ни порачува дека е благословено да си беден, понизен.....дека гордоста е грев, дека треба да го сакаме непријателот:toe: Што има овде разумно кажи ми?! Ако се повикуваш на разумноста тогаш не ти треба генијалност за да видиш дека тие услови кој му се поставени на човекот, се идеални карактеристики на послушен роб! Карактеристики кој секој робовладетел ги посакувал и ги посакува! Но ако веќе знаеме дека овој бог во самиот старт ги лаже луѓето и им го сокрива сознанието да распознаваат добро и зло, тогаш како да знаеме дека ни сака добро? Зошто добар бог не би сакал неговата креација да прави разлика помеѓу добро и зло? Ако сум јас добар, каде е разумноста на останатите да им ја сокријам способноста да распознваат добро и зло?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Слушај ме внимателно: Некој кој е бесмртен, Вечен;
Кој си ти, тебе да ти дава отчет? Ти кој денес си, а утре не си? Зарем тебе да ти полага сметка? Како ќе го натераш да те слуша? Зарем мислиш дека со тоа што ќе дадеш изјава Јахве лаже, се љути, напаѓа и осудува, нешто си му направил, на Оној кој не умира, кој е Вечен?
Зарем не ја гледаш својата заблуда, Вечноста да биде потчинета, да биде во служба на конечноста. Неразумна логика.
А сега прашањето: Дали Вечноста е должна нешто на конечноста?
Што Бог тебе ти должи?
Абе, верник, н ли знаеш со кого правиш муабет!?!? Јас сум АТЕИСТ!!! Кој дел не ти е јасен од зборов?!?! Кои ти се овие глупави прашања?

Господ НЕ ПОСТОИ!!! Нема ништо бесмртно во универзумов! Све што се родило - ќе умре. Све што е мртво - нема да оживее.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според муабетов за "Луци" и неговата невина улога (како што се сака да се прикаже со дузината убиени и нелажењето) излегува дека според Светите записи сатаната е добар и сторил само добрини... интересно. Дали ова е знак за сатанисти прикриени зад завесата на атеизмот? Пошто премногу се спомиња тој Луцифер како нечиј бог и "сесодржател на доброто".
Секако чест на исклучоците.
И за време на подемот на Хитлер во нацистичка германија сите го гледале фирерот како светец! Милиони германци во него гледале херој!
Индоктринацијата и особината на луѓето слепо да прифаќаат одредени факти како вистина кога доаќаат од некој што за нив е позитивен афторитет, е клучна за прифаќањето на нештата како вистинити, морални и вообичаени!
Луцифер за многумина, вклучително и за мене е симбол на непокорот, гордоста, стремежот кон мудрост и интелектуална моќ!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, се околу нас налага на тоа.

Евреите - Ние сме избраните луѓе на ГОСПОД! Ајдеее Холокауст 6 милиони... A Хитлер во меѓувреме преживува 42 атетанти. Кај е нивниот Господ?
Муслиманите - Нас Алах не создал! зошто тогаш бара сунет кај секого? И така натака има милиони примери за секого...

Премногу случајни работи се случуваат во светот, добри работи на лоши луѓе, лоши работи на добри луѓе итн. А оправдување на верниците и поповите? God works in mysterious ways!

Но ова е само почеток на проблемот,

Зошто нашиот живот би требал да има смисла и зошто ние да сме толку посебни? Прво појди од тоа колку е всушност голем универзумот и како би можел ти да веруваш дека некојси бог го создал само за нас луѓето! Каква вообразеност, нашата планета во споредба со универзумот е како зрно песок во пустина, буквално... Па утре целата земја да ја снема, нема никаква разлика да направи. Колку е безначајна нашата земја а не ние кои што сме само уште еден вид кој ја населува. Нашата самобендисаност и вообразеност не тера да го мислиме тоа "ние сме посебни има бог кој не сака и се грижи за нас и само за нас".

Мислам дека секој атеист е делумен нихилист, особено егзистенцијален нихилизам a и морален нихилизам зошто нашите вредности не се поставени од некоја виша сила. Тие вредности немаат фундaментални основи зошто ние сами ги поставуваме.

Moral nihilism, also known as ethical nihilism, is the meta-ethical view that nothing is moral or immoral. For example, a moral nihilist would say that killing someone, for whatever reason, is not inherently right or wrong. This view can lead to amoralism.

Библијата вика не убивај! Најголем грев! Се казнува со пекол! Освен ако не е во името на господ или пак ако си војник, полицаец или е во самоодобрана. Сфаќаш што сакам да ти кажам?
Еве еден прост пример: имаш една, да речеме, пластична (или било каква) коцка, која стои на маса. Ти ја туркаш коцката од масата и таа паѓа на подот. Се работи за очигледен и крајно прост механички настан. И сега, ако Ти си набљудувачот од страна, кој го гледа тој настан, како Ти, како разумно битие, ќе го опишеш овој настан? Се работи за проста механика, и сега, ако треба да го оцениш настанов, како тоа ќе го сториш? Што значи паѓањето на коцката на подот? Што битно се случило? Која е поентата, која е логиката. која е смислата и конечно, која е целта на тој пад од коцката врз подот?

Еве еден троа посложен, но сепак механички настан. Имаш Сонце, и околу него се „вртат„ сите планети. Што е поентата од тоа „вртење„ на планетите околу Сонцето? Со која цел се „вртат„? Што ако се вртат а што ако не се вртат? Што е разликата меѓу тие две состојби?

Еве уште еден посложен пример. Имаш атом, и електроните се „вртат„ околу атомското јадро, следејќи ги енрегетските нивои: орбити и орбитали. Која е смислата на тоа „вртење„ на електроните околу јадрото од атомот?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кој ќе ја изврши таа казна, и кој не извршил НИЕДНО ЗЛО ЗА ВРЕМЕ НА СВОЈОТ ЖИВОТ, и кој ќе остане жив?
Законите на државата, или во екстремна варијанта (ако непостои општествено уредување) поединецот на кој му е нанесено зло!
Која е казната за најстрашното зло? Кој е судијата и кој е извршителот? По кој закон злото постои и што е зло?
Непостои "најстрашно зло", затоа што за различни луѓе, различни нешта се "најстрашни"! За некого е најстрашно да му ја украдат колата, за некој друг најстрашно е да изгуби некој близок и сакан... за некој пак е најстрашно да пропушти епизода од "кога лисјата паѓаат":pos2:! Тоа е релативна работа. А кој е законот?! Законот е оној кој сите го имаме во нас, ако некој те почитува и сака возврати му со почит и љубов, ако те повреди повреди го и ти него! :toe:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Тикви, ова прашање не е за овде, не е за христијаните. Али еве ДМТ е тука па да прашам -практикување јога е дел од религија или не?

Ако не е зашто многу ствари се имплементирани од хиндуските религиозни филозофии?

Ако е, како е можно атеист, христијанин (било кој), муслиман (било кој), евреин или друг да оди на јога која во глобала ги има хиндуските религиозни учења? Да оставиме настрана стречинг енд хелти лајфстајл...се работи за филозофијата зад јогата.
Сите тајни лежат позади Vedanta.
Станува збор за многу напредна "наука"(морам да ја крстам некако).
Бај д веј не е наследство на оваа цивилизација, тоа е од некое друго време.
Ако Луцифер и дал нешто на Ева тоа е ова.
Само прашањето е кој е кој, дали Јахве е добриот или лошиот.
Инаку јогата нити сум ја практикувал нити намеравам, се е тоа мајнд гејм.
Мене ме интересира ултимативната вистина, ова тело не со јога со што сака нека е
толку му се капацитетите така да не сум се бафтал со ова.
Инаку јогата е чиста наука, благе везе нема со ѓаули, демони или религија.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Напротив! Неразумен е оној што слепо прифаќа се што ќе му кажат без да преиспита, што е идентична ситуација кај верниците!
Јас на заканата од било кој и било што гледам со презир! Вие и покрај очигледните аргументи, отфрлате се што не ви одговара и после не обвинувате нас за неразумност! Докажавме дека ликот на Јахве во вашата библија лаже, им ја ускратува способноста на луѓето да распознаат добро и зло, се поставува како безмилосен деспот, казнува, проколнува, уништува.....и на крај доаѓа како човек кој ни порачува дека е благословено да си беден, понизен.....дека гордоста е грев, дека треба да го сакаме непријателот:toe: Што има овде разумно кажи ми?! Ако се повикуваш на разумноста тогаш не ти треба генијалност за да видиш дека тие услови кој му се поставени на човекот, се идеални карактеристики на послушен роб! Карактеристики кој секој робовладетел ги посакувал и ги посакува! Но ако веќе знаеме дека овој бог во самиот старт ги лаже луѓето и им го сокрива сознанието да распознаваат добро и зло, тогаш како да знаеме дека ни сака добро? Зошто добар бог не би сакал неговата креација да прави разлика помеѓу добро и зло? Ако сум јас добар, каде е разумноста на останатите да им ја сокријам способноста да распознваат добро и зло?
Твојата неразумност е во следново:
1,- Нарцизмот пријателе, нарцизмот кој ќе те убие. Толку си заљубен во себе си, што не ја гледаш убавината на светот која ти ја претставувам. Можеби еден ден ќе се скрши огледалото, па ќе се рабидуш, можеби...

2,- РОДИТЕЛОТ НЕ ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО. КОЈ Е ТОЈ РОДИТЕЛ КОЈ МОЖЕ ДА ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Твојата неразумност е во следново:
1,- Нарцизмот пријателе, нарцизмот кој ќе те убие. Толку си заљубен во себе си, што не ја гледаш убавината на светот која ти ја претставувам. Можеби еден ден ќе се скрши огледалото, па ќе се рабидуш, можеби...

2,- РОДИТЕЛОТ НЕ ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО. КОЈ Е ТОЈ РОДИТЕЛ КОЈ МОЖЕ ДА ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО?
Кој е тој што го создал ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Твојата неразумност е во следново:
1,- Нарцизмот пријателе, нарцизмот кој ќе те убие. Толку си заљубен во себе си, што не ја гледаш убавината на светот која ти ја претставувам. Можеби еден ден ќе се скрши огледалото, па ќе се рабидуш, можеби...
Кај виде ти нарцизам кај мене? Дали јас кажав нешто од типот: "Немајте друг што ќе го читате на форумов освен мене"? Дали реков "само јас сум вистината и патот"? И кажи ми патем, дали богот на кој му се молиш, рекол нешто слично!
Јас не сум заљубен во себе, туку неприфаќам лицемерие, неразумност и закани! Мене не ми треба семоќен и суров бог да ми се заканува со пекол, за да бидам човек! Кога јас некого сакам, почитувам и прифаќам, го правам тоа затоа што јас така сакам....затоа што се чуствувам добро, а не заради награда или закана!
2,- РОДИТЕЛОТ НЕ ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО. КОЈ Е ТОЈ РОДИТЕЛ КОЈ МОЖЕ ДА ГО СОЗДАДЕ ДЕТЕТО?
Е кој го создаде? Штркот да не ги носи можеби?:toe:
 
F

Frankie Yale

Гостин
Еве еден прост пример: имаш една, да речеме, пластична (или било каква) коцка, која стои на маса. Ти ја туркаш коцката од масата и таа паѓа на подот. Се работи за очигледен и крајно прост механички настан. И сега, ако Ти си набљудувачот од страна, кој го гледа тој настан, како Ти, како разумно битие, ќе го опишеш овој настан? Се работи за проста механика, и сега, ако треба да го оцениш настанов, како тоа ќе го сториш? Што значи паѓањето на коцката на подот? Што битно се случило? Која е поентата, која е логиката. која е смислата и конечно, која е целта на тој пад од коцката врз подот?

Еве еден троа посложен, но сепак механички настан. Имаш Сонце, и околу него се „вртат„ сите планети. Што е поентата од тоа „вртење„ на планетите околу Сонцето? Со која цел се „вртат„? Што ако се вртат а што ако не се вртат? Што е разликата меѓу тие две состојби?

Еве уште еден посложен пример. Имаш атом, и електроните се „вртат„ околу атомското јадро, следејќи ги енрегетските нивои: орбити и орбитали. Која е смислата на тоа „вртење„ на електроните околу јадрото од атомот?
Aххх, цел есеј напишав па по грешка пуштив јутуб и ми се изгуби.
Ај од почеток сеа :(

Првиот пример: Безвезен, зошто паднало и која е целта на паѓањето на предмет кој јас сум го бутнал?!

Вториот пример: Закон за гравитација, природен закон - помалите се привлекувани од поголемите како Месечината од Земјата, Земјата од Сонцето и Сонцето од центарот на галаксијата (масивна црна дупка). Докажано, ова секогаш создава кружно и елиптично движење.

Третиот пример: Професор не сум ама колку што се сеќавам електроните се вртат околу јадрото поради електростатичната сила која ја има јадрото. Уште еден природен закон...


Погрешни прашања поставуваш, поради тоа што си убеден дека се мора да има цел и ги перцепираш сите објекти како свесни суштества. Која е целта на вртењето на Сонцето? Дали се врти од досада или зошто Господ така сака? Не, се врти зошто тоа е несвесен објект создаден од хелиум и хидроген преку фузија на гасови се и ги привлекува другите објекти поради законот на гравитација.
http://wiki.answers.com/Q/What_is_the_Sun_made_of
И ајде прашај ме која е целта на сето тоа...

Ако универзумот постои само 6,000-10,000 години како тогаш стига светлина од ѕвезди оддалечени милиони светлосни години?
Земјата е приближно 93 милиони милји оддалечена од Сонцето. На светлината од сонцето и треба приближно 8 минути да стигне што значи дека Сонцето е одалечено проближно 8 светлосни минути од Земјата
Ако ѕвезда оддалечена 1 милион светлосни години, тоа значи дека на светлината на таа ѕвезда и треба 1 милион години да стигне до Земјата што значи дека светлината од таа ѕвезда што ја гледаме денес е стара 1 милион години.
Дали сметаш дека Господ ова го прави за да се подјебава со нас или ова е само тест?

Најверојатно се прашуваш а кој ги создал тие природни закони и која е нивната цел зошто умот на верникот е ограничен на "нешто мора да произлезе од нешто друго". Toгаш кој го создал Господ? Ако кажеш тој отсекогаш постоел тогаш зошто универзумот е стар само 10,000 години според Библијата или 13.7 милијарди години според науката. Му се здосадило ли? По ова и се добива друг парадокс кој иде вака: Бесконечноста е поголема од било кој конечен број, ако господ постоел бесконечно како е можно универзумот да има старост?

Да дообјаснам, прво сфати го концептот бесконечност: Бесконечноста е бесконечно голема! Засекогаш и отсекогаш. Бесконечноста е бесконечно пати поголема од огромен број како пример: 1 и милијарда трилиони нули. Ако господ постоел отсекогаш како е можно тој да го создал универзумот кој има дата на раѓање. Малку тежок да за сфаќање ама точен е.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Првиот пример: Безвезен, зошто паднало и која е целта на паѓањето на предмет кој јас сум го бутнал?!

Вториот пример: Закон за гравитација, природен закон - помалите се привлекувани од поголемите како Месечината од Земјата, Земјата од Сонцето и Сонцето од центарот на галаксијата (масивна црна дупка). Докажано, ова секогаш создава кружно и елиптично движење.

Третиот пример: Професор не сум ама колку што се сеќавам електроните се вртат околу јадрото поради електростатичната сила која ја има јадрото. Уште еден природен закон...
Значи, да заклучам: физичките закони во овој Свет, си делуваат, си делуваат, си делуваат ( и така натаму...). И сеа, што од тоа што делуваат? :raz:

--- надополнето ---

Погрешни прашања поставуваш,
Не бе друже, поставувам прашања до атеистите, од кои очекувам одговор преку кој (одговор) самите атеисти треба да ја увидат бесмислицата од простата механика, Ти текува?

--- надополнето ---

Да дообјаснам, прво сфати го концептот бесконечност:
Веќе го сфатив: Бог Е бесконечен...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom