Напротив! Неразумен е оној што слепо прифаќа се што ќе му кажат без да преиспита, што е идентична ситуација кај верниците!
Јас на заканата од било кој и било што гледам со презир! Вие и покрај очигледните аргументи, отфрлате се што не ви одговара и после не обвинувате нас за неразумност! Докажавме дека ликот на Јахве во вашата библија лаже, им ја ускратува способноста на луѓето да распознаат добро и зло, се поставува како безмилосен деспот, казнува, проколнува, уништува.....и на крај доаѓа како човек кој ни порачува дека е благословено да си беден, понизен.....дека гордоста е грев, дека треба да го сакаме непријателот
Што има овде разумно кажи ми?! Ако се повикуваш на разумноста тогаш не ти треба генијалност за да видиш дека тие услови кој му се поставени на човекот, се идеални карактеристики на послушен роб! Карактеристики кој секој робовладетел ги посакувал и ги посакува! Но ако веќе знаеме дека овој бог во самиот старт ги лаже луѓето и им го сокрива сознанието да распознаваат добро и зло, тогаш како да знаеме дека ни сака добро? Зошто добар бог не би сакал неговата креација да прави разлика помеѓу добро и зло? Ако сум јас добар, каде е разумноста на останатите да им ја сокријам способноста да распознваат добро и зло?