Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Може јас да се обидам да ти одговорам? Трудот и маката не ги вложувам со крајна цел да се направам богатство, туку на родот мој да му обезбедам здрав почеток, нормален живот, среќа, ... а ако следбениците решиле да го прокоцкаат тоа е веќе надвор од моја контрола. Јас моето сум го сторил, сум создал услови да продолжи мојот вид со привилегии кои јас сум им ги овозможил. На прашањето би одговорил со ДА, вредеше.
Размисли подлабоко. Убаво е човек да е опкружен со сите потребни средства за живот, убаво е да на поколението им остави богатство со кое тоа ќе може да се служи во понатамошниот негов живот, но дали тоа е најбитното и најголемото што можеш да го направиш и оставиш на потомството?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Одговор од страна 1 од DBack: 4а. НЕМА СМИСОЛ, Мики!!! Тука си за да живееш додека живееш. Искористи го тоа време за да направиш нешто добро за блиските, човештвото и планетата. Ќе те нема набрзо и ќе те помнат само по добрините што си ги сторил. Нема рај и нема пекол. СИГУРНО смисолот на животот не е да се мучиш за да одиш во „Рајот“

- СИГУРНО смисолот на животот не е да се мучиш за да одиш во „Рајот“ = Смисолот на животот сигурно не е да се мучиш за да одиш во Рајот. Крива теза.

- Тука си за да живееш додека живееш. = Оваа теза нема смисла. Ако знаеш дека сигурно ќе умреш, а после смртта нема ништо, едноставно животот нема смисла. Живееш за да умреш, така му доаѓа. Оттука јасна е перцепцијата на самоубиството како одговор на животот кој нема смисла. Тоа дека ќе те паметат по некои дела е глупост. Што добиваш со тоа кога си мртов и кога нема ништо за тебе. Прагматичен одговор на исказот: Тука си за да живееш додека живееш е животот нема смисла зошто ионака ќе умреш, порано или покасно, и зошто да се чека да дојде смртта, туку тргни во пресрет на неа.
Атеизмот како филозофија произлезен од француската рволуција, не даде одговор на суштественото прашање: Зошто живееш. Одговорот живееш додека живееш, односно живееш за да умреш е вистински одгвор на човек кој се надева само на себе и во себе ја бара смислата на животот.
Човекот е премногу небитен за да има некаква цел и смисол во живот освен таа што тој сам ќе си ја постави. Го имам кажано ова стопати и ми здосади веќе ама еве ќе го кажам пак. Оваа наша Земја е една планета која орбитира околу сонцето, сонцето е една мала ѕвезда во нашата галаксија а има отприлика околу 200 МИЛИЈАРДИ ѕвезди во нашата галаксија. А, галаксии има милијарди. Значи иако сеуште не се знае дали универзумот е бесконечен или конечен и дали повеќе повеќе универзуми може да се заклучи дека тој е многу многу голем и дека ние сме како зрно песок во споредба со универзумот.

Затоа ќе те прашам: Зошто твојот живот треба и мора да има смисла? Зошто си ти толку посебна?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Размисли подлабоко. Убаво е човек да е опкружен со сите потребни средства за живот, убаво е да на поколението им остави богатство со кое тоа ќе може да се служи во понатамошниот негов живот, но дали тоа е најбитното и најголемото што можеш да го направиш и оставиш на потомството?
Богатството ти го спомна во твоето прашање и тоа веројатно без длабоко размислување го дефинираше како материјално богатство: фабрика, пари, имот итн. и затоа доби мој одговор на твоето прашање. Инаку ниту од далеку не мислам дека такво материјално богатство е единствено, ниту пак најбитно нешто што треба да се остави на потомството.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Размисли подлабоко. Убаво е човек да е опкружен со сите потребни средства за живот, убаво е да на поколението им остави богатство со кое тоа ќе може да се служи во понатамошниот негов живот, но дали тоа е најбитното и најголемото што можеш да го направиш и оставиш на потомството?
Што е според тебе смисолот на животот?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Зарем не е убаво поколението да го научиш да живее живот во полнина?
... му кажа мајката на детето стискајќи го со коските свои кои некогаш наликувале на раце, замивајќи го со солзите свои затоа што немаше бистра вода, гледајќи го во мислите затоа што немаше светилка да го осветли. А тоа свесно дека умира од глад го живееше животот со полнина ...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Во краен случај што ти е тебе ако јас сакам цела вечност да поминам оддесно на Исус Хроистос? Тоа е мој избор.
Твојот избор е живеј додека живееш, а потоа умри и нема ништо од тебе. Ти го почитувам тој став за тој начин на избор за разбирање на животот и применувај го додека живееш, а потоа умри и крај.

2. Едно прашање ако сакаш да одговориш: Да кажеме дека во текот на животот си стекнал богатство со труд и мака и кое не е така мало. Ти се грижиш за тоа богатство, фабрика, пари, имот итн., сакаш да го умножиш и да го оставиш во наследство на твоите синови. По твојата смрт синовите ова твое богатство кое си го спечалил со труд, за кратко време го уништуваат коцкајки се и живеејќи на „висока нога“. Дали вредеше твојот труд за целото ова богатство да биде така уништено, прокоцкано за 1 ден?
1. Немам јас никаков проблем со твојот избор. Имам проблем со концептот „Смисолот на мојот живот е вечно да бидам во рајот.“ Никој од вас теистите не успеа да објасни ништо за тој рај, за кој толку се спремате. Освен „ќе ми биди многу убаво таму“. Го сметаш овој живот за бесмислен, а наоѓаш смисол во нешто тотално тривијално. Ти се чудам - не ти се љутам, сфаќаш?

2. Мојот труд јас не го гледам како труд за себе. Јас искрено верувам дека секој од нас треба да направи малку нешто што човештвото ќе го помести мнооогу малку напред. Кога сите 6.000.000.000 луѓе би направиле по нешто малку, следната генерација ќе може уште малку повеќе. Тоа е принципот на еволуцијата - мали, ситни поместувања кои во геолошко време прават многу голема разлика.

Религијата те лаже дека нема да умреш. Сите и се' умира. Face it! Не дозволувај некој да те лаже. Голем си веќе.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зарем не е убаво поколението да го научиш да живее живот во полнина?
Зарем не знаеш да одговориш на едноставно прашање?
Што е според тебе смисолот на животот?

--- надополнето ---

Еволуцијата ги создала.
Точно така. Секое од нив. И тебе, за жал.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Човекот е премногу небитен за да има некаква цел и смисол во живот освен таа што тој сам ќе си ја постави. Го имам кажано ова стопати и ми здосади веќе ама еве ќе го кажам пак. Оваа наша Земја е една планета која орбитира околу сонцето, сонцето е една мала ѕвезда во нашата галаксија а има отприлика околу 200 МИЛИЈАРДИ ѕвезди во нашата галаксија. А, галаксии има милијарди. Значи иако сеуште не се знае дали универзумот е бесконечен или конечен и дали повеќе повеќе универзуми може да се заклучи дека тој е многу многу голем и дека ние сме како зрно песок во споредба со универзумот.

Затоа ќе те прашам: Зошто твојот живот треба и мора да има смисла? Зошто си ти толку посебна?
Абе ако на тебе ти е небитно дали си жив или не не значи дека и за други луге важи истото.
Ама секогаш ке има по некој портал што ке мрчи по темиве. :toe:

--- надополнето ---

Голем дел од овошјата денес се всушност генетски модифицирани од човекот преку селективно одгледување:star:
Генетски модифицирани ?
Хибрид и генетски модифицирана храна..... голема разлика има тука.

--- надополнето ---

Зарем не знаеш да одговориш на едноставно прашање?
Што е според тебе смисолот на животот?
Не постои смисол надвор од вечноста, инаку си ист со мојот точак.
ццццц што ви направи Дарвин и остала компанија.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не постои смисол надвор од вечноста, инаку си ист со мојот точак.
ццццц што ви направи Дарвин и остала компанија.
Што ти праи Ошо и компанија..... (а моожда и понекој наркотик).... свашта
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom