Одговор од страна 1 од DBack: 4а. НЕМА СМИСОЛ, Мики!!! Тука си за да живееш додека живееш. Искористи го тоа време за да направиш нешто добро за блиските, човештвото и планетата. Ќе те нема набрзо и ќе те помнат само по добрините што си ги сторил. Нема рај и нема пекол. СИГУРНО смисолот на животот не е да се мучиш за да одиш во „Рајот“
- СИГУРНО смисолот на животот не е да се мучиш за да одиш во „Рајот“ = Смисолот на животот сигурно не е да се мучиш за да одиш во Рајот. Крива теза.
- Тука си за да живееш додека живееш. = Оваа теза нема смисла. Ако знаеш дека сигурно ќе умреш, а после смртта нема ништо, едноставно животот нема смисла. Живееш за да умреш, така му доаѓа. Оттука јасна е перцепцијата на самоубиството како одговор на животот кој нема смисла. Тоа дека ќе те паметат по некои дела е глупост. Што добиваш со тоа кога си мртов и кога нема ништо за тебе. Прагматичен одговор на исказот: Тука си за да живееш додека живееш е животот нема смисла зошто ионака ќе умреш, порано или покасно, и зошто да се чека да дојде смртта, туку тргни во пресрет на неа.
Атеизмот како филозофија произлезен од француската рволуција, не даде одговор на суштественото прашање: Зошто живееш. Одговорот живееш додека живееш, односно живееш за да умреш е вистински одгвор на човек кој се надева само на себе и во себе ја бара смислата на животот.