Легендата Joe Cocker за прв пат во Македонија @ Борис Трајковски - 15.6.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
Легендата Joe Cocker за прв пат во Македонија

joe-cocker-2-highglava.jpg


Човекот, легендата или ако повеќе милувате - најдобриот rock&blues&soul изведувач на сите времиња, за прв пат доаѓа во Македонија. Концертот кој е во организација на Авалон Продукција, е закажан за 15-ти јуни во арената „Борис Трајковски“, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба веќе од 1-ви март.

Местралниот Joe Cocker, кој ги испеа легендарните: „Unchain my heart“, „With A Little Help From My Friends“, „Summer In The City“, „I put a spell on you“, „When the Night Comes“, зад себе има 4 децениска кариера и 21 студиски и 4 live албуми. Да не ги заборавиме милионските тиражи, Греми наградите, како и оние освоени на Златниот Глобус и Оскарите.

Тој е еден од ретките британски музичари кој е добитник на OBE (Order of the British Empire) а неговиот непогрешлив blues&soul глас веќе одамна е најпознатата светска музичка марка.

Но, и покрај бројните пофалби и продажба на милиони изданија, тој се уште сочувствува и се поистоветува со сите оние кои во животот ја немале неговата среќа. Тоа го прави апсолутен идол на голем број млади таленти и музички фанови.

Неговиот прв голем хит „With a Little Help from My Friends“, преработка на легендарната песна на The Beatles, на која на гитара свири Jimmy Pagе, постигнува толку голем успех што истата во 1969 година добива покана да настапи на Woodstock.

извор

објавено и на фб страната на BOOM Taksirat Festival
 
едвај чекааамМ!!!!!!
почна и ѕвездите да ја посетуваат Македонија!
 
Добредојде легендо, мојот омилен пејач на коцерт во Скопје. После Сантана уште еден од моите омилени доаѓа во Скопје. Инаку концертот е на 15.07.2010 не на 15.06.2010. Одвај чекам да ги избацат картите на продажба.


 
Кога бев 15 години никогаш не помислив дека ќе дочекам ваква информација да прочитам. :) Најслатки се задоцнетите радости. :)
 
Концертот убаво си пишува дека е на 15.06 можеш и на Авалон страната да си видиш. Иаку браво за Авалон и дај боже и другите организатори да можат да им се приближат. Тогаш вакви концерти би имале секој мецес. :)
 
Како бе? :nesvest:
Да доаѓаа и порано вака, ајде во ред. Ама овој пензионеров има над 60 години веќе :icon_eek:
 
Концертот убаво си пишува дека е на 15.06 можеш и на Авалон страната да си видиш. Иаку браво за Авалон и дај боже и другите организатори да можат да им се приближат. Тогаш вакви концерти би имале секој мецес. :)

Моја грешка извини
 
Под услов да е со смртничка цена, и баш тој ден не полагам матура тест, одам.:)
 
и плус да е ладно зашто во јуни се очекува +45 а ние на концерт во затворено не благодарам
 
Ќе донесат ли Авалон ко за промена некои изведувачи што не се пред умирање?
 
После концертов ќе може на раат да си умре. Бил и во Македонија.
 
Ќе донесат ли Авалон ко за промена некои изведувачи што не се пред умирање?

Да ти кажам право, истиот натпис веќе го замислувам во сите дневни весници наредниов период, каде што цела тајфа на музички новинари, кои биле на сите можни концерти, и родени се со слушалици на уши ќе коментираат, апсолутно не заборавајќи во истиот текст да спомнат како кичот владее во Македонија и како само екс Ју ѕвездите по милионити пат се носат во Скопје. Добро не дека не се за нешто во право, ама тие класични копучаана од демек новинари, не сфаќаат дека како расквакани папагали со те едно те исто, не се ништо поарни од Рибља Чорба, па секогаш едниот те исти наслов да го повторуваат. Истите тие токмаци, во случај најголема ѕвезда во Македонија претходно што дошла ако беше Халид Муслимович, во истите тие свои текстови мудро ќе заклучеа со нивната реченица од која јајцата веќе цитрони ми станаа цитирам "Кога Македонската публика ќе дочека гостувања од музичките легенди како Сантана, Масив Атак, Џо Кокер, Боб Дилан".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom