П
Паган-др
Гостин
Легендата Joe Cocker за прв пат во Македонија
Човекот, легендата или ако повеќе милувате - најдобриот rock&blues&soul изведувач на сите времиња, за прв пат доаѓа во Македонија. Концертот кој е во организација на Авалон Продукција, е закажан за 15-ти јуни во арената „Борис Трајковски“, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба веќе од 1-ви март.
Местралниот Joe Cocker, кој ги испеа легендарните: „Unchain my heart“, „With A Little Help From My Friends“, „Summer In The City“, „I put a spell on you“, „When the Night Comes“, зад себе има 4 децениска кариера и 21 студиски и 4 live албуми. Да не ги заборавиме милионските тиражи, Греми наградите, како и оние освоени на Златниот Глобус и Оскарите.
Тој е еден од ретките британски музичари кој е добитник на OBE (Order of the British Empire) а неговиот непогрешлив blues&soul глас веќе одамна е најпознатата светска музичка марка.
Но, и покрај бројните пофалби и продажба на милиони изданија, тој се уште сочувствува и се поистоветува со сите оние кои во животот ја немале неговата среќа. Тоа го прави апсолутен идол на голем број млади таленти и музички фанови.
Неговиот прв голем хит „With a Little Help from My Friends“, преработка на легендарната песна на The Beatles, на која на гитара свири Jimmy Pagе, постигнува толку голем успех што истата во 1969 година добива покана да настапи на Woodstock.
извор
објавено и на фб страната на BOOM Taksirat Festival