Првоаприлски маскенбал - Paul Van Dyk @ Метрополис Арена - 01.04.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ништо од ЖУРКАТА ПО КОЈА ЌЕ СЕ ПАМЕТИ 2011? Толку помпезно најавувана...

Мое мислење друже... :) На Ashley во Колосеум беше 10 пати подобро со многу подобра музика. Ова е мое сосема реално мислење, некој ќе се согласи, а некој не. Во 2010 имаше преку 10 журки подобри од оваа (за споредба). Ако оваа биде журка по која ќе се памети 2011, верувај дека црно ни се пишува.
 
Мое мислење друже... :) На Ashley во Колосеум беше 10 пати подобро со многу подобра музика. Ова е мое сосема реално мислење, некој ќе се согласи, а некој не. Во 2010 имаше преку 10 журки подобри од оваа (за споредба). Ако оваа биде журка по која ќе се памети 2011, верувај дека црно ни се пишува.

Фала богу, гарант летово ќе има 50 пати подобри журки.
 
Де бе што ви е? Јас бев најнапред, значи не откорна типот. Фактот дека и он се забавуваше на сцена плус свиреше во живо, беше закон. Се ме боли денес. Ептен добро си поминав, се изнапеав, изнаскокав, за малце и ќе се сликав ама тоа е. Што се однесува до луѓето...добро бе 21ви век е, до кога неартикулирано однесување од типот неконтролирано буткање, толку цигари запалени, да не правам муабет тоа. И организаторите им давам од 1 до 5 оценка ( 1- ). Што беше со тоа пареата што доаѓаше од долу бе??!?!?! Hе отру! Видео бимовите дур ги средат се изначекавме и после тоа тие за нагло испуштање чад нагоре што им беа им се расипа едното. АМАН! Некој беше со германско знаме, се утепаа од мафтање, ништо не гледав пола саат, си викам аман бе, го виде знамето не го замарајте веќе. На сите тие работи сепак Paul van Dyk си е мајстор што си е мајстор и беше супер, така да не дрндајте за џабе :D Се шалам, секој со своето мислење :)
 
постои закон за забрана за пушење во затворени објекти ? huh, ваљда нема таков , вчера филингот беше како да сум во некоја гасна комора......
сигурно у логорите у аушвиц е било подобро :)
 
ќе може ли некој да ги напиши сите сајтови каде можиме да најдиме слики од вчерашната журка поточно од кои се страници сликаја како урбантиме и слично
 
Ко прв пат да одите во Метрополис па се буните за цигарите. Општо е познато дека таму законот за пушење не функционира.
 
Значи да се разбереме, човекот си ја заврши добро работата, мој проблем е што не ми се допаѓа неговата нова музика, а тешко дека ќе се врати на онаа музика од пред 5-6 и повеќе години, музика поради која ги обожавав и него и Paul Oakenfold. Почетокот беше добар, а најмалку му требаше да ги пушта тие електро-шит срања од траки на +10 bpm од нормалниот. Очекувано е да има пропусти во организацијата, но она вчера што се случуваше беше во најмала рака МИЗЕРИЈА! За да има супер журка потребна е добра огранизација, нешто што ниту од далеку го немаше. Стапот највеќе го изедоа оние кои имаа платено најскапи карти, бидејќи всушност сите карти беа исти, можеше да се оди секаде без разлика на видот на картата. На некого му сметаат 2000 запалени цигари во ист момент, а чим е забрането да се пуши во затворени простории (поготово со толку народ) редно е тоа да се почитува, а капак на се тие презентираат и продаваат цигари внатре, а човек од обезбедување на оние што пушеа им кажува само да ги наведнат цигарите надоле за да не се гледаат!? Некој погоре спомна, сериозен организатор не може да си дозволи луфта од пола саат поради местење на опрема, светла, маси или нешто друго. За стејџот ноу комент, мене премногу ми се допаѓаше.
 
Нема да пишувам големи рецензии ко што знам, туку ќе бидам краток.

Озвучување - ПРЕјако. Се тресеше цела сала.
Осветлување - ПРЕјако. Браво и за ова.
Видео бимови - ТОП.
Сетот на PvD - од почеток до 3:20 апла тиња, ќе заспиев уште малце; Од 3:20 до крај беше она што требаше да го пушта од почеток и за коешто дојдов.
Кога заврши он, упалија светло и сите мислеа дека журката заврши. Се испразни 80% од салата, па дури после 15 минути дојде Navigator ако добро видов да продолжи со музика.

Се' на се' - прилично лоша журка која многу повеќе се доближува на мојот bottom 10, жалам што дадов толку пари за неа и ова ми е последен пат да дадам пари за "транс" диџеј.

Требаше да си идам у динамик на Ocelot... :nesum:
 
Нема да пишувам големи рецензии ко што знам, туку ќе бидам краток.

Озвучување - ПРЕјако. Се тресеше цела сала.
Осветлување - ПРЕјако. Браво и за ова.
Видео бимови - ТОП.
Светлото беше МИЗЕРИЈА! Колосеум има повеќе светла. Виде ласери,виде ефекти,виде стејџ блајндови??? НИШТО од тоа. А баш тоа го дава најголемиот ефект на секоја журка :nenene: :smir:
 
Читам и не ми се вервит... Охрид ко беше летово значи беше најјако организирана журка на која некогаш сум бил, музиката беше супер, во глобала беше ок освен луѓето со сандали итн шо ги изгазив по пат :) а ова не знам ме чудит вака шо читам...
 
Се е до организацијата,а кај нас настан од голем тип како овој со публика од 8000+ е mision imposible.:toe:
 
Да и јас мислам дека светлото не им беше баш добро.
 
Читам и не ми се вервит... Охрид ко беше летово значи беше најјако организирана журка на која некогаш сум бил, музиката беше супер, во глобала беше ок освен луѓето со сандали итн шо ги изгазив по пат :) а ова не знам ме чудит вака шо читам...

Батка и во Охрид потфрли организацијата на влез ќе се изгинеше. Инаку се друго беше океј. Инаку вака некој што беше вчера и во Охрид, споредба ?
 
Батка и во Охрид потфрли организацијата на влез ќе се изгинеше. Инаку се друго беше океј. Инаку вака некој што беше вчера и во Охрид, споредба ?
Јас бев и тука и во Охрид, и според мене во Охрид беше подобро, иако имаше пола саат чекање за да влезеш...

А луѓево без осет, влагаат во фан питот... за кој кур дале луѓево у фан пит повеќе пари, за да им се мота некој у близина? Toa па избацивачит еси дрват курот, место да фатат да избацат сите шо се без карта за таму -.-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom