Протести на професорите

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
па како што може да има контрола над професорите во основно и средно зашо да нема и контрола од надворешна комисија и врз овие кретеноидиве... друго зашо коментирате нешто шо не ви е доволно познато, или ако веќе се нафативте да коментирате барем пролистајте ги измените од законот што толку многу ги погодија професорите...

прочитав од некој член тука како тоа било скапо професорите да објавуваат научно-истражувачки трудови во меѓународни научни списанија, како тоа професорите се загреота и кутрите тие немаат пари... прочитајте убаво НE бараат од сите професори да објавуваат трудови.. бараат само од професорите кои што се ментори на докторските студии .... еве го тој дел од законот.. ме мрзи да барам сега и други членови и да цитирам.. здравје утре :)

Член 25

Во постојните високообразовни установи кои изведуваат студиски програми од трет циклус на универзитетски докторски студии, менторот на докторскиот труд треба да има:
- од 1 јануари 2011 година најмалку три објавени рецензирани научно-истражувачки трудови во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации во дадено поле во последните пет години и
- од 1 јануари 2013 година најмалку четири објавени рецензирани научно-истражувачки трудови во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации во дадено поле во последните пет години.​
 
Se dodeka ne postoi edinstvo pomegu studentite na eden univerzitet se do togas institucijata ili vo ovoj slucaj ministerstvoto ke si igra majtap,denes so profesorive utre pak so nas studentite bez razlika dali e drzaven ili privaten,ama ne e i se do studentite,samoto organiziranje na visokoto obrazovanie ne funkcionira,nie sekogas treba da izmislime topla voda kao drzava,zamislete,edna Holandija priznava faklultet so 3 godini akreditiran po bolonjska deklaracija,Makedonija ne,epa da mi izvinat ama ke vrabotuvaat i srednisti i kilavi i sakati poso tesko deka nekoj sto bi mozel da gi vodi rabotite onaka kako treba bi im sedel ovde za mizerna plata
 
„Проблем во самиот закон претставува начинот на кој што се предвидува привремен работен однос на професорите до пензија, што го прави нестабилно нивното вработување и го прави подложно на политички притисоци, на политички манипулации и претставува обид за замолчување на интелектуалната елита“,
 
Како бе на економски никој не те тера книга да купиш ? Како ќе положиш менаџмент кај Шуклев, сите ја купувавме по 2200 денари затоа што бараше да се носи оргиналот на полагање. Маркетинг не тераше да купуваме книга, со условување дека нема да положиш ако не купиш, односно се запишувавме на список.
За мито па да не правиме муабет, добар дел од професорите земаат, и тоа не малку, 500-600 евра за скапана 6ка.
Не сите професори држат предавања, ми се смачи да ги гледам асистентите да се замислуваат дека се професори и глумат лудило ( некои од нив ). За увиди, за оценки колку пати не враќале, колку пати одложувале. Не ја знаат маката на студентите, па воопшто и не се замараат.
Ме чуди што ти како студент на економски, не знаеш доста од работите што се случуваат таму.
Можеби ти барал Шуклев, некогаш, повеќе не е така. Денеска воопшто не ти е потребна книгата, Столе без проблем дава копии од книгата за решавање на кејсовите. За Маркетинг не сум запознаен, но и тоа сигурно било порано, веќе не е така, барем не сум слушнал такви муабети.
Земаат професорите, и јас би земал, не 500 евра, 40 000 евра за да положиш кај мене, утре кога ќе работиш 4 години да не можеш да ги вратиш тие пари зашто те мрзело 2 недели да загрееш асално столче. Професорите не бараат мито, земаат точно, но не бараат. Студентите нудат сами.
Повеќето професори предаваат, ене и Mummy погоре потврди, дури по некои предмети и подобро ми е да ми предаваат асистентите.
Знам доста работи што се случуваат, проблемите кај нас на факултет се на друго место, не редовноста на професорите и книгите. (И ќе платам 2000 денари за Менаџмент кога ќе видам на другите факултети како учат од книга од 1998 година или на срспки/хрватски).
 
Ако може другите работници да си ја вршат чесно работата и да си зимат плата за тоа , зошто тоа да не важи за професорите?
Не велам дека нема професори кои идат на предавања и кои се достапни за професорите. Има и такви.
Но голем дел се професори кои идат се заклучуват во канцеларија и баш му е гајле за тебе. Има професори кои ниеднаш не се појавиле на предавање.
А имаме и учебници застарени по 10 години, сите стандарди и закони се измените па дури и ти вика најди си на интернет и од таму научи. Па добро зашто си ти тука?
Зошто не протестираат за на асистентите да им ги качат платите па они им ја вршат 80-90 % од работата?
 
Соопштение за законов има на страна 33 во Вест.

Според тоа што таму го пишува, ако е стварно така у законот, не гледам причина заради која неможе да се постигне спогодба па да предизвика протест.
 
Како да не протестираат кога 1000 евра е да објават труд во странско списание, а треба да објават повеќе од 2 такви годишно.
Треба да работат на научни истражувања, а нема никакви услови за тоа.
Професорите се логираат со електронски картички, но и студентите, што правиме кога доаѓа 1 студент со 10 картички и се логира за 10 други студенти?
Што со непочитувањето на студентите кон професорите и максималната некултура и простотилак на студентите? Сакаат да учат студентите? Кој им брани да учат?! Можда и ќе научат нешто ако не јадат на предавања и не фрлаат со пластични шишиња по професорите (неколку пати повторуван случај на Медицинскиот факултет во Скопје).
И оној закон за непотизам е бесмислен, навистина не може во држава со 2 милиона кај што секој му е некому братучед да се спречи да некој почне академска кариера. Постојат надворешни комисии, постои начин да се контролира тоа.
Жално и мизерно е што се' повеќе интелектуалците во Македонија се третираат како криминалците, додека вистинските криминалци непречено ги спроведуваат новосмислените закони. Законодавството се' повеќе ни станува желботека. Се прашувам до каде ли ќе стигнеме вака?
Дали знаеш ти дека до лани 10 месеци на мастер на Правен беше 2500 евра, а сега е 1200 евра? Што мислиш каде одат тие пари? Е сеа на студентите им е ефтино, а на професорите многу им било, првите невработени, вторите со огромни плати и да ги жалам???
И како така во овие 2 милиона, јас немам ниту еден професор на ниту еден факултет роднина, ни асистент роднина, ни пријатели ни ништо?
 
Соопштение за законов има на страна 33 во Вест.

Си беа протестите големо чудо, си поминаа, се муабетело тука два дена и толку. Ич не се чудам што зборат дека ЕКТС оглупавува. Не се давајте!!!

Информација има на ИЗВОРОТ: Од министерство за образование, имаат веб сајт, што нагаѓате Вест, па било вака, па така. И не завршила уште работата. Изволте:

http://www.mon.gov.mk/novosti/702-zakonvisoko

Професорите се бунат за уништување на автономијата со овие промени, а тоа е со одборот за акредитација и евалуација кој е 90% владин со овој закон, а никаде во светот не е така.

Што се однесува до нас, треба исто да си ги отвориме очите - видете го член 9:

На високообразовната установа наставата за најмалку две студиски програми за прв циклус на академски и стручни студии и најмалку четири студиски програми за втор циклус на академски и стручни студии задолжително се изведува и се полага на англиски јазик.

А според член 24: Високообразовната установа наставата ... за една студиска програма за прв циклус на академски и стручни студии и наставата за најмалку две студиски програми за втор циклус на академски и стручни студии задолжително ја реализира од 15 септември 2011 година, а за две студиски програми за прв циклус на академски и стручни студии и наставата за најмалку четири студиски програми за втор циклус на академски и стручни студии, задолжително ја реализира од 15 септември 2012 година.

Кој ќе фрла паричка кои студиски програми ќе бидат тоа по факултетите - Тодоров или на деканите ќе им дадат да влечат сламки?

Друго, член 12:

Студентската легитимација служи за идентификација на студентот, како и за електронска евиденција за неговото присуство на наставата.

Ако сакам ќе си идам на предавања, ако сакам ќе си учам сам па ќе си дојдам на испит, шо има тука министерство со мене. А вака не сакам да идам на предавања пошто на професорот ќе му останат 5 минути од часот за предавање додека сите да ги изевидентира.

Не знам што оној Живковски се плетка, мајка му Родна е братучетка на Марјан Ѓорчев - и ова лесно се наоѓа со малку Гугл. Не можам да поднесам лицемери. Во измените на законот за професори направиле проблем за роднинства до 4-то колено, а ваму политички функции се врзани ко црева по прво колено!
 
како прво, никој не те тера со сила да се запишеш на факултет. исто така, никој не те тера и откако ќе се запишеш да присуствуваш на факултет. тоа е така, знаеш и самиот и не знам зошто се буниш!? тоа со редовноста според мене е во ред. еве сега ќе ти образложам зошто.
затоа што ако се натераат професорите да предаваат и тие исто така да се евидентираат тогаш тие на кого ќе предаваат? на ѕидовите, на масите, столчињата...или на студентите? материјата најдобро се учи кога некој има да ти објасни нешто, а не самиот да чепкаш по интернет. на интернет има се и сешто, и тоа што треба и тоа што не треба. ама ако јас сум редовен студент и имам присуство на предавања, епа бачко криво ќе ми биде ти ако имаш поголема оценка од мене ако седиш дома само. тој факултет е направен да одат професори и студенти таму, а ако одиме пак по твојата логика тогаш тој објект кај што се наоѓаат на УКИМ факултетите може да го направиме „Бит Пазар - 2“. според мене добро е тоа да се знае кој студенти си ја следи наставата, а кој не. тој што си ја следел би требало да има поголема оценка од оној што само доаѓа на полагање.

ама тука приказната не завршува. што ќе правиме со препишувачите и професорите што гледаат низ прсти на таа појава. што понатаму?
замислете на медицински факултет исто така има препишувачи и утре ќе дојде момент да одите на лекар и тој истиот „суртук“ што препишувал и преку врски партиски, роднински, пријателски или било какви, да мора ве прегледува и да ви препишува лекарства. зарем би му дозволиле на таков „доктор“ да ве прегледува и да се грижи за вашето здравје!? ние немаме пари да се лечиме во странство, принудени сме тука тоа да го правиме. како секој нормален граѓанин. ама политичариве знаат каква е ситуацијата и си „лапаат“ пари додека се на позиција и после тоа сите се лечат во странство, а за тука не ни помислуваат да седнат на столче за преглед!!!

и после тоа, пријателу мој млад, да не немало евиденција за тие што доаѓаат или не доаѓаат на факултет. МОРА ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ СЛУША НАСТАВА, А КОЈ НЕ!!!

Ако сакам ќе си идам на предавања, ако сакам ќе си учам сам па ќе си дојдам на испит, шо има тука министерство со мене. А вака не сакам да идам на предавања пошто на професорот ќе му останат 5 минути од часот за предавање додека сите да ги изевидентира.

Не знам што оној Живковски се плетка, мајка му Родна е братучетка на Марјан Ѓорчев - и ова лесно се наоѓа со малку Гугл. Не можам да поднесам лицемери. Во измените на законот за професори направиле проблем за роднинства до 4-то колено, а ваму политички функции се врзани ко црева по прво колено!
 
-Непотизмот со закон да се забрани во сите сфери,особено во професорската елита.Во Охрид сите се прво колено,сите до еден треба да се избркаат.И тоа со купени дипломи во Бугарија.Вошкари!Поради нив младите неможат да добијат шанса да влезат како демонстратори и асистенти.
-Немањето научен труд во еминентни списанија,непознавање странски јазик....незнам како очекуваат да произведат квалитетни кадри.
-Спиење наместо работење,нозе да ти паднат додека дочекаш потпис или оценка.
-Плус додаток вработените во администрација,партиски кловнови кои први треба да летаат.

И оној што сака да воспостави ред да се провери каде ја пикна фамилијата,каде се не изначукаа роднини,лицемери!
 
како прво, никој не те тера со сила да се запишеш на факултет. исто така, никој не те тера и откако ќе се запишеш да присуствуваш на факултет. тоа е така, знаеш и самиот и не знам зошто се буниш!? тоа со редовноста според мене е во ред. еве сега ќе ти образложам зошто.
затоа што ако се натераат професорите да предаваат и тие исто така да се евидентираат тогаш тие на кого ќе предаваат? на ѕидовите, на масите, столчињата...или на студентите? материјата најдобро се учи кога некој има да ти објасни нешто, а не самиот да чепкаш по интернет. на интернет има се и сешто, и тоа што треба и тоа што не треба. ама ако јас сум редовен студент и имам присуство на предавања, епа бачко криво ќе ми биде ти ако имаш поголема оценка од мене ако седиш дома само. тој факултет е направен да одат професори и студенти таму, а ако одиме пак по твојата логика тогаш тој објект кај што се наоѓаат на УКИМ факултетите може да го направиме „Бит Пазар - 2“. според мене добро е тоа да се знае кој студенти си ја следи наставата, а кој не. тој што си ја следел би требало да има поголема оценка од оној што само доаѓа на полагање.

и после тоа, пријателу мој млад, да не немало евиденција за тие што доаѓаат или не доаѓаат на факултет. МОРА ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ СЛУША НАСТАВА, А КОЈ НЕ!!!

Чекај бе, ја 10 години имам па да ми кажува некој дали мене ми требаат предавања или не? Доволно сум возрасен да одлучам сам дали ми е потребна наставата или сум сосема способен да ја научам потребната материја без некој да ми држи предавања. Кој сака нека станува во 7 сабајле и нека слуша настава, ама мене ако не ми е потребна не сакам да ми земаат без врска поени.

Не гледам зашто да ти е криво ако некој немаш повеќе поени од некој што не оди на предавања. Некој кажа дека ЕКТС заглупавува и една причина за тоа е што студентите очи ке си извадат за 5 е*ани бода, а не за знаење.
 
чекај бе ти, зашто е тогаш редовноста? оди во странство студирај (америка, англија, германија...) и види таму како се однесуваат со студентите што не доаѓаат на настава!!!убаво читај го мојот пост погоре. што треба да направиме, „Бит Пазар - 2“??? ти студираш или само се заебаваш?

ако сакаш да спиеш, спиј до 5 саат попладне. не ти брани никој, ама ако не доаѓаш на факултет како мислиш? демек попаметен си од професорите? :pos: абе иди бегај... :helou:

Чекај бе, ја 10 години имам па да ми кажува некој дали мене ми требаат предавања или не? Доволно сум возрасен да одлучам сам дали ми е потребна наставата или сум сосема способен да ја научам потребната материја без некој да ми држи предавања. Кој сака нека станува во 7 сабајле и нека слуша настава, ама мене ако не ми е потребна не сакам да ми земаат без врска поени.

Не гледам зашто да ти е криво ако некој немаш повеќе поени од некој што не оди на предавања. Некој кажа дека ЕКТС заглупавува и една причина за тоа е што студентите очи ке си извадат за 5 е*ани бода, а не за знаење.
 
Чекај бе, ја 10 години имам па да ми кажува некој дали мене ми требаат предавања или не? Доволно сум возрасен да одлучам сам дали ми е потребна наставата или сум сосема способен да ја научам потребната материја без некој да ми држи предавања. Кој сака нека станува во 7 сабајле и нека слуша настава, ама мене ако не ми е потребна не сакам да ми земаат без врска поени.

Не гледам зашто да ти е криво ако некој немаш повеќе поени од некој што не оди на предавања. Некој кажа дека ЕКТС заглупавува и една причина за тоа е што студентите очи ке си извадат за 5 е*ани бода, а не за знаење.

Не знаев дека знаеш повеќе од проф.др :)
Што ќе ти се предавања, што ќе ти е стекнување навика, што ќе ти е одговорност... Според тебе професорите не треба да предаваат, не треба да пишуваат научни трудови, ама не знам дали платата треба да одат до банка да ја земат или поштар до дома да им ја носи?
Кога може професор од средно за 20 000 редовно да предава и да прегледува тестови, за 60 000 на факс треба гласот да им се фане.
 
Во врска со објавувањето научно-истражувачки трудови: Какви услови има овозможено државата, за тие професори да можат да истражуваат тука, во Македонија? М? Во лабораторииве од Титово време? Сакаат европско образование, а појма немаат какви се лабораториите во Европа, а какви кај нас.
Електронско евидентирање на присутност: Ако заради отсутност не можам потпис да земам, а плаќам иначе за факултетот, тогаш нека го прогласат и високото образование за задолжително. Што ако имам часови кои се преклопуваат во распоредот? Да се проектирам некако, да се телепортирам? Ок е да имаш плус бодови за присутност, но да си имаш проблеми затоа што не си одел на предавања е апсурд. И како тоа да сакаш да имаш подобра оценка од некој не толку редовен студент како ти, а тој научил повеќе од тебе? Што се оценува тогаш, знаењето или што?
Оценување на работата на професорите: Студентите да ги оценуваат професорите??? Тоа изгледа само во Македонија може. Што сеа ако некој професор се држи до своите критериуми и не пушта ако не научиш, треба да биде казнет затоа што студентите така го оцениле? Кој гарантира за објективноста на студентите?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom