Протести на професорите

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Не се студентите на контрапротести, тоа е СПУКМ.
Ова највеќе ме нервира. За тоа што треба да го прават, за нас студентите не се замараат, туку битни им се наредбите од штабот. Преку таквото од Македонија и ваквите луѓе, аман немаат ли малку гордост и свое ја бе.

Иначе имаше некој професор од Економски на протестиве? На телевизија не заприметив, а не верувам дека имало, изгледа само кај нас професорите држат предавања :)
 
Според мое мислење сеедно ми е.
Од една страна се уништува автономијата на универзитетите ( скоро секоја авторатативна власт го прави ова со факултетите) од друга страна па и немаме пристојни универзитети.
Поентата со овој закон да се стават под нозе факултетите од страна на власта. Тоа нема да го реши проблемот туку ќе го влоши она што е квалитетно едноставно ќе си замине и ќе ги нуди услугите свои во компаниите остатокот ќе биде клати врата земај плата а парите кои ќе се земаат од студентите ќе завршат во нечиј џеб

Уште крст фали да дигнат над Кирил и Методиј да се заврши целиоттој процес
 
^ на кој начин се уништува автономијата? не им се дозволува да лежат до 12 и да не одат на предавање? Факт е дека професорите на државните се мрзи невидени и дека досега со парите на студентите си одеа на "научни семинари" во Рим и други места.
Едни исти професори кои предаваа на државните беа како богови, сите ги знаат дека постојат, никој не земал потпис од нив, додека на приватните факултети стигнуваат дури и дополнителни предавања да држат на тие што не им е јасно.
а тоа СПУКМ се знаеше или ќе биде СДС или ВМРО, едниот кандидат на едните, другиот на другите. победи тој на вмро го води спукм, тој на сдс сега е во слободен индекс(или како се викаше) тврди дека е независен и протестира против се живо и диво!
 
протестираат оти неможат да легачат повеќе, оти им ставаат електронска картичка и треба да се пријават кога влегуваат на работа.
исто протестираат оти треба да објавуваат научни трудови во светски весници, а не политички колумни во весници.
им го стегна јаремот министерот и не им е арно, конечно ќе треба да го спечалат денарот.
Од тоа што гледам министерот го донесе законот(мислам го најави) ректоратот не го бендисаа, отидоа на консултации со него, овој им прифатил голем дел од замерките и го модификувал, сега ректоратов не протестира, протестираат неколку професори, е сеа дали се мрзите професори или партиски професори, нивна работа тоа.
Како да не протестираат кога 1000 евра е да објават труд во странско списание, а треба да објават повеќе од 2 такви годишно.
Треба да работат на научни истражувања, а нема никакви услови за тоа.
Професорите се логираат со електронски картички, но и студентите, што правиме кога доаѓа 1 студент со 10 картички и се логира за 10 други студенти?
Што со непочитувањето на студентите кон професорите и максималната некултура и простотилак на студентите? Сакаат да учат студентите? Кој им брани да учат?! Можда и ќе научат нешто ако не јадат на предавања и не фрлаат со пластични шишиња по професорите (неколку пати повторуван случај на Медицинскиот факултет во Скопје).
И оној закон за непотизам е бесмислен, навистина не може во држава со 2 милиона кај што секој му е некому братучед да се спречи да некој почне академска кариера. Постојат надворешни комисии, постои начин да се контролира тоа.
Жално и мизерно е што се' повеќе интелектуалците во Македонија се третираат како криминалците, додека вистинските криминалци непречено ги спроведуваат новосмислените закони. Законодавството се' повеќе ни станува желботека. Се прашувам до каде ли ќе стигнеме вака?
 
месечна плата им е по 1000 евра, настрана учебниците нивни што мораш да ги купиш и он да ти стави потпис на него.(тоа со индексот и 200 евра во натре не го коментирам).
Непочитување на професорите си иде по директна линија од тоа што професорите не ги почитуваат нив, како може кај некој професор да се тепаат место да фатат и да го слушаат, така кај некој професор со шишиња ќе го маваат. И примеров со 2 милиони, мала држава морал некој да му биде роднина е ПАТЕТИЧЕН, мајка татко и ќерка сите професори, експлицитни случаи се тоа, и малите деца да ги запишеш на факултет одма ќе погодат што е работата.
Влези во студентски дом прашај ги студентите како им е да чекаат потпис по 2 недели, како се чекаат резултати со месеци, како со шестар се влечат положените, како им џиткале индекси низ џам. Професорите мора да си ја знаат, работат и почитуваат работата, ако они не го направат тоа, тогаш слободно нека поднесат оставка, никој не им брани!
 
Значи испослушавме препукувања од сите страни, а да го објавеше некој предлог законот во целост па да видиме што е како е? Само делови се вадат, од кај да знам јас за што уствари се протестира? Има автономија и автономија... Нормално дека факултетите треба да имаат автономија во однос на избор на кадри, материјали, предмети и сл, ама од друга страна мора да има и одредени законски мерки.
Додека не го прочитам целосниот предлог закон, не можам да коментирам објективно, затоа и нема да дадам конкретно мислење.

Дали така ќе се подобри системот кој продуцира лоши кадри или ќе отиде се во неповрат заедно со државата?

За ова не знам дали може они да се бунат, кога и они се дел од образовниот систем кој треба да ги едуцира тие кадри, аналогно на тоа, ако имаме лоши кадри, значи дека они допринеле за тоа, затоа што професорот е тука за да ги учи студентите и да ги насочува.
 
Незнам сега како е, ама во мое време, од 1996 докај 2001, сум чекал на Правен, сум се изначекувал некој професор да се смилува испит да полагаме...
Сме виселе по неколку часа да му текне да дојде да даде потпис...
За одлагање испити и да не збориме...
А, искрено, никој никогаш пари не ми побара за да положам испит.
Финти со учебници купување имаше...
Секако, ќе се согласам со Crazy in Love дека за да го коментирам законот би требало и да го прочитам, бидејќи вака фрагментарно само спинови излегуваат како и обично.
И, секако, и овие протести (и контрапротести) се во организација на политичките партии...
Толку од мене.
 
Непочитување на професорите си иде по директна линија од тоа што професорите не ги почитуваат нив, како може кај некој професор да се тепаат место да фатат и да го слушаат, така кај некој професор со шишиња ќе го маваат. И примеров со 2 милиони, мала држава морал некој да му биде роднина е ПАТЕТИЧЕН, мајка татко и ќерка сите професори, експлицитни случаи се тоа, и малите деца да ги запишеш на факултет одма ќе погодат што е работата.
Тебе мајка ти дома кога ќе те изнервира со шишиња ја маваш?
И не може никој да ЗАБРАНИ некому да одбере академска кариера, постои начин да се регулира тоа, прочитај добро што напишав.
Непотизмот кој сега постои може многу поефикасно да се спречи со надворешни комисии.
П.С. Во врска со финансиите, прочитајте го линков http://www.npr.org/blogs/krulwich/2011/01/27/133212490/on-your-knees-professor
 
A за што одат студентите на факултет за професорот да ги нервира или да слушаат предавања?
Ако може непотизмот да се реши, зошто професорите се бунат и на екстерното оценување на факултетите?
Факт е дека не им одговара да бидат контролирани од министерот, така сите матни зделки ќе им ги растури(или ќе сака да биде дел од нив па да зима процент), како и да е, од корен им ја руши слободата да си играат богови со студентите.
Си ебале мајката, за пари газот како тунел им се отвара, прочитај низ форумов сигурно има тема студентите каде што опишуваат низ што се поминале од професорите.

Crazy in love е во право, почекајте го официјалниот закон, или да видиме изглед негов па да коментираме/
 
месечна плата им е по 1000 евра, настрана учебниците нивни што мораш да ги купиш и он да ти стави потпис на него.(тоа со индексот и 200 евра во натре не го коментирам).
Непочитување на професорите си иде по директна линија од тоа што професорите не ги почитуваат нив, како може кај некој професор да се тепаат место да фатат и да го слушаат, така кај некој професор со шишиња ќе го маваат. И примеров со 2 милиони, мала држава морал некој да му биде роднина е ПАТЕТИЧЕН, мајка татко и ќерка сите професори, експлицитни случаи се тоа, и малите деца да ги запишеш на факултет одма ќе погодат што е работата.
Влези во студентски дом прашај ги студентите како им е да чекаат потпис по 2 недели, како се чекаат резултати со месеци, како со шестар се влечат положените, како им џиткале индекси низ џам. Професорите мора да си ја знаат, работат и почитуваат работата, ако они не го направат тоа, тогаш слободно нека поднесат оставка, никој не им брани!
Аууу многу грешиш.
На економски: Никој не те тера учебник да купиш. Никој не ти бара пари, никој!. Нема роднини. Со шестар нема положување, има со учење, максимум 1 предмет е со „шестар“, мада и тоа е дискутабилно, јас на прва испитна го положив тој предмет. Индекс никој не фрлил до сега. Оценки се даваат на закажаниот термин. Потписите се некогаш проблематични, зависи и од професорот зашто дел од нив се и во деканатот.
 
Има разлика од професор до професор, јас знам дека сестра ми плати 100 евра за нова книга да купи за професорот да и се потпише, иако старата книга(исто издание) од прва братучетка која има завршено и стоеше на располагање. Индекс да имаат фрлено досега, на машински полага на другар брат му, полага сам во канцеларија кај професорот, се му кажува, му вика дај ми го индексот, му го дава, го отвара и му вика празен е, и му го фрла низ џам, му вика кога ќе се врати индексов назад тогаш ќе бидеш положен, во исто време под џам го гледа некој го фрла назад, професорот му пишува шеска и го пушта.(се знаеме на фејс, и линк ќе ти дадам до човекот).
Не си сретнал досега, или си немал проблем со некој професор(дај боже да не сретнеш или да имаш проблем) оти може и да не завршиш. се памти и порано кога се барале сексуални услуги за оценка. Татко ми на земјоделски, со шестар професорот го буши купот на тестови, ги крева ги подава кај асистентот и му вика овие се положени, пред цел амфитеатар.

Нека ја тера работава до крај министеров, ама кога ќе заврши нека фане и да го модернизира тоа универзитетот, барем со асални предавални. купуваат лабораторија од 5 М евра за медицински факултет нема кај да ја сместат.
Многу работа има таму, ама браво за министерот оти покажува волја да ја среди!
 
а јасно ви е дека секаде во светот универзитите се автономни и никој не им се меша во работата ?

е сега го немам прочитано законот за да знам дали има упад во автономијата на уким итн. но доколку е така тогаш професориве се во право и законот ќе падне на уставен
 
Има разлика од професор до професор, јас знам дека сестра ми плати 100 евра за нова книга да купи за професорот да и се потпише, иако старата книга(исто издание) од прва братучетка која има завршено и стоеше на располагање. Индекс да имаат фрлено досега, на машински полага на другар брат му, полага сам во канцеларија кај професорот, се му кажува, му вика дај ми го индексот, му го дава, го отвара и му вика празен е, и му го фрла низ џам, му вика кога ќе се врати индексов назад тогаш ќе бидеш положен, во исто време под џам го гледа некој го фрла назад, професорот му пишува шеска и го пушта.(се знаеме на фејс, и линк ќе ти дадам до човекот).
Не си сретнал досега, или си немал проблем со некој професор(дај боже да не сретнеш или да имаш проблем) оти може и да не завршиш. се памти и порано кога се барале сексуални услуги за оценка. Татко ми на земјоделски, со шестар професорот го буши купот на тестови, ги крева ги подава кај асистентот и му вика овие се положени, пред цел амфитеатар.

Нека ја тера работава до крај министеров, ама кога ќе заврши нека фане и да го модернизира тоа универзитетот, барем со асални предавални. купуваат лабораторија од 5 М евра за медицински факултет нема кај да ја сместат.
Многу работа има таму, ама браво за министерот оти покажува волја да ја среди!
А знаеш дека оваа приказна ја имам слушнато 3 пати до сега како индексот сам се вратил и секој си кажува како за негов другар. И еден случај не го прави цел универзитет лош.
Додека, неколку неуспешни проекти го прават Министерот, и Владата општо, неспособно за промени. Не ги знам промените, ама не им верувам. ИЧ!

И тоа со книгите било некогаш, повеќе не е. На економски исто било порано, сега не е.
 
Кај нас на ФЕИТ (електро), нема некој поголем проблем со редовноста на професорите, како и достапноста за консултации. Си определуваат термин, и најчесто во тој термин се таму (канцеларии). Нормално дека не можеш ти кога сакаш да ги најдеш. Против сум тоа да воведат електронска евиденција за присуство на студентите (не за професорите), бидејќи сепак факултетот не спаѓа во задолжително образование. Против сум тоа некој однадвор да ја оценува работата на професорите, и екстерно оценување на студентите.
 
Ова највеќе ме нервира. За тоа што треба да го прават, за нас студентите не се замараат, туку битни им се наредбите од штабот. Преку таквото од Македонија и ваквите луѓе, аман немаат ли малку гордост и свое ја бе.

Иначе имаше некој професор од Економски на протестиве? На телевизија не заприметив, а не верувам дека имало, изгледа само кај нас професорите држат предавања :)

Имаше од Економски, Билјана Секуловска-Габер беше :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom