- Член од
- 14 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 162
Еве го.
Одборот е составен од 19 члена од кои осум од редот на професорите избрани од Интеруниверзитетската конференција, соодветно на застапеноста на универзитетите според нивното учество во вкупниот број на прв пат запишани студенти во студиска година, два члена од Македонската академија на науките и уметностите, еден претставник на најрепрезентативното тело на работодавачите, еден член од интеруниверзитскиот парламент на студентите и седум члена именувани од Владата на Република Македонија, од кои најмалку половината се од редот на професорите на високообразовните установи.
Членови на Одборот не можат да бидат лица избрани за ректор и проректор на универзитет, декан на факултет, односно директор на висока стручна школа и директор на научна установа која изведува високообразовна дејност. Членовите на Одборот се избираат за период од четири години. Едно лице не може да
биде избрано повеќе од двапати едноподруго. Членовите на Одборот се независни и самостојни во својата работа и не можат да бидат отповикани пред истекот на времето за кое се избрани, освен кога на член на Одборот му престанал статусот на професор во работен однос по кој било основ, кога е
именуван или избран на функција заради која не би можел да биде избран за член, кога Одборот констатира дека членот подолго од шест месеца не е во состојба да ги врши обврските и кога постои конфликт на интерес утврден со закон. Конститутивната седница на Одборот ја свикува министерот надлежен за работите на високото образование. Претседателот на Одборот, кој, Владата на Република Македонија го именува од редот на членовите на Одборот, го претставува и застапува Одборот