Темава ја отворам со намера да ги актуелизирам се почестите гласини кои кружат наоколу за тоа какви (нови) автомобили може да ни се случи да купиме кај домашните дилери и увозници. Многу пати на ново купено возило се случува вратите да не се затвораат баш најдобро и низ нив да дува, чести дефекти во електричната инсталација, чудни звуци од под хаубата...
Има ли некој од вас вакво искуство?
Мој пријател кој пред 5 години купи Citroen C4, пред година дена ми раскажа што му се случило. Колата јакупи со голем мерак, мачно собираше пари за учество за да крене лизинг или кредит, многу се радуваше кога седна во нејзе. Ми се чини немаше посреќен човек од него зад воланот во период од 3 години додека не му се случи еден миг кој ептен му го расипа филмот.
-По долги години сосема случајно сретнува пријател, другар од детството со кој израснал во исто маало. Човекот веќе подолг период бил надвор од земјава, оженет и спастрен во Франција. При муабет кој, шточ како вози, дошла темата и на неговата C4-ка. Дугаров веднаш го прашал мојот пријател каде го купил возилото и колку го платил. Му рекол„земи метро и бидејки ти е паркирано на речици идеално рамна подлога, измери ги сите ќошиња на крилата колку се оддалечени од подлогата, измери ги растојанијата помеѓу затворените врати, хауби и крилата, и после запали го моторот и влези внатре за да видам нешто. До тој миг мојот пријател воопшто не знаел дека неговиот другар од детството работи како final control во фабрика na Citroen во Франција. И да не должам многу, после направените контроли на возило кое до тој миг немало минато повеќе од 12.000 км муабетот дошол од прилика вака:
„Кој ти го продаде аутово за тие пари (мислам дека го чинеше околу 14.000 евра), да одиш и одма да го убиеш! Ова е кола од оние кои после контрола за да не ги враќаме повторно на лента ги продаваме како возила од 3-та или 4-та класа но исклучиво за сервиси, дилери и слично кои сами ќе си го одржуваат возилото за да не се ремети угледот на компанијата. Во ниеден случај вакво возило не смее да дојде до краен купувач кој ќе го плати со полна цена. Инаку, ново, ова возило не чини повеќе од 4-5.000 евра.“
Имам слушнато уште најмалку 2 вакви слични приказни каде за жал купувачите сами дошле до заклучок дека се на извесен начин измамени.
Значи, некои дилери набавуваат возила од 3-та и 4-та класа а овде ни ги продаваат како прва класа и со цена повисока дури и од цената во ЕУ правдајки се со високи трошоци зашто сме биле мал пазар.
Што мислите вие за ова и какви се вашите искуства и информации доколку ги имате?