Научниците тврдат дека се блиску да ја остварат 200-годишната цел на воспоставување универзален Меѓународен систем за мерни единици заснован врз стабилни количества, благодарејќи на напредокот кон постигнувањето на нова дефиниција за килограмот.
Килограмот е единствена мерна единица во Меѓународниот систем за мерни единици (СИ) која и понатаму го дефинира физичкиот објект - прототип од платинум и иридиум кој се чува во трезорот на Меѓународното биро за тегови и мерки во Париз (БИПМ).
Стабилноста на килограмот е од клучно значење, бидејќи претставува основа за многу други мерни единици. Мерењата, меѓутоа, покажаа дека прототипот во последните околу 100 години загубил околу 50 микрограми од својата тежина (помала од зрно песок), што го натерало БИПМ да се обиде да развие нова дефиниција за килограмот, заснована врз фундаменталното физичко својство.
Научниците денеска ќе се соберат во Британската академија на науките со цел да ја претстават својата работа на редефиниција на килограмот согласно „Планковата константа“, фундаментална константа на квантната физика.
„Постигнат е меѓународен консензус килограмот да се редефинира во блиска иднина врз основа на фиксната вредност на Планковата константа“, изјави Мајкл Сток, физичар во БИПМ.
Тој додаде дека научниците спроведуваат експерименти поради воспоставување врска меѓу масата и Планковата константа со споредување на мерењата на електричната и механичката сила.
Новата дефиниција за килограмот нема да може да се применува се додека резултатите од истражувањата, кои се спроведуваат во лабораториите ширум светот, не се совпаднат.
Меѓународниот систем за мерни единици е најкористениот мерен систем во светот на полето на трговијата и науката. Него го сочинуваат седум основни единици - метар, килограм, секунда, ампер, келвин, мол и кандела, од кои секоја претставува различно физичко количество.
Неговото потекло датира уште од 18. век, а меѓународно е признат како стандарден метрички систем од 60-тите години на минатиот век.
И метарот некогаш се дефинираше како растојание меѓу две линии на прототипот од платинум и иридиум, но денес се дефинира со брзина на светлината.
Убоо збореше професорот ние не го слушавме...
Ама јас се радувам нови пресметки