Наскоро нова дефиниција за килограм

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Научниците тврдат дека се блиску да ја остварат 200-годишната цел на воспоставување универзален Меѓународен систем за мерни единици заснован врз стабилни количества, благодарејќи на напредокот кон постигнувањето на нова дефиниција за килограмот.

Килограмот е единствена мерна единица во Меѓународниот систем за мерни единици (СИ) која и понатаму го дефинира физичкиот објект - прототип од платинум и иридиум кој се чува во трезорот на Меѓународното биро за тегови и мерки во Париз (БИПМ).

Стабилноста на килограмот е од клучно значење, бидејќи претставува основа за многу други мерни единици. Мерењата, меѓутоа, покажаа дека прототипот во последните околу 100 години загубил околу 50 микрограми од својата тежина (помала од зрно песок), што го натерало БИПМ да се обиде да развие нова дефиниција за килограмот, заснована врз фундаменталното физичко својство.

Научниците денеска ќе се соберат во Британската академија на науките со цел да ја претстават својата работа на редефиниција на килограмот согласно „Планковата константа“, фундаментална константа на квантната физика.

„Постигнат е меѓународен консензус килограмот да се редефинира во блиска иднина врз основа на фиксната вредност на Планковата константа“, изјави Мајкл Сток, физичар во БИПМ.

Тој додаде дека научниците спроведуваат експерименти поради воспоставување врска меѓу масата и Планковата константа со споредување на мерењата на електричната и механичката сила.

Новата дефиниција за килограмот нема да може да се применува се додека резултатите од истражувањата, кои се спроведуваат во лабораториите ширум светот, не се совпаднат.

Меѓународниот систем за мерни единици е најкористениот мерен систем во светот на полето на трговијата и науката. Него го сочинуваат седум основни единици - метар, килограм, секунда, ампер, келвин, мол и кандела, од кои секоја претставува различно физичко количество.

Неговото потекло датира уште од 18. век, а меѓународно е признат како стандарден метрички систем од 60-тите години на минатиот век.

И метарот некогаш се дефинираше како растојание меѓу две линии на прототипот од платинум и иридиум, но денес се дефинира со брзина на светлината.

Убоо збореше професорот ние не го слушавме...
Ама јас се радувам нови пресметки :) :vozbud:
 
И така не крадат на пазар сега уште повеќе со слабеењево килограмово....
 
И така не крадат на пазар сега уште повеќе со слабеењево килограмово....
Немај мака, никој нема да ти мери кило шеќер со оригинал мерката, ќе си ги добиеш тие 50 микрограми.

Скај читав за ова на он.нет пред некој ден, ама сакав да почекам да видам дали ќе има нешто, да не остане само на шпекулација.
 
Не ми се верува дека ќе остане само на шпекулации, мислам дека нешто и во овие моменти се случува во тие лаборатории.
Секој ден се нешто пронаоѓаат, можеби оваа информација да е стара но дури овие денови објавена, ништо не се знае.
Но јас останувам во тек со настанов :)
 
Сигурно ќе излезат со некоја нова дефиниција ама не гледам што е толку возбудливо околу тоа.
 
Сигурно ќе излезат со некоја нова дефиниција ама не гледам што е толку возбудливо околу тоа.

Незнам со што се занимаваш.
Јас се занимавам со Хемија и Физика.
Ваљда сега ти станува јасно зошто јас сум “возбуден’’.
:smir:
 
Мене уште не ми е јасно :)

Ај нека ми објасни некој што е толку интересно. Килограмот ке си остане килограм во секоја формула само поинаку ке се дефинира.
 
Тоа значи дека кога ќе купиш нешто од 1кг тоа нема да има 1000 грама туку можеби ќе тежи 999,99999 грама бидејќи тоа нешто ако ти го чуваш повеќе од 50 години да кажеме некакво злато, ќе изгуби толку од својата тежина.
Прашање е само како и кога ќе успеат за се да израчунаат за колку време ќе ја намали својата грамажа.

Ова мислам игра голема улога златото, среброто и сите други скапи руди.
Значи цената ќе им биде иста но ќе ви дадат помала грамажа од 1000грама бидејќи вие никогаш нема да купите голема количина на злато.
Наменето е за “големите“ оние кои водат банки,држави, тие си инвестираат најверојатно во ова истражување за да имаат корист, т.е поевтино да си го купат златото. Со причина ние ќе го чуваме наредни 200 години до тогаш ќе изгуби толку и толку од масата.
 
Да живеам 200 години, па нека изгуби и 2 грама нема да ми значи многу. :) Само да си поживеам 200 години, повеќе не ми треба.
Да те поправам дека златото, среброто,... не се скапи руди, туку благородни метали. Платината е поскапа од нив, многу поскапа.

Е, сега, во врска со топикот, нормално е со текот на времето да се врши калибрирање на мерните единици и дополнувања на веќе постоечките стандарди. Начинот на пресметување си останува ист, со мала исправка.
Ако добро ви текнува за тоа g=9,81 m/s, не е секаде 9,81. Земено е како репер. Но, се смета за точна секоја пресметка. Значи, има толеранција, но не мора да биде таа обележана на секоја пресметка.
 
Тоа значи дека кога ќе купиш нешто од 1кг тоа нема да има 1000 грама туку можеби ќе тежи 999,99999 грама бидејќи тоа нешто ако ти го чуваш повеќе од 50 години да кажеме некакво злато, ќе изгуби толку од својата тежина.
Прашање е само како и кога ќе успеат за се да израчунаат за колку време ќе ја намали својата грамажа.

Ова мислам игра голема улога златото, среброто и сите други скапи руди.
Значи цената ќе им биде иста но ќе ви дадат помала грамажа од 1000грама бидејќи вие никогаш нема да купите голема количина на злато.
Наменето е за “големите“ оние кои водат банки,држави, тие си инвестираат најверојатно во ова истражување за да имаат корист, т.е поевтино да си го купат златото. Со причина ние ќе го чуваме наредни 200 години до тогаш ќе изгуби толку и толку од масата.

Шо зборуваш глупости? Финтата е што се обидуваат да му дадат физичка смисла на поимот/мерката килограм преку некоја апсолутна природна појава/процес. Сте ги читале вие дефинициите за мерните единици во основно и средно или препишувавте формули и единици па не ве заинтересирало нешто да научите?

Еве како некои од единиците се ФИЗИЧКИ дефинирани:

Метар:
Since 1983, it is defined as the distance travelled by light in vacuum in 1⁄299,792,458 of a second.

Секунда:
Since 1967, the second has been defined to be
the duration of 9,192,631,770 periods of the radiation corresponding to the transition between the two hyperfine levels of the ground state of the cesium 133 atom.[1]

Келвин (или степен целзиусов, големината и на двете е иста):
The kelvin, unit of thermodynamic temperature, is the fraction 1/273.16 of the thermodynamic temperature of the triple point of water.

....останатите прочитајте ги овде

Како шо гледате моментално килограмот е дефиниран како маса која е еднаква на прототипот кој се чува во Париз. Значи на некој му текнало порано еве овај тегов ќе означува 1 кг и оттогаш според него се одредува колку е еден кг. Е сега пробуваат да најдат физички процес кој ќе го опиши килограмот на универзален начин од типот:

- 1 килограм е масата на....не знам сега....472919 х 10 на 25 степен молекули Н20....нешто во тој стил. Пак на пазар за кило портокали ќе добивате отприлика 4 ако се поголеми, ама сигурно нема да добивате 2 или 6 :)
 
Ако добро ви текнува за тоа g=9,81 m/s,

Мала исправка: g=9,81 m/s^2, за да биде забрзување, инаку би било брзина... Не знам сега напамет за која СГШ важеше ова...

Инаку за оние кои се занимаваат со оваа проблематика, ова е доста интересна работа, затоа што како што и пишува погоре, единицата килограм е единствената од основните во СИ, која всушност не е дефинирана со некој физички процес или физичка константа. За оние кои се занимаваат со прецизни мерења (не оние на пазар), ова е и те како значајно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom