Gospel, за плукање, казната изнесува 50 Евра! (Ха-ха-ха!).
Ха ха ха...а знаеш ли Ти, колку ќе те „ опнат“ Тебе за „ какање какушки“??? Сето ова што си го напишал не претставува ништо друго освен „ какање какушки “ кое што нема никаква врска со Христијанството!!!!
Што мислиш Ти, секаде каде што ќе посакаш можеш да клекниш и да „ какаш“ ???
А што се однесува од одговорот кон твоето прашање, те го:
„.... И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивите било преку нашето слово, било преку нашето послание...„. (Второ Павлово, 2.15).
Ха Ха Ха....и ти го прочита зборот ПРЕДАНИЕ и си рече го „ кутнав “ госпел, му ставив стих под нос и нема повеќе да ми прпа, така? ...само без да размислуваш што сакал авторот на текстот да ти пренеси!!!
Од брзање си заборавил, дури и да го ставиш името на Посланието каде што е запишан стихот. ( Втори Павлови посланија или Писма има неколку)
Но да почнеме со ред:
Вие православните тврдите дека освен Библијата го имате и преданието. Но во стихот што си го цитирал, апостол Павле вели : држете ги преданијата ....(а не преданието...)
Овдека станува збор за повеќе преданија. Но што во овој стих означува зборот предание? Дали преданието што го држат православните или нешто сосема друго?
Православните велат дека преданието е она што „усно“ е предадено на црквата од апостолите и светите отци. Или со други зборови, се она што не го запишале апостолите во Библијата, туку „ усно “ го пренеле на верните во Исуса Христа т.е. на црквата.
Во стихот од (2 послание на апостол Павле до Солунјаните 2:15) се вели: „ И така браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето СЛОВО, било преку нашето ПОСЛАНИЕ.“
Би те запрашал, дали знаеш што значи зборот СЛОВО, а што зборот ПОСЛАНИЕ?
Зборот СЛОВО = БУКВА, ТЕКСТ, НЕШТО ШТО Е ЗАПИШАНО, НАПИШАНО, НЕШТО ШТО СЕ ЧИТА. (но во никој случај „усно “ кажано)
Зборот ПОСЛАНИЕ = ПИСМО, ФЕРМАН, ИСПРАТЕН ЗАПИС.
Значи со други упростени зборови, апостол Павле им вели:
Држете го она што ви го ПРЕДАДОВМЕ (јас Павле и останатите Апостоли) било преку нашето СЛОВО ( буква, текст, а во овој случај ги подразбира ЕВАНГЕЛИЈАТА кои што во тоа време се напишани и кружат помеѓу Црквите за верните да се поучуваат од нив, затоа што сеуште Библијата како целина не е канонизирана); било преку нашето ПОСЛАНИЕ или ПИСМО ( во Новиот Завет освен Евангелијата ги имаме и Посланијата или Писмата од Павле, Петар, Јован....кои што биле испраќани до сите цркви во тоа време и кружеле помеѓу црквите, за верните да се поучуваат од тие писма на апостолите, затоа што Библијата сеуште се пишувала и се надополнувала).
Апостол Павле и во едниот и во другиот случај ни препорачува да го држиме она што ни е Предадено, но запишано како Евангелие и Послание или Писмо, но во никој случај НЕ како што тоа го тврди Православието, дека освен Библијаат постои и „ усно“ предание и дека треба тоа да го држиме.
Се она што се пренесува и е запишано, не можи да подлежи на промени и измени, но се она што се пренесува усно, подлежи на промена, затоа што едниот едно кажал, другиот друго разбрал и поинаку кажал, а третиот слушнал сосема трето.
Точно е дека евреите имале усно предание од нивните татковци кои што го пренесувале од колено на колено ( и ден - денес го имаат и се вика МИШНА. Тоа било усно предание кое што е запишано дури после 4 век и денеска е дел од Еврејскиот Талмуд).
Но што правиме со овие Библиски стихови кои го осудуваат усното ПРЕДАНИЕ:
Матеј:
15:3 А Он (Исус) им одговори и рече: “Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
(Исус не им вели „нашето предание“, туку „вашето предание“ т.е. нешто што не е негово, Исусово)
Марко:
7:9 И (Исус) им рече: “И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го пазите вашето предание.
(повторно Исус им вели „вашето“ а не „нашето“ или Моето предание)
Марко 7:13: ... престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предавале вие....
(да не се повторувам.....алудира на нешто што не е негово, Исусово или Христијанско)
Колошаните:
2:8 Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, *
а не по Христа;
*(по Христа има единствено тоа што е запишано, а тоа е Библијата, и никакви други филозофии и човечи преданија, кои што Павле ги нарекува „празна измама“ и „стихии на светот“)
Намерно болтувам дел од зборовите, за да не ти текне да не ги видиш...А за возврат, се надевам дека ќе ме убедиш дека не сум во право-со библиски цитат, нормално!
И јас се надевам.....со Библиски цитат.....нормално!
Со почит, Госпел.