Не бев верник, бидејќи не знаев што е вера. Во моето семејство имаше слога, достоинство, принципи но , не и вера. Сум плачела како малечка кога за Велигден ке вапцуваа мајки на други деца јајца, а кај нас не, едноставно така беше, се под контрола, а потоа тоа стана навика. Режимот беше завршил, и можеше да се посети црква. Библијата за нас беше најстара книга на светот а, црквата место каде се пали свеќа. Библијата сакав многупати да ја читам но, ми бегаше од рацете. Во црква влегов да запалам свеќа. Но, влегов и во многу други цркви, да видам како се уредени. И почна. Време на искушенија и големи семејни загуби. Во еден момент сретнав човек кој сакаше да ми биде пријател, не сваќав што тоа значи се додека не ме упати во бибијата и во верата. Тогаш сватив дека сум многу сакана, дека цела моја лутина на животот е искушение. Сватив дека се што се случи се само големи лекции кои ги научив и тоа како. И решив. Вардар е мојата света вода, а мојот пријател, мој крстител. Еден многу пријатен Петар е мојот кум. Симболиката на крштевањето е стариот умира и се раѓа новиот човек- верникот. Имав три знаци. Светина во снопови во мојот дом, мирис на јасмин кој доаѓа од сите страни и лебдење во воздух неколку скали. Почнав да ги гедам нештата со срцето, не со очите и разумот. Разумот држи лутина и расудува, суетен е и превртлив. Господ е со нас и меѓу нас, сакале да веруваме или не. Ние не сме му дале пат да влезе во нашите срца. Животот е многу убав ако го поканите и ако е со вас и до вас.
Кога ме измачуваше едно прашање кое постојано си го повторував во тешките моменти- зошто? Пријателот ми одговори, најди ја во Исусовите страдања смислата, се е од човечка бездушност. Својот те предава , својот те убива. Овој свет би бил многу убав ако луѓето научат да се сакаат како што ги љуби Бог. Но, богатиот по материјално богатство е во свој свет и не знае за несреката на сиромавиот. Болестите шетаат по уѓето, луѓето умираат.
Кога ни се случи трагедијата со Тоше повторно имав потреба од одговори, можеби еден од некокуте е вистинскиот но, овој пат тоа ќе го задржам за себе. Една мисла од филозоф ме смири- радувај се затоа што беше со нас, наместо да тагуваш што го изгубивме. Ако ја гледаме позитивната страна на нештата и животот, ако знаеме да помагаме, и нам ќе ни биде дадено. Бидејќи оној кој знае да даде , знае и да добие, оној кој знае да сака, знае и да прими љубов. Оној кој знае да простува, нему ќе му биде простено.
И базата на семејството според мене е верата. Сите одговори ги има во Библијата. И за бизнисите и пријателствата се во Библијата. Тоа се толку пријатни нечии искуства кои ако ги разбереме ќе знаеме да ги применуваме.
Како болните се лечат со допир и нежност, како децата се воспитуваат со поуки, мажот и жената се едно и се почитуваат и сакаат постојано, родителите се почитуваат, бројот на верни пријатели е 11, 12тиот ќе те предаде, и за бизнисите е исто, може да се имаат 11 партнери но, 12 тиот е предавник, 6те дена се за работа а 7миот е за Бог, а тој се сави со љубов и читање, или шетање ии одење во Црква. Тоа е една дисциплина, одговорност, позитивна енергија. Сега не одам во црква да запалам свеќа, сега одам да се помолам за убави нешта. Сега не одам во црква да видам како е уредена, сега одам дома, сега не е Библијата најстарата книга на светот туку Библијата е мојот прирачник за добар живот.
Искрено би сакала секој да размисли ако го чита постот која ми е пораката и одговорот на прашањето.