Откажување од верата - Искушениа

K

kalimer0

Гостин
Прашањето е за верниците, дали ви се има случено во некој тежок момент да речете нема Бог, Бог не постои бидејќи доколку постоел Вие не би биле во таа ситуација?
Мене ми се има случено вакво нешто, посебно доколку сум во некое тешко искушение. Сепак после кратко време сваќам што сум направил и се молам барајќи прошка бидејќи преку тие искушенија Бог не тестира дали ќе ја изгубиме вербата во Него.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.856
Поени од реакции
8.406
Премногу неправда има на овој свет за да се верува дека постои нешто горе кое за сите мисли добро.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Мене ми е многу интересно прашањето дали веруваш во Бог?
Дали веруваш е едно а дали мислиш дека е правичен,е друго според мене.
Значи ти веруваш во него,ама во искушение мислиш дека те остава на цедило.
Зашто да би те искушувал?Ако одиме од кажувањето како е милозлив и добар зашто би си играл со тебе?
Какви тестови???Како на школо ли???
 
AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Мене ми е многу интересно прашањето дали веруваш во Бог?
Дали веруваш е едно а дали мислиш дека е правичен,е друго според мене.
Значи ти веруваш во него,ама во искушение мислиш дека те остава на цедило.
Зашто да би те искушувал?Ако одиме од кажувањето како е милозлив и добар зашто би си играл со тебе?
Какви тестови???Како на школо ли???
Да се надополнам - зошто толку невини умираат од природни катастрофи секој ден?
Зошто милиони деца гладуваат и умираат од глад?
Веќе ми е смачено да пробувам да објаснам некои прости работи...
 
Најверојатно за да види дали ја губиме вербата во него бидејќи лесно е кога ќе најдеш 100 000 денари на улица да викаш да Бог постои и бидејќи бев праведна личност ги добив овие пари но дали би го викал истото доколку ти се случи некоја несреќа ? Инаку и Исус бил во искушенија, кога бил во пустината и гладувајќи цел ден змијата му рекла нешто како "Ти имаш моќ земи го каменов и претвори го во леб така ќе се најадеш" но Исус иако бил гладен не потклекнал пред искушението.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
75
Поени од реакции
17
Веќе немам живци да дискутирам на вакви слични теми. Затоа еве неколку мисли од луѓе многу поителегентни од вас (знаете на кого мислам). Прочитајте ги, размислите и пробајте да ги разберете (доколку вашата интелегенција го дозволува тоа) :raz:

Is God willing to prevent evil, but not able?
Then he is not omnipotent.
Is he able, but not willing?
Then he is malevolent.
Is he both able and willing?
Then whence cometh evil?
Is he neither able nor willing?
Then why call him God?
- Epicurus
omnipotent (семоќен)
malevolent (посакува зло на другите)
-----
Faith means not wanting to know what is true.
- Friedrich Nietzsche

-----
The fact that a believer is happier than a skeptic
is no more to the point than the fact that a drunken man
is happier than a sober one. - George Bernard Shaw
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Најверојатно за да види дали ја губиме вербата во него бидејќи лесно е кога ќе најдеш 100 000 денари на улица да викаш да Бог постои и бидејќи бев праведна личност ги добив овие пари но дали би го викал истото доколку ти се случи некоја несреќа ? Инаку и Исус бил во искушенија, кога бил во пустината и гладувајќи цел ден змијата му рекла нешто како "Ти имаш моќ земи го каменов и претвори го во леб така ќе се најадеш" но Исус иако бил гладен не потклекнал пред искушението.
Ако јас живеам на земјата за некој да се занимава со мене,како ние со глувците заморчиња,тогаш однапред би го замолил да не ме искушува и испитува.
Смешно е како има Библијата одговор на сите прашања па и на ова дека злото што ќе ти се случи било тест и што те знам.
Јас сакам да најдам 100 00 денари на улица и што има толку лошо во тоа?
Можеби навистина тогаш ќе верувам дека ете е грижлив и дека се грижи за мене или тебе,а не суров и испитувач како што го прикажа прееска ти.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Прашањето е за верниците, дали ви се има случено во некој тежок момент да речете нема Бог, Бог не постои бидејќи доколку постоел Вие не би биле во таа ситуација?
Мене ми се има случено вакво нешто, посебно доколку сум во некое тешко искушение. Сепак после кратко време сваќам што сум направил и се молам барајќи прошка бидејќи преку тие искушенија Бог не тестира дали ќе ја изгубиме вербата во Него.
Опасен е, поштено. :toe:
Ќе се запишам и јас кај него. А тестовите многу тешки се?
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Да се надополнам - зошто толку невини умираат од природни катастрофи секој ден?
Зошто милиони деца гладуваат и умираат од глад?
Веќе ми е смачено да пробувам да објаснам некои прости работи...
И ја да се надополнам.

Зошто ставаат громобрани на црквите?
Зошто поповите се пијаници и курваришта? (океј, чест на исклучоци)
Ако е толку добар и кул зошто еднаш не се симне тука и да види како живееме?

п.с. И шта је са педесет милиона непријављених Кинеза? Шутимо, а? Они копају тунеле!
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.123
Поени од реакции
3.987
И исто не се пишува одкажување туку откажување...
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Не бев верник, бидејќи не знаев што е вера. Во моето семејство имаше слога, достоинство, принципи но , не и вера. Сум плачела како малечка кога за Велигден ке вапцуваа мајки на други деца јајца, а кај нас не, едноставно така беше, се под контрола, а потоа тоа стана навика. Режимот беше завршил, и можеше да се посети црква. Библијата за нас беше најстара книга на светот а, црквата место каде се пали свеќа. Библијата сакав многупати да ја читам но, ми бегаше од рацете. Во црква влегов да запалам свеќа. Но, влегов и во многу други цркви, да видам како се уредени. И почна. Време на искушенија и големи семејни загуби. Во еден момент сретнав човек кој сакаше да ми биде пријател, не сваќав што тоа значи се додека не ме упати во бибијата и во верата. Тогаш сватив дека сум многу сакана, дека цела моја лутина на животот е искушение. Сватив дека се што се случи се само големи лекции кои ги научив и тоа како. И решив. Вардар е мојата света вода, а мојот пријател, мој крстител. Еден многу пријатен Петар е мојот кум. Симболиката на крштевањето е стариот умира и се раѓа новиот човек- верникот. Имав три знаци. Светина во снопови во мојот дом, мирис на јасмин кој доаѓа од сите страни и лебдење во воздух неколку скали. Почнав да ги гедам нештата со срцето, не со очите и разумот. Разумот држи лутина и расудува, суетен е и превртлив. Господ е со нас и меѓу нас, сакале да веруваме или не. Ние не сме му дале пат да влезе во нашите срца. Животот е многу убав ако го поканите и ако е со вас и до вас.

Кога ме измачуваше едно прашање кое постојано си го повторував во тешките моменти- зошто? Пријателот ми одговори, најди ја во Исусовите страдања смислата, се е од човечка бездушност. Својот те предава , својот те убива. Овој свет би бил многу убав ако луѓето научат да се сакаат како што ги љуби Бог. Но, богатиот по материјално богатство е во свој свет и не знае за несреката на сиромавиот. Болестите шетаат по уѓето, луѓето умираат.

Кога ни се случи трагедијата со Тоше повторно имав потреба од одговори, можеби еден од некокуте е вистинскиот но, овој пат тоа ќе го задржам за себе. Една мисла од филозоф ме смири- радувај се затоа што беше со нас, наместо да тагуваш што го изгубивме. Ако ја гледаме позитивната страна на нештата и животот, ако знаеме да помагаме, и нам ќе ни биде дадено. Бидејќи оној кој знае да даде , знае и да добие, оној кој знае да сака, знае и да прими љубов. Оној кој знае да простува, нему ќе му биде простено.

И базата на семејството според мене е верата. Сите одговори ги има во Библијата. И за бизнисите и пријателствата се во Библијата. Тоа се толку пријатни нечии искуства кои ако ги разбереме ќе знаеме да ги применуваме.

Како болните се лечат со допир и нежност, како децата се воспитуваат со поуки, мажот и жената се едно и се почитуваат и сакаат постојано, родителите се почитуваат, бројот на верни пријатели е 11, 12тиот ќе те предаде, и за бизнисите е исто, може да се имаат 11 партнери но, 12 тиот е предавник, 6те дена се за работа а 7миот е за Бог, а тој се сави со љубов и читање, или шетање ии одење во Црква. Тоа е една дисциплина, одговорност, позитивна енергија. Сега не одам во црква да запалам свеќа, сега одам да се помолам за убави нешта. Сега не одам во црква да видам како е уредена, сега одам дома, сега не е Библијата најстарата книга на светот туку Библијата е мојот прирачник за добар живот.

Искрено би сакала секој да размисли ако го чита постот која ми е пораката и одговорот на прашањето.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Да се роделе Исус и Мухамед во Етиопија, најверојатно би умреле од мувата це-це... или таму нема Бог?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom