Ако се трудите да дадете одговор на прашањето дали е можно да е стар 14000 години, дали е возможно да се сретнал со Буда и некои други елементи кои само ја носат главната порака на филмот според мене е гледање на филмот од погрешен аспект, можеби од Месечината хаха:pos2: .Главната порака на филмот е многу по суштествена, сака да ја покаже моќта на времето, природата на луѓето, имагинацијата.Мене баш ми се допадна филмов, али имаше моменти кај што ја претераа.
Човекот се погодил во точно време на точно место, ај да речеше дека се познавал само со Ван Гог, али што знам, мене ми е преголема случајност да се знае со повеќемина од најголемите луѓе во историјата.
Друго, невкусно беше тоа што испадна дека тој бил Исус.
Трето, пријателите негови многу внимание обрнаа на прашања за религии. Требаше и на други сегменти да обрнат внимание.
И четврто, делумно исто со второво, кај се погоди баш тој син да му биде. Пак ќе речам, преголема случаајност.
Јас на ум имав подобар крај од дадениот, за мене барем. Не требаше да испадне дека тој крупниот му е син. Требаше да не остават да се чудиме сите дали навистина е точно тоа што го зборувал. Нешто како во К-ПАКС.
Нештата се секогаш такви какви што треба да бидат едноставни, заземјени времето и човечката имагинација на моменти и глупавост ја носат нивната мистичност и Исус и Буда некогаш биле само обични луѓе.Инаку сите сме стари колку што е стара нашата Земја можеби и универзумот, мудри ко старци во нас длабоко тлее се човечко