DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
28 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
Мене баш ми се допадна филмов, али имаше моменти кај што ја претераа.
Човекот се погодил во точно време на точно место, ај да речеше дека се познавал само со Ван Гог, али што знам, мене ми е преголема случајност да се знае со повеќемина од најголемите луѓе во историјата.
Друго, невкусно беше тоа што испадна дека тој бил Исус.
Трето, пријателите негови многу внимание обрнаа на прашања за религии. Требаше и на други сегменти да обрнат внимание.
И четврто, делумно исто со второво, кај се погоди баш тој син да му биде. Пак ќе речам, преголема случаајност.
Јас на ум имав подобар крај од дадениот, за мене барем. Не требаше да испадне дека тој крупниот му е син. Требаше да не остават да се чудиме сите дали навистина е точно тоа што го зборувал. Нешто како во К-ПАКС.
Ако се трудите да дадете одговор на прашањето дали е можно да е стар 14000 години, дали е возможно да се сретнал со Буда и некои други елементи кои само ја носат главната порака на филмот според мене е гледање на филмот од погрешен аспект, можеби од Месечината хаха:pos2: .Главната порака на филмот е многу по суштествена, сака да ја покаже моќта на времето, природата на луѓето, имагинацијата.
Нештата се секогаш такви какви што треба да бидат едноставни, заземјени времето и човечката имагинација на моменти и глупавост ја носат нивната мистичност и Исус и Буда некогаш биле само обични луѓе.Инаку сите сме стари колку што е стара нашата Земја можеби и универзумот, мудри ко старци во нас длабоко тлее се човечко :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Од почеток да почнам. Филмов го немав гледано, ми имаа кажувано за него и сега кога видов дека е ставен во темава го симнав и само што го изгледав.
Значи стварно незнам. Од една страна 8цата на ИМДБ е доста реална, ама од друга по малку ја претерале со приказната. Се знаел со Будал - ДОБРО, се знаел со Ван Гог и овој му подарил слика - ДОБРО, ама она со Исус беше стварно претерано. Можеби веќе ако сакале да биде некој од Библијата некој од Апостолите или ред други личности можеле да го направат. Плус мислам дека филмов ако траеше малку подолго можеби ќе откриеа дека дечково бил Наполеон или Александар Македонски (ако не и двајцата).
Ова со крајот и со син му беше да се разјасни приказната да не не остави да мислиме дали било лага сетоа ова што го зборуваше, дали ја измисли приказната, дали е лудак или се тоа што кажа е вистина. Тоа до некаде го сфаќам ама си стојам на тоа дека Исус им беше претерано.
Е сега како што неколку пати се кажа во филмот, на светов СЕ Е МОЖНО па зошто да не и некој да живее 14.000 години. Ако е тоа точно биологијата таква како што ја познаваме ќе биде целосно отфрлена и ќе се сфати дека всушност ние досега ништо не сме откриле во нашево постоење. Исто после филмов се поставува прашањето дали ако дебелиот пукаше во него тој ќе умреше, ќе се регенерираше или можеби повторно ќе воскреснеше:toe:
Како што кажа Роекнрола во првиот пост филмов е само за дискутирање и може многу страни да се изнапишат за него.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.233
Да не заборавиме типов се сретнал со Буда и уствари е Исус.
Па голем plot hole е ова зашто Буда е пред Исус, како може да се знае со него кога се родил после него :D Поголема логика е типов да е БОГ (таткото на Исус) но не Исус Христос зашто ипак Исус се родил па станал тоа што е. Иначе мене не ми се допаѓаше што испадна токму Исус да е типов, кога веќе го правеа сензација требаше да го направат и некој поголем од Исус, да речеме татко му негов. Делот со тој што испадна син дека му е не ми пречеше мене искрено. Тоа за 14 000 години дека живеел како што кажав преходно, заклучокот дека е Исус типов според мене е дупка во приказната, зашто Исус живеел пред 2011 години. Пред наша ера е пред раѓањето на Исус, а наша ера е од раѓањето на Исус па навака. Не сум некој по религииве али овие основни работи на секој му се познати де. Одамна го гледав па ако сум утнал нешто во приказнава поправете ме ;)
Концептот ми се допадна една просторија, раскажување па на моменти имаше елементи на документарец, се на се му давам позитивна оценка, а тоа дека има дупки во приказната факт е дека има.

Првиот пат ко го гледав еден другар на заебанција рече - овај накрај ќе испаднит Исус да е.
И јас истото го реков, исто на заебанција :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Можеме и влакно да најдеме во јајце, а не пак дупки во филм, особено во филм со Исус каде ништо не е сигурно.

Лошо сте го гледале филмот, и лошо сте ја сфатиле пораката. Одамна ми е гледан, не памтам многу филмови, но овој ми остави силен впечаток. Имаше еден момент каде што се обидува да им каже(толкување, не цитат):) Јас(Исус, или кој и да беше) никогаш не мислев дека ќе стигне до тука работата, да се убива во мое име, поповите да живеат во палати, луѓето да принесуваат жртви итн..

Утре може повторно ќе го изгледам, вреди повеќе пати да се изгледа овој филм.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Па голем plot hole е ова зашто Буда е пред Исус, како може да се знае со него кога се родил после него :D Поголема логика е типов да е БОГ (таткото на Исус) но не Исус Христос зашто ипак Исус се родил па станал тоа што е. Иначе мене не ми се допаѓаше што испадна токму Исус да е типов, кога веќе го правеа сензација требаше да го направат и некој поголем од Исус, да речеме татко му негов. Делот со тој што испадна син дека му е не ми пречеше мене искрено. Тоа за 14 000 години дека живеел како што кажав преходно, заклучокот дека е Исус типов според мене е дупка во приказната, зашто Исус живеел пред 2011 години. Пред наша ера е пред раѓањето на Исус, а наша ера е од раѓањето на Исус па навака. Не сум некој по религииве али овие основни работи на секој му се познати де. Одамна го гледав па ако сум утнал нешто во приказнава поправете ме ;)
Не си малце по логиката а не по религиите. Ок, Исус беше и Буда го запознал пред тоа. Знаеш каде грешиш? Од почетокот. Рече дека бил праисториски човек, потоа минувало времето па од Африка се преселил во Европа па потоа отишол во Индија и се запознал со Буда и со неговите знаење отишол на запад во Израел каде што ги искажувал филозофиите на Буда и така настанала приказната за Исус Христос. Сега појасно ти е? А?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
^ Не колку што разбрав. Ако раѓањето Исусово е факт, односно во Христијанството раѓањето на Исус е предвидено од пророци кои предвиделе дека Исус ќе го роди Дева Марија која ќе зачне преку Светиот Дух. Неговото прашање конкретно беше - Како може да се запознае со Буда доколку се родил векови после тоа? Меѓутоа ова е филм кој ги релативизира деталите и не можеш да се водиш стрикно по нив или по било какви историиски факти. Како што кажав поентава на филмот е да се даде човечка природа на се она што претходно било сметано за натприродно и божествено од страна на луѓето.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не си малце по логиката а не по религиите. Ок, Исус беше и Буда го запознал пред тоа. Знаеш каде грешиш? Од почетокот. Рече дека бил праисториски човек, потоа минувало времето па од Африка се преселил во Европа па потоа отишол во Индија и се запознал со Буда и со неговите знаење отишол на запад во Израел каде што ги искажувал филозофиите на Буда и така настанала приказната за Исус Христос. Сега појасно ти е? А?
И ја ова сакам да му го кажам али нели Исус беше роден од Дева Марија.

--- надополнето ---

Ако се трудите да дадете одговор на прашањето дали е можно да е стар 14000 години, дали е возможно да се сретнал со Буда и некои други елементи кои само ја носат главната порака на филмот според мене е гледање на филмот од погрешен аспект, можеби од Месечината хаха:pos2: .Главната порака на филмот е многу по суштествена, сака да ја покаже моќта на времето, природата на луѓето, имагинацијата.
Нештата се секогаш такви какви што треба да бидат едноставни, заземјени времето и човечката имагинација на моменти и глупавост ја носат нивната мистичност и Исус и Буда некогаш биле само обични луѓе.Инаку сите сме стари колку што е стара нашата Земја можеби и универзумот, мудри ко старци во нас длабоко тлее се човечко :)
Твојов аспект е многу филозофски за мене. Не сум по филозофијата, досадна ми е.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Тука се согласувам со тебе. Филмот требаше да заврши во оној момент кога им рече дека ги зафркава цело време.
Па немаше да биде интересно така. Немаше да остане простор за муабет дали типот ги фура или е озбилен. :)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
^ Не колку што разбрав. Ако раѓањето Исусово е факт, односно во Христијанството раѓањето на Исус е предвидено од пророци кои предвиделе дека Исус ќе го роди Дева Марија која ќе зачне преку Светиот Дух. Неговото прашање конкретно беше - Како може да се запознае со Буда доколку се родил векови после тоа? Меѓутоа ова е филм кој ги релативизира деталите и не можеш да се водиш стрикно по нив или по било какви историиски факти. Како што кажав поентава на филмот е да се даде човечка природа на се она што претходно било сметано за натприродно и божествено од страна на луѓето.
Раѓањето Исусово не е факт, исто како што и многу работи во библијата не се факти... раскажувано , прераскажувано... ако седнеш да бараш факти, ке увидиш дека нема логика во 90 % од приказните... така да сосема (теоретски) можно е човекот да не се родил во Израел, туку да дошол со учењата од Буда во Израел, а подоцна луѓето да си играле расипан телефон со дополнување и глорифицирање на неговиот живот... (како што и се случувало последниве 2000 години).
За последните две реченици потполно се сложувам.

Филмов е ремек дело, неколку релативно непознати актери, едно куќиче, фантастично осмислено сценарио и добиваш ремек дело со минимален буџет.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.233
^ Не колку што разбрав. Ако раѓањето Исусово е факт, односно во Христијанството раѓањето на Исус е предвидено од пророци кои предвиделе дека Исус ќе го роди Дева Марија која ќе зачне преку Светиот Дух. Неговото прашање конкретно беше - Како може да се запознае со Буда доколку се родил векови после тоа? Меѓутоа ова е филм кој ги релативизира деталите и не можеш да се водиш стрикно по нив или по било какви историиски факти. Како што кажав поентава на филмот е да се даде човечка природа на се она што претходно било сметано за натприродно и божествено од страна на луѓето.
Токму на тоа мислев, ако се води како факт тогаш утка им е тоа дека типот е Исус. Ама како што знаеме дека ништо не е сигурно тогаш ок може да им држи вода тоа, али нормално со тоа се менува цела религија (за оние порелигиозните).
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Па ако тој е Исус,значи цела библија паѓа у вода,така да фактот дека бил роден од Марија и се` друго што пишува во неа е лага,за чудата кои ги правел и сл,како што кажа тој бил ученик на Буда и сакал да го шири тоа што го научил од него,но луѓето малце ги испревртеле работите..the things got out of control и така се создало христијанството. :toe:
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
За филмов имам поделено мислење, арно ама појќе сум за "не". :)

Прво. Разбирам дека филмов беше нискобуџетен, ама глумата беше катастрофа. Како шо напомена Рокенрола ем девојката ем тој научникот, беа смешни. Реакциите на изненаденост.. хаха :icon_lol:

Приказната беше повуци-потегни, овај сум, тој сум, ве заебавам, се сеќавам, не се сеќавам. Гледам некои од вас го гледаат од друг аспект. Јас не си дозволив да го гледам така, едноставно не ме заинтригира до тој степен. Некако беше.. недообработен. За мене е просечен филм.
 
Член од
28 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
И ја ова сакам да му го кажам али нели Исус беше роден од Дева Марија.

--- надополнето ---



Твојов аспект е многу филозофски за мене. Не сум по филозофијата, досадна ми е.
Аналогно на ова треба и филмов да ти биде досаден, да беше некоја сапуница да те разберам ама за филмов тешко.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па немаше да биде интересно така. Немаше да остане простор за муабет дали типот ги фура или е озбилен. :)
Јас пак мислам обратно. Повеќе ќе се прашувавме дали лажеше, дали е вистина или она третото неизбежно на кое 90 % од филмските приказни се вадат - лудило.

--- надополнето ---

Па ако тој е Исус,значи цела библија паѓа у вода,така да фактот дека бил роден од Марија и се` друго што пишува во неа е лага,за чудата кои ги правел и сл,како што кажа тој бил ученик на Буда и сакал да го шири тоа што го научил од него,но луѓето малце ги испревртеле работите..the things got out of control и така се создало христијанството. :toe:
Види тоа во филмов е сосем небитно. Не е направен филмов за пропаганда. Ова е класична Ден Браун финта во филмскиот свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom