Ако се трудите да дадете одговор на прашањето дали е можно да е стар 14000 години, дали е возможно да се сретнал со Буда и некои други елементи кои само ја носат главната порака на филмот според мене е гледање на филмот од погрешен аспект, можеби од Месечината хаха:pos2: .Главната порака на филмот е многу по суштествена, сака да ја покаже моќта на времето, природата на луѓето, имагинацијата.Мене баш ми се допадна филмов, али имаше моменти кај што ја претераа.
Човекот се погодил во точно време на точно место, ај да речеше дека се познавал само со Ван Гог, али што знам, мене ми е преголема случајност да се знае со повеќемина од најголемите луѓе во историјата.
Друго, невкусно беше тоа што испадна дека тој бил Исус.
Трето, пријателите негови многу внимание обрнаа на прашања за религии. Требаше и на други сегменти да обрнат внимание.
И четврто, делумно исто со второво, кај се погоди баш тој син да му биде. Пак ќе речам, преголема случаајност.
Јас на ум имав подобар крај од дадениот, за мене барем. Не требаше да испадне дека тој крупниот му е син. Требаше да не остават да се чудиме сите дали навистина е точно тоа што го зборувал. Нешто како во К-ПАКС.
Нештата се секогаш такви какви што треба да бидат едноставни, заземјени времето и човечката имагинација на моменти и глупавост ја носат нивната мистичност и Исус и Буда некогаш биле само обични луѓе.Инаку сите сме стари колку што е стара нашата Земја можеби и универзумот, мудри ко старци во нас длабоко тлее се човечко


Поголема логика е типов да е БОГ (таткото на Исус) но не Исус Христос зашто ипак Исус се родил па станал тоа што е. Иначе мене не ми се допаѓаше што испадна токму Исус да е типов, кога веќе го правеа сензација требаше да го направат и некој поголем од Исус, да речеме татко му негов. Делот со тој што испадна син дека му е не ми пречеше мене искрено. Тоа за 14 000 години дека живеел како што кажав преходно, заклучокот дека е Исус типов според мене е дупка во приказната, зашто Исус живеел пред 2011 години. Пред наша ера е пред раѓањето на Исус, а наша ера е од раѓањето на Исус па навака. Не сум некој по религииве али овие основни работи на секој му се познати де. Одамна го гледав па ако сум утнал нешто во приказнава поправете ме 