wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 19.634
- Поени од реакции
- 34.025
Не успева секогаш "The fastest gun in the West" routine. Успева да замине, кога уствари нема motherfuckin beam of light. Како во обсерваториумот. Кога им демонстрираше: Adios. Aloha.Епа ако се му одело според планот, и се е така, зашто не си замина со тој зракот?
Не ви текнува на Teddy Daniels? Ме мрзи да пишам за филмот, ама here it goes. Незнам како ваква приказна, разрешена на сребрена чинија ве буни. Па барате некоја двосмисленост во двосмисленоста која постоела за сосема друга цел на прво место. Рокенрола, незнам како толку лошо си ја протолкувала хипнозата, кога таа беше првиот вистински индикатор дека Прот е од овде. Прот е уствари замисленото другарче на Роберт кое истото тој го користи за да побегне од болката, да ја блокира, за подоцна Роберт да помеша реалноста со фикцијата, и ради поназад споменатото, блокирање на болката да се соживее со Прот, кој доаѓа од преубава планета каде луѓето, пази ова: немаат фамилии. Разгледај ги убаво етапите на хипнозата. Првата меморија на Прот е кога бил повикан oд "другарчето му"/Пит/Роберт кога татко му, односно таткото на (тогаш го нарекуваа Пит) Роберт почина. Значи гледаме како бега од реалноста, како бега од болката. Следно беше кога женска му на другарчето/Пит/Роберт затруднела, целиот тој стрес, целата тензија.. и повторно се губи, каде бара утеха кај Прот. Крајното, кога му ја убијаа фамилијата, од преголема болка се исклучува од реалноста, другарчето/Пит/Роберт пак го бара Прот, додека тој се обидува да се убие. Психички, Роберт се удави таа вечер во водата. А врз умот и телото (кое не беше проонајдено) превзема Прот. Одтаму Спејси зборуваше во тоа лице, кое подоцна и се смени, веќе зборуваше во негово лице, како Роберт, за Сара, за Ребека.. еве и извадок од дискусијата за време на хипнозата кога зборуваше дека Роберт ќе се самоубивал:
Prot, I’m trying to help him. I can’t help him unless he tells me what happened.
He knows that.
Well, then, why won’t he tell me?
Because then, you would know.. what even he doesn’t want to know.
Разгледај и сцените кога Бриџис го однесе дома кај семејството, лулањето на девојчето, дискусиите со жена му. Се конектираше со реалноста. Гледаше слики, ги извади и наочарите, стана човек. И додека муабетот беше за фамилии, жената го праша нешто во стил дали тој има фамилија и слично, тој одма се дисконектираше, стави наочарите, и Протски респондираше дека на утопијата K-PAX нема фамилии. Кога сме кај тие сцени, зошто го фати паника од водата? Се присети. А, Рокенрола, метафоричното заминување во баш тој час, е дека баш во тој час, пред 5 години се случи трагедија. Каде Роберт метафорично умре.
Прот знаеше што ќе се случи на таа дата, точното што се случи. Затоа му напомена на докторот, сега, кога го нашол Роберт, да се грижи убаво за него (како што видовме во последните сцени). Имав нешто за пишување и за ѕвездите, за сцената што бевте запнале, ама ми избега мислата. Планирав сцена да ви ставам. Другпат.
--- надополнето ---
Инаку, не беа сите ментално нестабилни таму. Роберт само потиснуваше болка, инаку беше нормален. Сосема свесен да е способен да побегне од болницата на 3 дена. Инаку, ако се сеќавате Бес (девојката што исчезна) му рече една вечер дека знае што е. Како сакате преведувајте го ова, ама имајте на ум дека и фамилијата на Бес умрела во пожар. Значи на некој начин се исти. И затоа нејзе ја "зеде" со него. Другите ги спаси таму. Неа ваљда и покажал тајниот излез за бегање. Дека само неа не и беше помогнал..
--- надополнето ---
А предлог, гледајте пола час директ во сонцето, и вие ќе гледате секакви видови зраци после, што нормалното око не ги детектира. Еве, гледам интересна ви е двосмисленоста, дешифрирајте го ова.