RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Дека беше од друга планета...тешко.....ама делот каде што ги остави научниците подзинати ми беше врв.....не знам каков заклучок да донесам бидејки кога и да помислам дека беше само луд тогаш од каде ги знаеше сите тие работи...Па си го објаснувам сето тоа со реченицата дека "Помегу генијалноста и лудоста линијата е многу тенка"-реченица што не објаснува ништо но барем има реченица.
Јас му верувам на Порт во филмов. Не мислам дека беше луд, мислам дека Порт постоеше, а неговата конфузна приказна е доказ дека човековиот ум е ограничен. Неслучајно неговиот лик е сместен во лудница. Во прилог на тоа дека Порт постои оди она што го наведе ти за констелацијата на планетите, фактот што можеше да гледа ултравиолетови зраци и исчезнувањето на девојката. Телото на Роберт беше премногу свесно кога Порт се наоѓа во него, за потоа кога ќе го снема да западне во комплетно мртвило, без да проговори. Како е можно да предвиди во колку часот ќе го снема, камерите тогаш да престанат да работат, а потоа да не проговори? Каде бил Роберт дури пет години?