Златен Глобус 2011

Кој од овие филмови треба да освои Златен Глобус во категоријата Најдобра драма?

  • Вкупно гласачи
    55
Пошто не гледав, а видов во неколку коментари на темава го спомнаа тие што гледале, па онака сакам да знам што правел, дали презентирал нешто, доделувал награда или си го ладел само.
Ах..sorry ако испаднав нападен :D
Појма неам што правел :|
 
Malce sum razocaran sto pobedi Social Network, ama sum sreken sto za najdobra uloga vo Komedija zema Jim Parsons a.k.a Sheldon ! :D :vozbud:
 
Задоволна сум од изборот за Шелдон и Натали Портман, Social Network воопшто не очекував дека ќе биде награден, навивав за Black Swan, ама ај компензираа некако со Портман. :)

И ме натераа да гледам Glee. :)
 
Јас бев за Black Swan ама пишав одамна дека The Social Network е точно од типот на филмови кои овие награди ги преферираат. Така да нема ништо изненадувачки. Фаворит ќе биде и за Оскар. Мило ми е што Инсепшн не освои ништо. Се читаме утре, фајронт! :)

Ајде сега реално да збориме, сакаш да ми кажеш дека филм за Фејсбук е подобар од Inception? Од сите апсекти? Значи добро од инат побогу све ќе кажат луѓево. Ај да тепаше Black Swan па вака да кажеш, немаше ама воопшто да изреагирам, ама од љубител на филмови каков што те читам на форумов не можеш да ми кажеш дека повеќе преферираш да тепа филм како Social Network. Можда Inception ајде не е филм што е најдобар на сите времиња, ама ја заслужи наградата.

Али у секој случај, тоа е тоа. Не навлагам у дискусии за вакви награди кои онака никогаш нит ги гледам, нит ми се мерило за гледање филм.Како лани за Оскарите. Аватар можеби беше пренапумпан, не беше којзнае какво чудо, ама уште не можам да си поверувам дека филм за демонитрање бомби победи. Значи ФИЛМ ЗА ДЕМОНТИРАЊЕ или Ал Пачино што е глумчиште воопшто не е удостоен како што треба на такви манифестации.
Затоа ми се :pov: од сите такви награди.... и не ни коментирам на тие теми, ама морав да искоментирам за коментарот погоре.
Иначе јас Златна Малина највише си ја поштуем. :pipi:
 
До оскарите ќе им направат инсепшн на цела академија и ќе победи блокбастерот.
Честито на добитниците, ама социјалната мрежа ми е просечен филм со квалитетна реклама.
 
Ајде сега реално да збориме, сакаш да ми кажеш дека филм за Фејсбук е подобар од Inception? Од сите апсекти? Значи добро од инат побогу све ќе кажат луѓево. Ај да тепаше Black Swan па вака да кажеш, немаше ама воопшто да изреагирам, ама од љубител на филмови каков што те читам на форумов не можеш да ми кажеш дека повеќе преферираш да тепа филм како Social Network. Можда Inception ајде не е филм што е најдобар на сите времиња, ама ја заслужи наградата.

Али у секој случај, тоа е тоа. Не навлагам у дискусии за вакви награди кои онака никогаш нит ги гледам, нит ми се мерило за гледање филм.Како лани за Оскарите. Аватар можеби беше пренапумпан, не беше којзнае какво чудо, ама уште не можам да си поверувам дека филм за демонитрање бомби победи. Значи ФИЛМ ЗА ДЕМОНТИРАЊЕ или Ал Пачино што е глумчиште воопшто не е удостоен како што треба на такви манифестации.
Затоа ми се :pov: од сите такви награди.... и не ни коментирам на тие теми, ама морав да искоментирам за коментарот погоре.
Иначе јас Златна Малина највише си ја поштуем. :pipi:

Океј, значи прво, пошто реално збориме, овој коментар ми е од поодамна не е од вчера после наградите. Значи тоа ми е ставот. Еве зошто:

1.The Social Network е типичен филм кој го обожаваат критичарите (се повторувам тука)
2.The Social Network има супериорна глума во однос на Inception каде што само Ди Каприо е стандард, Елен Пејџ има смешно мала улога за нејзин потенцијал (ако си гледала други нејзини филмови) а Мајкл Кејн се појавува во неколку сцени, стандард. Во Network, Ајзенберг и Гарфилд се одлични, дури и еден Тимберлејк одглуми одлично. Споредните улоги неспоредливо подобри.
3.Најдобар музички скор за што исто доби награда, одлична музичка позадина за цел филм.

Понатаму, не секам да се навраќам на дискусиите за Инсепшн и сите негови мани зошто го зборувавме тоа во темата за филмот.

Инсепшн е обичен блокбастер како многу други блокбастери кои публиката ги сакала ама не добивале награди. И има причина зошто не добиваат награди.

Треба да сватите и една друга работа: критичарите ги интересира 0% дали приказната во филмот се совпаѓа со вистинската, тоа само нас како публика може да не интересира. Критичарите ја анализираат глумата, камерата, музиката, звукот, сценариото... и врз база на тоа даваат оценки.

Значи секоја година има некој што вика Уаааа за наградите, лани јас викав Уаааа за Хурт Локер зошто се работеше за класична пропаганда, според мене. Има други на кои им се допадна филмот. Оваа година реков, сакав да е Black Swan ама пишав уште кога го гледав дека тоа е филм кој тешко поминува кај критиката, додека Social Network ќе помине со музика. Може да не ни се допаѓа, ама нема ништо неочекувано.

И како што рече некој, во споредба со други филмови кои добиле награда, Social Network е Кока Кола.
 
Немаше логика дека Inception ќе ја земе главната награда вчера, од една едноставна причина. Не доби ниедна од останатите побитни награди, како на пример, сценарио, режисер, или било што друго. Не може сите други филмови да ги раземат наградите, а овој да биде најдобар филм на годината. (значи збориме за изборов на Глобусиве).
Мислам дека Оскарите малку поинаку ќе играат од Глобусиве.
Ако ништо друго Колин Фирт ама ич не ми се верува да добие Оскар. Се мислам Ајзенберг ќе го ќари.
И ви се моља, не го плукајте филмот за Фејсбуковци, одлично е направен. Мана не може да му се најде.

--- надополнето ---

Водителов е луд, се пресмеав. Се живо испоребра. Алек Болдвин плачеше од смеење..:))) Од Хју Хефнер до Лост, во пет минути направи шах мат. Ама па го снемало цел еден саат откако ги исповреѓал Роберт Дауни Џуниор и редица други, па изгледа позади сцена го отпуштиле.

:pos::pos::pos::pos:
 
Јонзе, гледај ја теоријата за Лост на крајот, на човеков се му е јасно :pos:
 
Да не се повторувам со Иосоно, Social Network, лагана драма ,без некоја тензија ,мирна атмосфера,онаква баш за оскар...права комерцијала од филм која е прифатлива од пошироката публика.Но ептен е безвезе кога покрај ваква конкуренција ,да собере се што може.

И се на крај ми изгледа дека се повторува 2000та со Американска убавина.само 11 години подоцна....
 
Далеку е од тоа. Тогаш конкуренцијата беше страотна а доби филм од типот love or hate. Сега добива стандарден холивудски филм а конкуренцијата да бидам искрен не е на тоа ниво. Black Swan ти е исто love or hate, не е прифатен од сите, Инсепшн е блокбастер, обично лошо поминуваат со ретки исклучоци... другите заостануваат. Нешто е подобра од лани конкуренцијата во секој случај. Лани да тепаше Up in the Air исти ќе беа реакциите како за Network, иако Up in the Air беше типичен холивудски филм и штета што излезе оној пропагандниот, но и да не излезеше ќе победеше Аватар.

Значи горе долу по истата шема се:
Inception = Avatar
Social Network = Up In The Air
Black Swan = Hurt Locker ??? (не се воопшто слични, само и двата не се за секого и двата се чудно склопени филмови)
 
Да, ама лани Аватар зеде Глобус за најдобар филм. Ама океј, лани беше катастрофа во поглед на квалитетни филмови.

Јас и сега сум разочаран и ќе бидам и на оскарите ако фејсбук брзозборката без некоја посебна поента(наречена The Social Network), ja освои статуетката.
 
Се зазборевме малку и за Оскари. Аватар требаше да земе и Оскар и Глобус според мене. Сакав да кажам дека ретко поминуваат блокбастери, а драми како Up in the Air и Social си врват. Не треба никого да изненади. Да имавме некои филмишта како во 1999 што спомна Zeegerman, и јас ќе бев разочаран. Во ваква конкуренција ништо не може да ме разочара, изборот е тој што е.

Да се вратам малку на Глобусот:

- сосема заслужена наградата на Мелиса Лео
- сосема заслужена наградата на Бејл
- сосема заслужена наградата на Портман
- сосема заслужена наградата за мјузик скоре за Социал...,
- сосема заслужена наградата за Анет Бенинг за The Kids Are All Right...
- сосема заслужена наградата за Шелдон Купер :)

Според мене, најголем фејл беше изборот на The Kids Are All Right за најдобра комедија, како и целата таа категорија. Подобро на Red да му го дадеа глобусот, таму барем имаше комедија. Драми кои имаат некаква доза на хумор почнаа да се третираат како комедии, тоа не ми се допаѓа. Да побара некој предлог за комедија и да му го дадеш The Kids Are All Right, ќе те пцуе по форум после :)

Се разбира дека не можам да дадам мислење за сите категории, на пример Колин Фирт доби за најдобар актер. Е сега, филмот го немам гледано, ма да актерот не ме изненадува. Гледав пренос на некоја британска телевизија каде што немаа многу доверба дека Хелен Мирен или Хелена Бонам-Картер ќе добијат награди, ама за Фирт беа оптимисти. Бејл доби предходно.

Имавме награда за Ал Пачино (кој може да се дрзне да не му ја даде?), награда за Роберт де Ниро со убав колаж од негови филмови, овации за Мајкл Даглас, добар хумор од Рики но и од Стив Карел и Роберт Дауни Џуниор... ми се допаѓаат Глобусите, прават помалку грешки од Оскарите и имаат поинтересни категории :)

​
 
Извинете што се убацувам вака во муабет, ама додека се троумите дали требало Inception, Black Swan или The Social Network, а сите заеднички се дивите ( да не речам:drk:) на Рики Џервејс. Чувствувам одговорност да го одбележам глобусот доделен на едната и единствена, неповторлива, супер талентирана. Прекрасната Лора Лини!!!

Фала многу, продолжете. :)
 
Back
На врв Bottom