Види сега за да се стои за него значи не е Србомани. Ако беше Србомани власта во Македонија немаше да го гони. Но се сака малку мозок за оние работи. Кој знае какви работи знае и што е предложил. Едно нешто сум научил за Бугарија - како и чудни да изгледаат на прв поглед во активностите на државата нема ништо случајно. Попринцип такви на прв поглед чудни нешта се транзиција кон нешто многу поголемо.
Значи Бзди ти ке ни кажеш на нас кој е Јован Бранишкоски.И никако да разберете вие чуваши тврдоглави дека сврбите не не интересираат.
Еве ти смрдо кој е јован:
Вранишковски:Јас сум и Македонец и Србин
Јован Вранишковски по долго време се појави во македонската јавност. Синоќа во Драмскиот театар дојде на Светосавската академија. Со владичка панагија со двоглав орел околу вратот и во придружба на свештеник од неговата Православна Охридска Архиепископија. Вранишковски скоро две години не доаѓаше во Македонија. Бегаше од притвор. Осуден е на две и пол години затвор за проневера. Одлуката се уште не е правосилна. Судот му го укина притворот, а тој во меѓувреме доби српски пасош и се врати дома за Свети Сава.
Многу гости беа поканети на свеченоста. Дојде српскиот амбасадор, специјален претставник на Претседателот Тадиќ. Македонската влада беше организатор но во драмски дојде само заменик министерот за култура. Македонската Православна Црква иако поканета не испрати свој претставник.
“Господинот Вранишковски беше поканет заедно со уште 120 други гости. Беше поканета и Македонската Православна Црква, но не дојде претставник. Секој што дојде беше испочитуван на адекватен начин”- вели Иван Стоиљковиќ од ДПСМ.
Не дојде ниту Претседателот Ѓорѓе Иванов. Неговото име беше прво на поканата и беше предвидено обраќање. Од кабинетот објаснија дека бил спречен да дојде поради државнички обврски. Делегација на Србите од Македонија вчера имаше прием во неговата резиденција. Иванов го избегна ракувањето со Вранишковски кое беше неизбежно за Црвенковски. Во одборот за пречек во Прохор Пчински тогаш ненајавено заедно со српските владици се појави Вранишковски.
Еве и за твоите татарски другарчиња кои глумат дека се “загрижени“ за човековите права :
Отфрлена жалбата на Вранишкоски во Стразбур
Стразбур - Европскиот суд за човекови права едногласно донесе одлука да ја отфрли како неприфатлива жалбата на Јован Вранишкоски против Република Македонија поради неисцрпување на сите домашни судски постапки.
Станува збор за тужбата на Јован Вранишкоски до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во која се жали дека во Македонија му биле прекршени неговите права, гарантирани со членовите 6, 9, 10 и 14 од Европската конвенција за правата на човекот, односно правото на правично судење, слобода на верување, совест и религија, слобода на изразување и дека бил дискриминиран.
Вранишкоски се жали до Стразбур по пресудата на Врховниот суд на Македонија од 13 септември 2005 година, која потврди дел од пресудата на битолскиот првостепен и Апелационен суд, за предизвикување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост со издавањето на неговите верски календари во 2004 година, присуството на интронизацијата на двајцата негови владици од СПЦ во Белград и за верските служби во домот на неговите родители.
Врховниот суд во таа прилика го ослободи од обвинувањата за присуството на интронизацијата на двајцата негови владици од СПЦ во Белград и за верските служби во домот на неговите родители. Неговата казна се однесуваше само поради објавувањето на верскиот календар во кој изрази религиозни мислења и ставови.
Европскиот
суд за човекови права ја отфрли како неприфатлива жалбата на Јован Вранишкоски, затоа што тој поднесол тужба во Стразбур, а не се пожалил пред Уставниот суд на Македонија, кој според македонскиот Устав има надлежност да се изјасни по обвинувањата на Вранишкоски.
Во образложението на одлуката на Европскиот суд за правата на човекот е даден и мал историски осврт на конфликтот што ги спротивстави Вранишкоски и СПЦ со МПЦ. Но, тука не завршува судењето на Вранишкоски со Македонија - дознаваме дека во процедура во Стразбур се наоѓаат и други негови тужби против Македонија.
Предметот на Вранишкоски е од голем медиумски, политички и верски интерес, но од правна гледна точка, предметот по кој се произнесе Судот во Стразбур е најдобра илустрација за многу слични анонимни предмети што доаѓаат до Европскиот суд од Македонија. Македонските граѓани поднесуваат тужби во Стразбур пред да ги исцрпат сите домашни правни постапки, што доведува до логично отфрлање на нивните предмети.
БУГАРИ СТАНАА СРБОМАНИ ,СВЕТОВ НАВИСТИНА ОТИШОЛ У К...

