Scream Music Festival @ Метрополис Арена - 18.02.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Закон беше дефинитивно, пренапорно, и пропуштив морал и дивле јагоде за да имам сила за казалиште и ван гог накрај...Вредеше, покасно ќе пишам уште.
 
Ај набрзина и да одам да дремнам малце...

Беи Д Фиш - Не за џабе беа ставени први. Бенд без гитара баш и не иде на ваков настан, но добри беа... само добри.
Негатив - Растур! Како и што очекував почнаа со „Без промене“... откачување до максимум се до крајот на нивниот настап.
Морал - .!. цело време среден прст горе, срање невидено.
Дивље Јагоде - Добри беа, ама многу ја затупеа со инструменталките (2 беа, ако не се лажам, ама...), умрев.
Прљаво Казалиште & Ван Гог - Врх!

Кајгана спонзор или шо ти знам... :)
 
беи д фиш не чинеле, дивље јагоде чинеле... свашта :nesvest:
 
^ Што им виде на беи д фиш бе дете ? лејјјј
каков е овој бенд излегува без гитара, џоа на некоја хаус да сме, можеби се добри за вас али за овој фестивал се 0 заедно со Морал.
 
^
Прво беше така:
Дивлје Јагоде завршија со настапот, па цела публика пееше Мотори песнава, па се вратија и кога ја зема гитарата зема малку ја засвири Македонско Девојче и одма цела публика ја запееа за малку, инаку потоа си почна со Мотори песната завршија.

А овој на Прљаво, почна цела да ја пее, незнам што му беше финтата.
Прљаво си ја свират секогаш Македонско девојче, и во Хавана летово ја свиреа, така да ништо ново.

Иначе, за Беи Д Фиш можам да ги слушам само со кафенце и муабетче, или додека си седам на мсн, за концерт не се и никогаш нема да наполнат цел саем, вие колку сакате возвишувајте ги.

Негатив, гледам на сите ви се допаѓаат, мене ништо посебно не ми се, бидејќи прв пат ги слушав ни 2 збора не успеав да им разберам во песните.

Морал, онака, ми се допаѓа Влатче.

Дивље Јагоде ништо посебно, со 1-2 песни само ја дигнаа публиката и толку.

... И потоа дојдоа Прљаво и Ван Гог.... растурија дефинитивно.... Јас останав до крај и не зажалив, убаво некој рече дека дошле да ја слушнат Неко те има ночас, па после таа песна се расчисит.

Се на се, 10 саати стоење, воопшто не жалам.
 
Беи дефинитивно не припаѓаа во друштвово, ама па да беа лоши-не беа искрено. Им фалеа Holiday & The End. Гледам едвај сте чекале да пројдат, мене ми беа кратки.

Негатив почнаа со омилените две песни. Публиката лудуваше!

Морал, што знам. Никогаш не ми ни биле нешто посебно.

Јагодите, едино вредно беше Зеле и гитарата. Плус лош избор на песни.

За после што се дешавало не можам да зборувам оти си отидов. Од она што ми пренесоа најдобро било на Прљаво казалиште.
 
ПОмин-просечен, накај одличен на крај.
На беи Д фиш не стасав, стасав на Негатив. Одлично. Цела публика пееше, скокаше...Одлична атмосфера направија.
Морал тиња!
Дивље не очекував дека волку ке ме разочараат, од две три песни бев задоволна, се друго не знам од кај го извадија. Соло толку долго па и не иде пошо публиката се стиши, падна со енергија.
Прљаво не беа лоши, али можеше и подобро. При крај кога беа, е тогаш почна да ми станува интересно.
И шлагот за на крај. Едвај ги дочекавме.
Дами и господа Скрим фестивал ви ги претставува Ван Гоооооооог!!!!
Растурија, без нозе останав, сум се изнарипала. Покрај тоа и без глас останав. Не сакав да си одам, но сепак 3ипол завршија.
Да не беа Ван Гог мислам дека ке си заминев уше у 12 саат.
Нешто што најмногу ме нервираше и ме изреволтира беше чекањето, паузата измеѓу изведувачите додека ја местат сцената. Изгубивме саат ипол за џабе. Нели сфакаа дека умревме, нозе не болеа, уше да стоиме онака без музика и да чекаме:tapp::uvo:
Задовололна не задоволна :toe: помина...
 
^ Што им виде на беи д фиш бе дете ? лејјјј
каков е овој бенд излегува без гитара, џоа на некоја хаус да сме, можеби се добри за вас али за овој фестивал се 0 заедно со Морал.

на овој "фестивал" уште Аца Лукас и Саша Матич му фалат.
За Беи д Фиш допрва ќе слушнеш ;)
 
Видите, Беи Д Фиш ги слушав негде крај на Ноември (3 дена пред Таксират кога настапуваа со String Forces, Дани и остали.) Стварно добар впечаток ми остае, професионални до крај, талентирани, иновативни, се разликуваат од другите. Не знам како можете да ги плукате :/ Па и Фолтин немаа гитара па баш имаа супер наступ кога отвараа за Архангел. Може да не ви се по вкус, ама да кажете дека не чини ... =\
 
Дивље Јагоде.:pos:
Освен Зеле, од бендот не вреди ништо друго. Ама ако, се најдовте да зборите за Беи д Фиш, кои се оригинален и иновативен бенд, додека нели Јагодите се еден од милион истозвучни бендови. Морал исто. Негатив вредеа од настанот, да, и Ван Гог од 90-тите, ама тој бенд веќе долго време не постои.
 
Беи д Фиш - Морал .!.
- тапа... никаква атмосфера на нив... да беа послени да видимо некој дал ќе останеше.

Негатив дигнаа атмосфера... добри шутки паднаа туе
Дивље Јагоде... само солото не ми се свиѓаше, ја изгоре гитарата братот... Мотори беше врвот, требаше со неа да почнат, душата ми остана у шутка на таа песна...
Прљаво Казалиште супер беа, најдобро се покажаа!
Ван Гог беа исто јаки, штета што не беа меѓу првите, немав душа више на крај... така да не можев многу да се забавувам на нив...

од 6 ипол на ноге до 3 ипол... добро издржав :)


како и да е, ОДЛИЧНО си пројдов!
 
Ве поздрави тангава На фестивалов имаше уште по некој еротичен момент. Ај вечер би требало да биде готова мојата рецензија и фотографиите.
 
Дивље не очекував дека волку ке ме разочараат, од две три песни бев задоволна, се друго не знам од кај го извадија. Соло толку долго па и не иде пошо публиката се стиши, падна со енергија.
.
Ауто-стоп, Циганко, Једина моја, Криво је море, Кап по кап, Дивље Јагоде, Марија, Мотори... све познати песни беа ;)


Само солото не ми праеше мерак...
овие 2 песни беа
 
^Тангата другарка ми ја фрли xD
Се на се, убаво поминав. Не знам зошто не ви се допаднале Bei The Fish, јас мислам дека беа одлични. Работата е што не припаѓаат на овој фестивал заедно со другиве групи, а супер си ја завршија работата.
Negative беа одлични, енергични, Ивана е царица!
Морал не ги сакам, не ги слушав, излегов на пауза тогаш.
Divlje Jagode не ги слушам, не ми беа ништо посебно.
На Prljavo Kazaliste исто така паузирав (собирав сила за Van Gogh), ги слушав во последните 15 минути и ми беа интересни :)
Иии...Van Gogh! Иако одвај се држев на нозе, не престанав да скокам и да врискам! Не може да се опише како си поминав, се исплатеше останувањето до крај!
Како шо кажав океј беше, освен тоа шо немаше кај да се оставаат јакните, т.е. имаше, ама на своја рака.
 
^Тангата другарка ми ја фрли xD
Се на се, убаво поминав. Не знам зошто не ви се допаднале Bei The Fish, јас мислам дека беа одлични. Работата е што не припаѓаат на овој фестивал заедно со другиве групи, а супер си ја завршија работата.
Negative беа одлични, енергични, Ивана е царица!
Морал не ги сакам, не ги слушав, излегов на пауза тогаш.
Divlje Jagode не ги слушам, не ми беа ништо посебно.
На Prljavo Kazaliste исто така паузирав (собирав сила за Van Gogh), ги слушав во последните 15 минути и ми беа интересни :)
Иии...Van Gogh! Иако одвај се држев на нозе, не престанав да скокам и да врискам! Не може да се опише како си поминав, се исплатеше останувањето до крај!
Како шо кажав океј беше, освен тоа шо немаше кај да се оставаат јакните, т.е. имаше, ама на своја рака.

Ја соблекла тангата и му ја дала или од дома си ја земала? Пошо певецот на лице си ја стаи. Малце неугодно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom