Еве како што ви ветив ќе поставам слики од ѕверот мој што си го земавме денес од салон :wub:
Покрај сликите ќе напишам и што опрема има и карактеристиките на овој Мицубиши Лансер Спортбек
Моторот е MIVEC 1.500 cm3 со 109 коњски сили.
Максимална брзина е 191 км/час, од 0-100 оди за 11,6 секунди
Должина: 4.585 mm, Висина: 1.515 mm, Ширина: 1.760 mm
Меѓуоскино растојание: 2.635 mm
Опремен е со највисокото ниво
Invite
-
ABS кочници со
EBD систем
-
BAS систем за помош при нагло кочење
-
ASC систем за активна стабилност
-
TCS систем за контрола на пролизгување на тркалата
- Предни воздушни перничиња за возач и совозач
- Предни странични перничиња
- Воздушни завеси за првиот и вториот ред седишта
- Воздушно перниче за колена за возачот
- Автоматски клима уред со ладилник во оставата
- Серво управувач подесив по висина
- Возачко седиште подесиво по висина
- Електрични стакла за сите врати
- Електрични ретровизори со греење
- Дожд сензор и автоматско уклучување на бришачи
- Сензор за светла
- Автоматско уклучување и гасење на предни светла
- Сензор за појаси
- Централна брава со далечинско отварање
- Радио CD/MP3 со 6 звучници
- Алуминиумски фелни 16"
- Патен компјутер
- Кодиран клуч
- Светла за магла
- Аудио контроли на воланот
- Воланот обложен со кожа
- Менувачот обложен со кожа
- Рачната сопирачка обложена со кожа
- Ретровизори и рачки во боја на каросерија
- Хромирани лајсни околу прозорците
- Хромиран лајсни околу пресната маска
- Хромирани детали во внатрешноста на возилото
- Потпирач за рака
- Држач за чаши напред и позади
- Подесување на 2 нивоа во багажникот
- Деллива задна клупа 60:40
- Заден спојлер
- Металик боја