Јас би рекла дека сето ова се случува бидејќи работите се премногу изместени, не се одвиваат во вистинската насока. Премногу внимание се обрнува што сака другиот, а себе се ставаме на страна. Чудно е како сите ја правиме истата грешка. Ме чуди, како никој не може да ја увиди и да ја исправи грешката од другиот. Толку немоќно изгледаме, тоа е чудо некое. Можеби, тоа е така бидејќи полесно е да расчистуваме со другиот отколку со себе. Полесно е да се дистанцирам, оти туѓата грешка и не знаење не ме засегаат мене, не се мои, иако ги правам истите работи, потешко е да си признаам на себе. Сите тежнеме кон некакво совршенство, а на сите ни е кристално јасно дека такво нешто не постои. Животот не е толку тежок како што си го правиме, многу е лесен! Она што треба да го направиме е многу едноставно: треба да бидеме искрени со себе, да си ги знаеме нашите желби и можности, и треба да бидеме искрени со другите и да знаеме што бараме од нив, ама иди примени го ова. Во животот не е важно кој колку вложува, не сме сите со ист капацитет. Најважен е компромисот, штом се спогодите работите се одвиваат веќе во друга насока. Во животот, важен е квалитетот, а не квантитетот. Почнавме да посветуваме премногу внимание на вакви - такви анкети, а не земаме в предвид дека таму се вклучени одредени луѓе, со одредени потреби. Не може на примерок од 15 илјади испитаници да дадат целосен одговор за сите луѓе во светот. Сите функционираме различно!
Мене овие поделби ми се многу неприродни, `ко временска непогода се.

Од никаде, како гром од ведро небо некој се дрзнува да ми каже јас каква сум била, јас што сум сакала, што сум правела, бетер што сум требала да направам, како сум требала да се однесувам... Мене не ми се допаѓа тоа! Сите овие анкети покажуваат дека, ова е резултатот од недостаток на комуникација. Порано луѓето читале книги, излегувале, се дружеле, разговарале за своите потреби, а сега читаме анкети, преокупирани сме со социјалните мрежи, едноставно се изгубивме себе, ги загубивме оние работи кои не правеа луѓе во вистинската смисла на зборот.
Според мене успешна жена е жената која се чувствува среќно и кога е на работа и кога е дома. Правилното балансирање на работите ја покажува мојата способност за трансформација на мојот ум за брзо делување. Мојата упорност, издржливоста, желбата или обратно неупорноста, неиздржливоста, немањето желба се` е тоа дел од мојот карактер. Тоа е она што ме прави успешна или неуспешна. Се` зависи јас како ќе ги склопам моите коцки!
Способноста на луѓето не се дели по пол, туку по карактер! Сега, велите, работите биле обратно поставени, оти жените работеле машки работи, а машките работеле женски работи. Јас велам дека, непостојат такви поделби, освен во нашиот извитоперен ум.
Секаде во светот е исто. Тоа е човечкиот ум, ОГРАНИЧЕН!
Homo homini lupus est!
П.С.
Е, ај игнорирај ме , ВАЖИ ?
Штом се вклучиш во дискусија, не можеш да му кажеш на некој друг што да прави. Тоа е ДЕМОКРАТИЈА!
Имаше еден пример кога жена беше одделена од сопруг кој ја малтретирал и физички и психички, и сучајот го решиле со заштита на жената во С.О.С. селото заедно со дечиња, две синчиња. И малечките малтретирани- тоа обично и така оди, ако ја малтретира жената ги малтретира и децата.
Извини, само ме интересира за кое С.О.С. село станува збор?!
П.П.С. Секаде во светот карактерот е најважен! Секој бара некој кој ќе му одговара, оти треба да се помине цел живот со таа личност! А во животот најважно е да најдеш паметен човек, па со здравје, љубов и слога (без југо магнат) може да се постигне секоја цел која ќе си ја постават партнерите. Намерно не ги спомнувам парите овде, бидејќи секој си работи за себе, а не за другиот. Моите пари се мои пари, а парите на дечкото се негови пари. Туѓите пари не ми се репер за успешноста на таа личност, карактерот ми е битен. Љубов и бизнис не идат заедно! Да не мешаме баби и жаби. :smir: