“Крајот на мажите’’

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Кога се распадна Советскиот Сојуз, Америте воспоставија теза дека тоа е “крајот на историјата’’ (демек демократијата глобално победила). Гледаме дека сме далеку од некаков крај, баш напротив, светот стана уште покомплексен и по ранлив на разните тоталитарни шеми и махниции.

Истовремено, во САД веќе петнаесетина години зборуваат дека им дошол “крајот на мажите’’, а деновиве пак прогласија дека “жените победиле’’:

http://www.avoiceformen.com/2010/12/18/women-declare-victory-over-men/

Победава доаѓа по неколку-децениска “позитивна дискириминација’’ во образованието и вработувањето, при што жените денес водат во речиси секое поле, почнувајќи од бројот на дипломци до бројот на докторанти, до бројот на запослени (вкл. специјализирани професии како лекари, адвокати, итн.) до бројот на менаџери, власници на приватни фирми, итн.

Кај младите девојки постои масовна и јасна определба за кариера наместо за брак во 20-тите и 30-тите години од нивниот живот, со идеја дека некогаш, можеби и ќе се омажат за да створат семејство (во кое тие ќе доминираат).

Жените водат и во иницирање на разводи на бракови (над 70% од разводите се иницирани од жени), а процесот на огромниот процент разводи е механизам за масовно префрлање на материјалните добра во женски раце.

За држава што претендира на владеење на правото, јавна тајна е дека во САД сите не се еднакви пред законот: жените се привилегирани на суд како и на работното место.

3а разлика жените, добар дел од мажите како да се откажуваат од традиционалните норми на живот и се однесуваат како да не се дел од општеството (пракса која што се нарекува “ghostng’’ - однесување како да си дух).

Проблемот е што се очекува овие тенденции да продолжат во иднина, иако ваквата поставеност носи се поголемо отуѓување меѓу мажите и жените.

Како што економијата им пропаѓа без производство и се одржува преку печатење пари, навистина е чудно, дури перверзно, да има вакви изливи на радост. Ниедно општество не опстанало кога има радикален дисбаланс во него, а посебно не во односите мажи-жени.

Мислења? Споредби со Македонија/Балканот и со ЕУ?

7time.jpg
 
Генерално се согласувам.

Западните теоретичари (Фукујама пред се`) истапија со една ваква, не многу промислена идеја за крајот на историјата (инаку, со вакви мисли забегувале и порано, најчесто во средниот век, кога изгледало дека феудалниот поредок ќе трае вечно). Не можеме да знаеме што ќе донесат наредните децении и векови. Можни се, а делумно и се остваруваат орвеловските сценарија, како и некакви неофашистички општества кои се декларираат како демократски и либерални. А може да се случи и некаква star trek варијанта. :smir:

Што се однесува до жените и нивната нова (стара) улога, мислам дека се работи за преодна фаза (по матријархатот, следел патријархат, сега и тој изгледа е на залез во некои држави), некаков привремен тренд кој за женскиот пол ќе биде плодоносен и, покрај сегашната нивна предност во некои сфери, сепак, ќе помогне во постигнувањето на рамнотежа меѓу половите.

Ама, не се само тие привилегирани, туку и разно-разни припадници на национални, расни, верски, и сексуално различно определени заедници (поединци).

Кај нас статусот на жената сепак не е ист како во некои други европски или американски држави, и сите поместувања во една или друга насока со со неколкугодишно или неколкудецениско задоцнување.

Значи,за релациите меѓу половите, нивната рамноправност и опстојувањето на семесјтвото, мислам дека ова што (ни) се случува е некаков преоден период, кон нешто што за нас се` уште е непознаница, затоа што на долги временски патеки сегашнава ситуација може да се покаже неодржлива...
 
Светската пракса не важи за Македонија Мисирков. Ќе те истепа на улица на сред бел ден, и никој со прст не мрднува. Ако повикаш полиција ќе речат не смееме според законот да го допреме тој има право да тужи. А вие од тука одете на фотограф, па на доктор, па на адвокат, поднесете пријава. Во амбис сме овде од машкиот шовинизам сеуште за жал. Има многу фини и квалитетни жени убедени во човечност. Но, Балканците се на Балканите. И тоа ќе потрае уште долого. За имотот, прво малку се тие што нешто стекнуваат, а ако стекнат заедно додека таа раѓала тој печалел и ако нешто земеш тоа ти е без аир по нашки.

А и уште нешто, се жалиш, а лицето каде пријавуваш ти го бара бројот на мобилниот. И сите молчат, никој за овие работи не зборува јавно. Право на граѓанинот да биде третиран како господин, а господинот од пијан не знае во кој век е.

Имаше еден пример кога жена беше одделена од сопруг кој ја малтретирал и физички и психички, и сучајот го решиле со заштита на жената во С.О.С. селото заедно со дечиња, две синчиња. И малечките малтретирани- тоа обично и така оди, ако ја малтретира женхата ги малтретира и децата.

Жената со потрес на мозок со копци од исекотини закрепнува за неколку месеци,к психологот ја подготвува за живот и кога заздравела побарала да му се врати. Рекла јас не можам без него морам да му се вратам. За ова се проговори но, што се може тука. Од повеќето бракови кои пропаѓаат во Македонија матретирањето продолжува и по разводот. Поретки се разведени бракови кај кои партнерите не си наштетуваат еден на друг, и не им наштетуваат на децата. За голема несреќа. Секретаријатот за Родова еднаквост на Македонија не е активен довоно, и се се сведува на некои стратегии и анализи. Можеби кога би пораснал во Министерство, но, далеку сме од системот кој си го навел во постот.
 
Се јавија одма феминистките да докажат со еден еклантен пример дека Македонија е шовинистичка држава. Кога ќе погледниме на страната од заводот за статистика во Македонија во 3-квартал рикнале над 4000 граѓани од кој повеќето се мажи.
Ете така тепаните, измалтретирани жени во Македонија имаат подолг век на живеење од бруталните Балканци родени во Македонија кој секојдневно чисто за разонода ги боксираат жените и никој ништо не и може зошто законот е во машки раци.
 
A исто така четвртина од жртвите на семејно насилство се мажи ама нема стратегија ниту шелтери за нив.
Исто така нема никаква стратегија за одбрана на мажи кои се обвинети без основа за силување, малтретирање и насилство последен случај Асанж и силувањето во изненада ...

Насилство ќе имало и ќе има ... должност е сам да се штитиш од тоа а денес има триста курсеви за заштита од напаѓачи, пепер спрејови и тазери... аман не сте толку беспомошни
 
На балканов сеуште се беспомошни до некаде.

Јас не познавам семејство каде жената и децата не трпат психичка или физичка тортура од мажот, малку, поприлично или (ретко) многу.
 
Широчината на дијапазонот на женски права оди правопропорционално со развиеноста и стандардот на државата, тука кај нас не коментирам, бизарни случаи на семејно насилство што во ниедна друга држава не се ни осудуваат да не ги пријават, тука се ставаат на игнор и општ комформизам, а и да се пријават по истражната постапка, вообичаено е да жената редовно се враќа дома на мажот со подвиткана опашка, на повторно кичмење, зашто едноставно нема каде да оди, тоа е нејзиниот дом.

Во Македонското собрание до пред една деценија имаше застапеност на жени со околу 10 до 20% карикирам не ме држете за збор. Во претходниве години бројот на жените парламентарки мораше да биде зголемен заради исполнување на важни полово рамноправни критериуми.
Во врска со малтретирањето на жените на работното место доволно кажуваат анализите на Мин. за труд и социјална политика
Анализите покажуваат дека мобингот во Македонија е над европскиот просек.
"На европско ниво, просекот на психичко насилство на работно место е околу 38%, а кај нас е малку повисоко. Најчесто жртви на мобинг се жените", рече Елена Грозданова, државен советник во МТСП, на вчерашната јавна дебата во Битола за измените и дополнувањата на Законот за работните односи.
Извор:http://www.vest.com.mk/?ItemID=C502DAB0E4F8F140BC5B8713549F7624&arc=1
 
A исто така четвртина од жртвите на семејно насилство се мажи ама нема стратегија ниту шелтери за нив.
Исто така нема никаква стратегија за одбрана на мажи кои се обвинети без основа за силување, малтретирање и насилство последен случај Асанж и силувањето во изненада ...

Насилство ќе имало и ќе има ... должност е сам да се штитиш од тоа а денес има триста курсеви за заштита од напаѓачи, пепер спрејови и тазери... аман не сте толку беспомошни

Точно е,лично познавам адвокат кој е малтретиран од сопругата психички и живее во Македонија, батали го Асанж, се има и кај нас. Нема заштита ни за мажот. Но, како сакаш кажи, мажот е физички посилен од жената, алкохолизмот кај мажот доведува до агресивно однесување, неизлечени комплекси, мании, притисоци од немоќ рефлектирани врз семејството. Поголем број на жени молчат, немаат работа, немаат заштита од родител- ќе и речат таму ти е местото трпи. Но, заштита нема. Почесто темата насилство само се споменува, се вршат едукации, но дирекитна заштита доколку не е во ризик по живот нема. Центарот за социјална работа ја предава одговорноста на полицијата, поицијата на центарот и се така во круг.
Овие податоци се дел од еден проект неодамна.
 
немаат заштита од родител- ќе и речат таму ти е местото трпи.
.
Сум серетнал ваква ситуација лично. Не ми се веруваше и ми се одмили престојувањето на планетава со вакви видови...
 
Се јавија одма феминистките да докажат со еден еклантен пример дека Македонија е шовинистичка држава. Кога ќе погледниме на страната од заводот за статистика во Македонија во 3-квартал рикнале над 4000 граѓани од кој повеќето се мажи.
Ете така тепаните, измалтретирани жени во Македонија имаат подолг век на живеење од бруталните Балканци родени во Македонија кој секојдневно чисто за разонода ги боксираат жените и никој ништо не и може зошто законот е во машки раци.

Можеби бев подрска во дефинирањето, немав намера да дадам акцент шовинистичка држава, туку шовинизам од страна на мажите.
Еве по тебе сети се колку пати си рекол прости ми, не сакав да сум груб, не можев ми пукна филмот згрешив, дојди да те гушнам не знам што правам кога сум нервозен?
А жените знаат да кажат, не се секирај ќе помине, лош период е, намачен е има тензии на работа, не му е лесно, прости ми душо, жена сум, јазикот ми е побрз од мислите.

Ова е добра иницијатива за анкета, но кој колку ќе биде искрен се прашувам?

„Крајот на мажите’’ - ДА но, не во конотација крај како закана, туку крај како „Маж жртва за семејството, заштита на својата жена и деца, крај на мажите со манири и романтична душа, на мажите со разбирање и семеен идеал. Не е толку црно, но раритет се мажи кои ја уживаат почитта за доблестите. Дали во основа се крие не самодоверба па се наметнува супериорност? не можам да знам

За Австраија и Шведска законите се на страна на жените и во овие држави или си човек и пристоен маж или дебело ќе платиш. Децата одат со жената, сем ако таа не се откаже од нив, а цеиот имот оди кај неа и децата. Мажот е оставен да плаќа алиментација и се држи под контрола секој испад.

Да не тргне на лошо и се расипат односите- по афтоматизам следува војна- дали е студена, огнена, низ битки, сеедно. Разумот не е на страната на настраниот. Дали маж или жена.
 
Да имаш кариера, за која јас не сум против, а притоа бракот да ти биде ако ти се даде, е пример за испран мозок.
Чуму ќе ти е кариера ако после тебе нема кој да го наследи твојот труд, твојот интелект, знаење, ген итн...
Тука не се работи за маж или за жена, туку за заедница која е основна клетка на едно опшество.
Европеецот е влезен во овој филм, така да на крајот на филмот, се тоа што го создал и створил ќе го остави на некој друг, за мене тоа не е happy end.

Еднаквоста треба да се гледа од друг агол а не од агол дали жената ќе успее да ја заобиколи својата биолошка природна улога.
 
Можеби бев подрска во дефинирањето, немав намера да дадам акцент шовинистичка држава, туку шовинизам од страна на мажите.
Еве по тебе сети се колку пати си рекол прости ми, не сакав да сум груб, не можев ми пукна филмот згрешив, дојди да те гушнам не знам што правам кога сум нервозен?
А жените знаат да кажат, не се секирај ќе помине, лош период е, намачен е има тензии на работа, не му е лесно, прости ми душо, жена сум, јазикот ми е побрз од мислите.

Ова е добра иницијатива за анкета, но кој колку ќе биде искрен се прашувам?

„Крајот на мажите’’ - ДА но, не во конотација крај како закана, туку крај како „Маж жртва за семејството, заштита на својата жена и деца, крај на мажите со манири и романтична душа, на мажите со разбирање и семеен идеал. Не е толку црно, но раритет се мажи кои ја уживаат почитта за доблестите. Дали во основа се крие не самодоверба па се наметнува супериорност? не можам да знам

За Австраија и Шведска законите се на страна на жените и во овие држави или си човек и пристоен маж или дебело ќе платиш. Децата одат со жената, сем ако таа не се откаже од нив, а цеиот имот оди кај неа и децата. Мажот е оставен да плаќа алиментација и се држи под контрола секој испад.

Да не тргне на лошо и се расипат односите- по афтоматизам следува војна- дали е студена, огнена, низ битки, сеедно. Разумот не е на страната на настраниот. Дали маж или жена.
Абсолутно неточно Јасне,те излажале ,барем кога се работи за Шведска.
1.Законите се закони и за мажите и за жените,нема страна.
2.Децата не одат кај мајката , поминуваат ист временски период и кај 2 та родитела.
3.Во Шведска има повеке пријави на мажи за малтретирање од жените него обратно.
4.Постои дискриминација во делот на платите т.е. жена со исто образование на исто работно место зема помала плата од маж.
 
Јас мислев дека треба да добиете писмена изјава за согласност за секс во Шведска ?
 
Еве по тебе сети се колку пати си рекол прости ми, не сакав да сум груб, не можев ми пукна филмот згрешив, дојди да те гушнам не знам што правам кога сум нервозен?

Хехе...

„Крајот на мажите’’ - ДА но, не во конотација крај како закана, туку крај како „Маж жртва за семејството, заштита на својата жена и деца, крај на мажите со манири и романтична душа, на мажите со разбирање и семеен идеал. Не е толку црно, но раритет се мажи кои ја уживаат почитта за доблестите. Дали во основа се крие не самодоверба па се наметнува супериорност? не можам да знам

Се крие мазохизмот и потребата за малтретирање.
Повеќето го сакаат тоа, таквиот третман го обожаваат и почитуваат.
Локалниот Фрицл или локалниот....најс бој...no contest.
Или не е така?
:tv:
 
Еве по тебе сети се колку пати си рекол прости ми, не сакав да сум груб, не можев ми пукна филмот згрешив, дојди да те гушнам не знам што правам кога сум нервозен?

Ејјјјј не сум се доведил никогаш до таква ситуација секогаш сум фин освен кога не сум :icon_lol:, јас сум витез бре не сум заебанција :icon_lol:, не сум нервозен туку сум во воинственн крик и тогаш настрадува влезна врата штекери или плинска боца лета таму некаде :icon_lol:, ама сум фин не сум повредил никоја ни физички ни психички кажувам што е што и тоа е тоа :pipi:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom