Дај ми извор
Ако цело злато е ископанo а цело сребро не е економската логика вика дека тоа што е во поограничена понуда ќе има поголема цена, без тенденција да некогаш се симне бидејќи понудата е совршено нееластична. Значи цената на златото од сега натака стално ќе расте.
Иначе не е точно дека среброто кое е во апарати неможе да се рециклира. Може. И се рециклира. Исто како и златото и бакарот.
Среброто кое што е во апарати не може да се рециклира- односно е неекономично да се рециклира, барем не додека цените не стигнат неколку стотини пати од сегашните. За илустрација еден лаптоп содржи некои 0,30$ сребро. Под услов цената да достигне 100х од осегашната рециклирањето на лапотоп и моблен пак ќе биде недостижно.
Грешка си на многу работи.. Лесно може да се провери со помош на компаративни пресметки на САД во однос на светот колку сребро од инвестициски квалитет има во светот. Единствена дива карта во случајов се кинеските залихи проценети на 1 милјарда унци кои ги има владата. Но тие не се за тргување со сигурност.
Моментално светот има 10 месечни залихи на сребро за разлика од порано кога имал и 10 годишни залихи на сребро. Светските залихи на сребро има повеќе начини да се порценат и проценките се движат во опсегот околу 500 мил унци односно половина од залихите на злато.
Прво и прво среброто се тргува на неколку пазари. Еден од нив е физичкиот пазар кој е најмалку моментално битен во одредување на цената
. (на овој пазар најчесто се поставува дното на цената кога се продаваат фјучерсите) Најголемите тргувања се на пазарот на фјучерси каде се тргуваат фјучерсите на COMEX. Но овој пазар не е пазар само на сребро! Договорите може (а често и се) порамнуваат во долари. Инаку отворен интерес за Мај е 365 мил унци, а моментални залихи на берзата 105 мил унци (види CME на гугл). Нормално поради ваквата дисконекција помеѓу фактичките и тргуваните количини на сребро еден ден цената мора да се засонова на физичките фундаменти - КОИ ПАК СЕ:испразнети залихи, дефицит 20тина години итн.. Тоа значи секако многу, многу повиоска цена.
Всушност веќе почнува да се јавува физичкиот недостаток и целиот систем на деривативите е веќе пред распаѓање. Низ многу градови низ светот снемува сребро, главни дилери немаат залихи, на пазарот на големо се чеке по неколку месеци. Пример bulliovault.com снема сребро во Германија пред неколку дена.
Цената се сруши од 31 на 28 неодамна поради големи shrot продажби на пазарот на фјучерси. Ова предизвика лавина од купвање на физичко сребро поради се поочигледната манипулација на цената ..US Mint продаде за 12 дена во Јануар некои 3.5 милони унци што е скоро колку што продаде цел Јануари месец во 2010.
Пазарот е премногу мал! COMEX има залихи од само некои 30$ милјарди што е само фракција од монетарните агрегати, годишниот дефциит, заштедите, вкупните финансиски инструменти итн итн. 30$ милјарди е мачкина кашлица.
Неодмана овај телеком магнатот на Мексико сакашае да инвестира во сребро но поради претесниот пазар не може да купи физичко сребро по разумни цени па работи на тоа да развива рудници.
Среброто е доста привлечно поради секојдневните нови уникатни примени кои се наоѓаат. Не може да се кредира/вештачки созадае и е еден од поретките матријали во сончевиот систем со 1 дел на милјарда и 75 дела на милјарда од Земјата. После има уникатни својства: најдобар познат термоспроводник, најдобар познат електроспроводник, најдобра материја за рефлексија на светлина (затоа го има во ЦДинја, огледала итн).
Инаку со храната реалноста е дека воглавно немаме мака. Можеби не во градовите, но низ Македонија многу луѓе се нето продавачи на храна.. Полсе не сме ние некоја урбана нација со мултимилонски метрополи па нема да стигне храна во супермаркетите. Можеби не во супермаркетите но на битпазар, кванташки, зелено пазарче, како и агропазарите на големо во Струмица, Росоман и Ресен сигурно ќе има храна, можеби поспака во фиат валути но нема да исцркаме за јадење.
Ако имаш барем еден хектар земја никогаш нема да бидеш гладен, а по руалните средини луѓето имаат многу повеќе. Дури и во урбаните средини многу доселеници од селата сеуште ја чуваат земјата и се пак заштитени од кризи со храна.
--- надополнето ---
Во саксии пипер а домати во жардињери! :pos2: .... Не се *припитомени* и не мислат сите во РМ дека храната доаѓа од хипермаркетите, барем не 700-800,000 кои живеат од земјата... Ти можеби си под влијание на некој СФ филм што разработува вакви теми како 2012, Војна на световите или "The Book Of Eli" (ова Ели незнам да го преведам
).... Далеку сме сега од едно вакво сценарио! Сега научна фантастика е како овие 700,000 луѓе да преживеат од својот труд, те од земјоделските производи (КАКО ДА ГИ ПРОДАДАТ, ТЕ ДА НЕ ГИ ПОДАРАТ НА ПРЕКУПЦИТЕ БЕЗВРЕДНО), како од својот труд да живеат ДОСТОИНСТВЕНО???.... а многу конспиративни теории велат дека баш тие, земјоделските производи те. храната ќе бидат страшно дефицитарни и многу ценети! По таа логика и РМ и овие појке од пола милион ќе станат милионериииии! Арно ама ДОТОГАШ ТРЕБА ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И НИЕ СО НИВ!
Но среброто е тема тука, да не одам далеку од темата... tomsaso, знаеме дека големите гуруа предвидуваат долгорочно раст на златото? Како стои среброто во предвидувањата?
Многу експерти предвидуваат пораст на цената на среброто меѓу нив Јим Роџерс, Марк Фабер итн тин. Најдбрз начин до инфомрации е Јутуб можеш да најдеш многу интервјуа на експерти за среброто.