Сребро - инвестиција на декадата

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Еве и јас да се произнесам,

доколку би требал да инвестирал тоа би го направил со купување на злато а не на сребро. Зашто? Бидејќи златото е повредно и поликвидно од среброто. Купуваш златни плочки (или прачки ако имаш повеќе пари) и ги складираш и знаеш дека која валута и да рокне ти си обезбеден материјално барем за нов почеток.

Не ме интересираат никакви споредби на сребро и злато - се знае што се купува.

Златни плочки и прачки се купуваат од интернет или се иде до Турција бидејќи мислам дека се поефтини од Европа.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339

Моментални светски залихи на злато за инвестирање: 1.000.000.000 унци
Моментални залихи на сребро за инвестирање: 300.000.000-500.000.000 унци..

Моментално во светот има помалце сребро од злато
.Ова никогаш не било, ама се случи оти скроо ги истрошивме 50.000.000.000 унци ископани низ времето - ги истрошивме на работи од кои што не можат да се вратат назад (Лаптопи,мобилни, цдинја, рефлектори,катализатори итн итн итн). Од среброто што досега е ископано остануваат само неколку проценти(1%-7%) додека скоро цело злато што е ископано е складирано и се чува.

Не викам дека златото нема вредност или дека е помалку вредно само дека моментално ситуацијата изгледа подобро за среброто.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас би инвестирал во знаење, и тоа знаење на производство на храна во домашни услови буквално на тераса место цвеќиња и во двор место тревник. Затоа што златото и среброто не се јадат колку сакаш имај ти нема да има никаква вредност ако настане недостаток на храна. Знам дека тоа ни изгледа како научна фантастика затоа што како народ сме припитомени и си знаеме ние дека храната доаѓа од хипермаркетите и ја купуваме со картички, ама при вакви кризи и оваа наредната што ја најавуваат ако настане беља голема има да изумреме како пилци ако ја снема храната во хипермаркетите по некоја случајност или намерност....
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853

Во саксии пипер а домати во жардињери! :pos2: .... Не се *припитомени* и не мислат сите во РМ дека храната доаѓа од хипермаркетите, барем не 700-800,000 кои живеат од земјата... Ти можеби си под влијание на некој СФ филм што разработува вакви теми како 2012, Војна на световите или "The Book Of Eli" (ова Ели незнам да го преведам ;)).... Далеку сме сега од едно вакво сценарио! Сега научна фантастика е како овие 700,000 луѓе да преживеат од својот труд, те од земјоделските производи (КАКО ДА ГИ ПРОДАДАТ, ТЕ ДА НЕ ГИ ПОДАРАТ НА ПРЕКУПЦИТЕ БЕЗВРЕДНО), како од својот труд да живеат ДОСТОИНСТВЕНО???.... а многу конспиративни теории велат дека баш тие, земјоделските производи те. храната ќе бидат страшно дефицитарни и многу ценети! По таа логика и РМ и овие појке од пола милион ќе станат милионериииии! Арно ама ДОТОГАШ ТРЕБА ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И НИЕ СО НИВ!

Но среброто е тема тука, да не одам далеку од темата... tomsaso, знаеме дека големите гуруа предвидуваат долгорочно раст на златото? Како стои среброто во предвидувањата?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во саксии пипер а домати во жардињери! :pos2: .... Не се *припитомени* и не мислат сите во РМ дека храната доаѓа од хипермаркетите, барем не 700-800,000 кои живеат од земјата...
А да баш дека се размислува се е во ред само продолжете да си живеете нормално и не е важно дека со секое зголемување на цената на нафтата се зголемубва и бројот на луѓе кои гладуваат на планетава. И ние пошто сме богата земја земјоделски па така од сите четири основни култури (брашно масло шеќер и сол) сите четири ни се дефицитарни. Добро за солтта мора да ја увезуваме ама претходните култури како пченица шеќерна репка и сончоглед се произведувале на овие простори. Станавме премногу зависни од увоз на храна увезуваме храна, ако цената нафтата одиу нагоре пропорционално со нејзе ќе оди и цената на увезената храна.

Само смеј се ти слободно, ама за година дена нема да ти биде толку многу смешно.....
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Смешно ми е само она: да се одгледува земјоделска култура во саксии и на тревниците... Ништо повеќе. Веројатно не мислиш дека сме до таа фаза дојдени!? Па и по година две не верувам дека ќе дојдеме, дури и по деценија!.... А ако сакаш да се посветиш на тоа, немора во тревник да садиш... има толку плодно необработено земјиште а обезвредено - да не кажам беспари земја! И тоа не многу далеку од градов.
 
Не сега одгледување, туку учење како се прави тоа и нормално со практична употреба да се види што бидува а што не по прирачник, за ако не дај Боже затреба, а ќе треба тоа е мое мислење.

Јас одгледувам храна за домашна употреба зеленчукот како главна храна дома што го јадеме е од органско лично производство, дел и овошје за остатокот внимавам што купувам и што јадам....

Нема што да се верува или не, гледај колку немири и штрајкови има во пребогатата Европа, од што им е супер палат кршат итн.
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
16
Поени од реакции
5
Се е во ред со знаењето за домашно производство на зеленчук и овошје. Плус во Европа а кај и да е и кај нас цените на сертифицирано органско произведено овошје и зеленчук се далеку поголеми од тие што се без сертификат.
Муабетот ми е .. баба ми и дедо ми цел живот го поминаа на село и додека можеа да работат дома јадевме само таков зеленчук.
Сега купуваме што има на пазар во Скопје ... тоа ..
Во ред е да научиш како се произведува органска храна .. кои се стандардите .. фина идеа за бизнис е .. ако имаш пазар
Ама твојов муабет друже .. за апокалиптични сценарија и таков недостаток на храна ..да има потреба јас на тераса или у двор да садам за да преживеам .. ми се малце како од сф филмче ... сори :):wink:
Можда ... недај боже .. и ќе има таков ден ... ама не верувам дека во мојов животен век ќе го доживеам

--- надополнето ---

Инаку на темава .. имав размислувано за инвестиции во метали .. ама не до толку .. немам доволно истражено ..
http://forum.kajgana.com/member.php?933-tomsaso
Лично ова што го збори tomsaso ми има логика ... ќе земам да потпрочирам нешто .. па ќе пишам мислење
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288

Моментални светски залихи на злато за инвестирање: 1.000.000.000 унци
Моментални залихи на сребро за инвестирање: 300.000.000-500.000.000 унци..

Дај ми извор
Моментално во светот има помалце сребро од злато
.Ова никогаш не било, ама се случи оти скроо ги истрошивме 50.000.000.000 унци ископани низ времето - ги истрошивме на работи од кои што не можат да се вратат назад (Лаптопи,мобилни, цдинја, рефлектори,катализатори итн итн итн). Од среброто што досега е ископано остануваат само неколку проценти(1%-7%) додека скоро цело злато што е ископано е складирано и се чува.

Не викам дека златото нема вредност или дека е помалку вредно само дека моментално ситуацијата изгледа подобро за среброто.
Ако цело злато е ископанo а цело сребро не е економската логика вика дека тоа што е во поограничена понуда ќе има поголема цена, без тенденција да некогаш се симне бидејќи понудата е совршено нееластична. Значи цената на златото од сега натака стално ќе расте.

Иначе не е точно дека среброто кое е во апарати неможе да се рециклира. Може. И се рециклира. Исто како и златото и бакарот.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Дај ми извор

Ако цело злато е ископанo а цело сребро не е економската логика вика дека тоа што е во поограничена понуда ќе има поголема цена, без тенденција да некогаш се симне бидејќи понудата е совршено нееластична. Значи цената на златото од сега натака стално ќе расте.

Иначе не е точно дека среброто кое е во апарати неможе да се рециклира. Може. И се рециклира. Исто како и златото и бакарот.
Среброто кое што е во апарати не може да се рециклира- односно е неекономично да се рециклира, барем не додека цените не стигнат неколку стотини пати од сегашните. За илустрација еден лаптоп содржи некои 0,30$ сребро. Под услов цената да достигне 100х од осегашната рециклирањето на лапотоп и моблен пак ќе биде недостижно.

Грешка си на многу работи.. Лесно може да се провери со помош на компаративни пресметки на САД во однос на светот колку сребро од инвестициски квалитет има во светот. Единствена дива карта во случајов се кинеските залихи проценети на 1 милјарда унци кои ги има владата. Но тие не се за тргување со сигурност.

Моментално светот има 10 месечни залихи на сребро за разлика од порано кога имал и 10 годишни залихи на сребро. Светските залихи на сребро има повеќе начини да се порценат и проценките се движат во опсегот околу 500 мил унци односно половина од залихите на злато.

Прво и прво среброто се тргува на неколку пазари. Еден од нив е физичкиот пазар кој е најмалку моментално битен во одредување на цената. (на овој пазар најчесто се поставува дното на цената кога се продаваат фјучерсите) Најголемите тргувања се на пазарот на фјучерси каде се тргуваат фјучерсите на COMEX. Но овој пазар не е пазар само на сребро! Договорите може (а често и се) порамнуваат во долари. Инаку отворен интерес за Мај е 365 мил унци, а моментални залихи на берзата 105 мил унци (види CME на гугл). Нормално поради ваквата дисконекција помеѓу фактичките и тргуваните количини на сребро еден ден цената мора да се засонова на физичките фундаменти - КОИ ПАК СЕ:испразнети залихи, дефицит 20тина години итн.. Тоа значи секако многу, многу повиоска цена.
Всушност веќе почнува да се јавува физичкиот недостаток и целиот систем на деривативите е веќе пред распаѓање. Низ многу градови низ светот снемува сребро, главни дилери немаат залихи, на пазарот на големо се чеке по неколку месеци. Пример bulliovault.com снема сребро во Германија пред неколку дена.

Цената се сруши од 31 на 28 неодамна поради големи shrot продажби на пазарот на фјучерси. Ова предизвика лавина од купвање на физичко сребро поради се поочигледната манипулација на цената ..US Mint продаде за 12 дена во Јануар некои 3.5 милони унци што е скоро колку што продаде цел Јануари месец во 2010.

Пазарот е премногу мал! COMEX има залихи од само некои 30$ милјарди што е само фракција од монетарните агрегати, годишниот дефциит, заштедите, вкупните финансиски инструменти итн итн. 30$ милјарди е мачкина кашлица.

Неодмана овај телеком магнатот на Мексико сакашае да инвестира во сребро но поради претесниот пазар не може да купи физичко сребро по разумни цени па работи на тоа да развива рудници.

Среброто е доста привлечно поради секојдневните нови уникатни примени кои се наоѓаат. Не може да се кредира/вештачки созадае и е еден од поретките матријали во сончевиот систем со 1 дел на милјарда и 75 дела на милјарда од Земјата. После има уникатни својства: најдобар познат термоспроводник, најдобар познат електроспроводник, најдобра материја за рефлексија на светлина (затоа го има во ЦДинја, огледала итн).

Инаку со храната реалноста е дека воглавно немаме мака. Можеби не во градовите, но низ Македонија многу луѓе се нето продавачи на храна.. Полсе не сме ние некоја урбана нација со мултимилонски метрополи па нема да стигне храна во супермаркетите. Можеби не во супермаркетите но на битпазар, кванташки, зелено пазарче, како и агропазарите на големо во Струмица, Росоман и Ресен сигурно ќе има храна, можеби поспака во фиат валути но нема да исцркаме за јадење.

Ако имаш барем еден хектар земја никогаш нема да бидеш гладен, а по руалните средини луѓето имаат многу повеќе. Дури и во урбаните средини многу доселеници од селата сеуште ја чуваат земјата и се пак заштитени од кризи со храна.

--- надополнето ---

Во саксии пипер а домати во жардињери! :pos2: .... Не се *припитомени* и не мислат сите во РМ дека храната доаѓа од хипермаркетите, барем не 700-800,000 кои живеат од земјата... Ти можеби си под влијание на некој СФ филм што разработува вакви теми како 2012, Војна на световите или "The Book Of Eli" (ова Ели незнам да го преведам ;)).... Далеку сме сега од едно вакво сценарио! Сега научна фантастика е како овие 700,000 луѓе да преживеат од својот труд, те од земјоделските производи (КАКО ДА ГИ ПРОДАДАТ, ТЕ ДА НЕ ГИ ПОДАРАТ НА ПРЕКУПЦИТЕ БЕЗВРЕДНО), како од својот труд да живеат ДОСТОИНСТВЕНО???.... а многу конспиративни теории велат дека баш тие, земјоделските производи те. храната ќе бидат страшно дефицитарни и многу ценети! По таа логика и РМ и овие појке од пола милион ќе станат милионериииии! Арно ама ДОТОГАШ ТРЕБА ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И НИЕ СО НИВ!

Но среброто е тема тука, да не одам далеку од темата... tomsaso, знаеме дека големите гуруа предвидуваат долгорочно раст на златото? Како стои среброто во предвидувањата?
Многу експерти предвидуваат пораст на цената на среброто меѓу нив Јим Роџерс, Марк Фабер итн тин. Најдбрз начин до инфомрации е Јутуб можеш да најдеш многу интервјуа на експерти за среброто.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Инаку една корисна сугестија: НЕ КУПУВАЈТЕ ПРЕМНОГУ ПО НИКОЈА ЦЕНА. Подобро е да купувате редовно за фиксен износ на пари или пак да купувате повеќе кога ќе падне на цена повеќе..
Ако имаш 5000 евра и да купиш за сите сребро по некоја цена може да се случи цената да падне 20%-30% и да не можеш да ја искористиш таа прилика за купување повеќе сребро за истите пари.
Затоа редовно и повеќе на поефтино. Бенифитот треба да се бара во нардените 10 години. Односно наредните 10 годнини би победил многу пазари ако ти се парите во сребро.

Секако пред да пукне балонот на деривативи и фиктино сребро/злато препорачливо е што повеќе да се купи.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Има шанса да се купи физичко сребро и злато во околината во Балканов на пример Солун или СОфија?
И колку смее да се пренесе преку граница?
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Во среден век во екот на инквизициите во Америка непосредно после отривањето на новиот континент се верувало дека се открил морскиот пат за индија за која се верувала дека била многу богата со злато. Шпанското кралство го заменила златниот трезор со сребрен (значи како парично средство за плаќање почнале да користат сребро место злато).Верувале дека среброто ќе стане повредно од златото. ЗАШТО? Едноставно- Ако навистина има многу злато во изобилство вредноста на златото ќе падне. Тоа навистина е така, но проблемот е што освен тутун, кафе, кокаин, какао, пиперки, пченка и др ЗЛАТО НЕ НАШЛЕ. Така вредноста на златото си останала голема и продолжила да расте, во меѓувреме Британија се ослободува од среброто (фунта е мерка за тежина за сребрените пари, отаму доаѓа името на валутата) и благодарение на тој кикс на Шпанија; Британија почнува да доминира во светот за до крајот на 19 век да биде најголема сила.

Читав погоре за односот 15:1 ако е навистина тој однос држи муабетот дека и односот помеѓу цената на среброто и златот треба да биде толкав. Но за да се исполни тој однос не значи дека цената на среброто треба да расте, можни се повеќе сценарија на пр:

1- Сценарио (само ова го разгледавте) дека цената на среброто ќе порасне додека да се исполни тој однос на пример цена злато 1400$ Среброто денес е 30$, а треба да биде 93$

2- Сценарио цената и на златото и на среброто ќе расте(благодарение на слабеењето на валутите заради инфлација- девалвација, трговски војни и слично) но цената на среброто ќе расте со повисока динамика пример злато 2000$ сребро 134$

3- Сценарио пад на цената и на среброто и на златото, но цената на златото ќе падне значително на пример цена злато да биде 375$ за унца а цена сребро да падне на 25$

4- Сценарио балонот наречен "златна треска" да пукне цената на среброто да се одржи горе-долу иста со незначителни корекции, додека цената на златото да крахира. На пример цена Злато околу 500-600$ за унца

* Сите овие сценарија се направени врз препоставката дела застапеноста на земјината топка во однос злато-сребро изнесува однос од 1:15, што најискрено не сум сигурен дека изнесува толку, не викам дека ѓи кажувате овие информации од ракав, знам дека сте барале низ нет, сте читале и слично но... Секако дека има истражувања и релевантни организации кои што ги вршат, но прашање е колку медиумите се подлежни на шпекулации па како ѓи пласираат тие информации.
 
Wikipedia: 75 ppb Сребро, 5 ppb злато

--- надополнето ---

Има шанса да се купи физичко сребро и злато во околината во Балканов на пример Солун или СОфија?
И колку смее да се пренесе преку граница?
1. Тешко многу. Златоото во Солун се продава и по 1700$ за унца VS 1400$ на берза. Софија/Белград не знам како е. Скопје 20 златни франци или 0.18 унци или 5.8 чисто злато се продава цели 360 евра или 62 евра/грам.. има злато во скопје за 50тина евра/грам. . Истите златници во битола се некои 200 евра што му иди 34 евра/грам што е близу берза со 33 евра/грам. Хрватска веќе има златна треска...
2. Ако ти фатат благородни метали на граница ќе ти ги одземат. Инаку ако би ризикувал да внесувам тука од странство тогаш би одел до Истанбул. Предоста е што во 1cm3 има цели 20 грама злато или 660 евра така да лесно можеш да скриеш 6000-7000 евра (само 10цм3) За среброто бројките се половина.. т.е 10 гр/цм3
 
Kajgana Shop

На врв Bottom