- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434
Не се бавам со тоа ,чисто ме интересирашеСупер за тебе.. Купи си неколку кила![]()

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не се бавам со тоа ,чисто ме интересирашеСупер за тебе.. Купи си неколку кила![]()
Еве и јас да се произнесам,
доколку би требал да инвестирал тоа би го направил со купување на злато а не на сребро. Зашто? Бидејќи златото е повредно и поликвидно од среброто. Купуваш златни плочки (или прачки ако имаш повеќе пари) и ги складираш и знаеш дека која валута и да рокне ти си обезбеден материјално барем за нов почеток.
Не ме интересираат никакви споредби на сребро и злато - се знае што се купува.
Златни плочки и прачки се купуваат од интернет или се иде до Турција бидејќи мислам дека се поефтини од Европа.
Јас би инвестирал во знаење, и тоа знаење на производство на храна во домашни услови буквално на тераса место цвеќиња и во двор место тревник. Затоа што златото и среброто не се јадат колку сакаш имај ти нема да има никаква вредност ако настане недостаток на храна. Знам дека тоа ни изгледа како научна фантастика затоа што како народ сме припитомени и си знаеме ние дека храната доаѓа од хипермаркетите и ја купуваме со картички, ама при вакви кризи и оваа наредната што ја најавуваат ако настане беља голема има да изумреме како пилци ако ја снема храната во хипермаркетите по некоја случајност или намерност....
Во саксии пипер а домати во жардињери! :pos2: .... Не се *припитомени* и не мислат сите во РМ дека храната доаѓа од хипермаркетите, барем не 700-800,000 кои живеат од земјата...
Смешно ми е само она: да се одгледува земјоделска култура во саксии и на тревниците... Ништо повеќе. Веројатно не мислиш дека сме до таа фаза дојдени!? Па и по година две не верувам дека ќе дојдеме, дури и по деценија!.... А ако сакаш да се посветиш на тоа, немора во тревник да садиш... има толку плодно необработено земјиште а обезвредено - да не кажам беспари земја! И тоа не многу далеку од градов.
Моментални светски залихи на злато за инвестирање: 1.000.000.000 унци
Моментални залихи на сребро за инвестирање: 300.000.000-500.000.000 унци..
Моментално во светот има помалце сребро од злато
.Ова никогаш не било, ама се случи оти скроо ги истрошивме 50.000.000.000 унци ископани низ времето - ги истрошивме на работи од кои што не можат да се вратат назад (Лаптопи,мобилни, цдинја, рефлектори,катализатори итн итн итн). Од среброто што досега е ископано остануваат само неколку проценти(1%-7%) додека скоро цело злато што е ископано е складирано и се чува.
Не викам дека златото нема вредност или дека е помалку вредно само дека моментално ситуацијата изгледа подобро за среброто.
Среброто кое што е во апарати не може да се рециклира- односно е неекономично да се рециклира, барем не додека цените не стигнат неколку стотини пати од сегашните. За илустрација еден лаптоп содржи некои 0,30$ сребро. Под услов цената да достигне 100х од осегашната рециклирањето на лапотоп и моблен пак ќе биде недостижно.Дај ми извор
Ако цело злато е ископанo а цело сребро не е економската логика вика дека тоа што е во поограничена понуда ќе има поголема цена, без тенденција да некогаш се симне бидејќи понудата е совршено нееластична. Значи цената на златото од сега натака стално ќе расте.
Иначе не е точно дека среброто кое е во апарати неможе да се рециклира. Може. И се рециклира. Исто како и златото и бакарот.
Многу експерти предвидуваат пораст на цената на среброто меѓу нив Јим Роџерс, Марк Фабер итн тин. Најдбрз начин до инфомрации е Јутуб можеш да најдеш многу интервјуа на експерти за среброто.Во саксии пипер а домати во жардињери! :pos2: .... Не се *припитомени* и не мислат сите во РМ дека храната доаѓа од хипермаркетите, барем не 700-800,000 кои живеат од земјата... Ти можеби си под влијание на некој СФ филм што разработува вакви теми како 2012, Војна на световите или "The Book Of Eli" (ова Ели незнам да го преведам).... Далеку сме сега од едно вакво сценарио! Сега научна фантастика е како овие 700,000 луѓе да преживеат од својот труд, те од земјоделските производи (КАКО ДА ГИ ПРОДАДАТ, ТЕ ДА НЕ ГИ ПОДАРАТ НА ПРЕКУПЦИТЕ БЕЗВРЕДНО), како од својот труд да живеат ДОСТОИНСТВЕНО???.... а многу конспиративни теории велат дека баш тие, земјоделските производи те. храната ќе бидат страшно дефицитарни и многу ценети! По таа логика и РМ и овие појке од пола милион ќе станат милионериииии! Арно ама ДОТОГАШ ТРЕБА ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И НИЕ СО НИВ!
Но среброто е тема тука, да не одам далеку од темата... tomsaso, знаеме дека големите гуруа предвидуваат долгорочно раст на златото? Како стои среброто во предвидувањата?
Инаку една корисна сугестија: НЕ КУПУВАЈТЕ ПРЕМНОГУ ПО НИКОЈА ЦЕНА. Подобро е да купувате редовно за фиксен износ на пари или пак да купувате повеќе кога ќе падне на цена повеќе..
Ако имаш 5000 евра и да купиш за сите сребро по некоја цена може да се случи цената да падне 20%-30% и да не можеш да ја искористиш таа прилика за купување повеќе сребро за истите пари.
Затоа редовно и повеќе на поефтино. Бенифитот треба да се бара во нардените 10 години. Односно наредните 10 годнини би победил многу пазари ако ти се парите во сребро.
Секако пред да пукне балонот на деривативи и фиктино сребро/злато препорачливо е што повеќе да се купи.
Wikipedia: 75 ppb Сребро, 5 ppb златоВо среден век во екот на инквизициите во Америка непосредно после отривањето на новиот континент се верувало дека се открил морскиот пат за индија за која се верувала дека била многу богата со злато. Шпанското кралство го заменила златниот трезор со сребрен (значи како парично средство за плаќање почнале да користат сребро место злато).Верувале дека среброто ќе стане повредно од златото. ЗАШТО? Едноставно- Ако навистина има многу злато во изобилство вредноста на златото ќе падне. Тоа навистина е така, но проблемот е што освен тутун, кафе, кокаин, какао, пиперки, пченка и др ЗЛАТО НЕ НАШЛЕ. Така вредноста на златото си останала голема и продолжила да расте, во меѓувреме Британија се ослободува од среброто (фунта е мерка за тежина за сребрените пари, отаму доаѓа името на валутата) и благодарение на тој кикс на Шпанија; Британија почнува да доминира во светот за до крајот на 19 век да биде најголема сила.
Читав погоре за односот 15:1 ако е навистина тој однос држи муабетот дека и односот помеѓу цената на среброто и златот треба да биде толкав. Но за да се исполни тој однос не значи дека цената на среброто треба да расте, можни се повеќе сценарија на пр:
1- Сценарио (само ова го разгледавте) дека цената на среброто ќе порасне додека да се исполни тој однос на пример цена злато 1400$ Среброто денес е 30$, а треба да биде 93$
2- Сценарио цената и на златото и на среброто ќе расте(благодарение на слабеењето на валутите заради инфлација- девалвација, трговски војни и слично) но цената на среброто ќе расте со повисока динамика пример злато 2000$ сребро 134$
3- Сценарио пад на цената и на среброто и на златото, но цената на златото ќе падне значително на пример цена злато да биде 375$ за унца а цена сребро да падне на 25$
4- Сценарио балонот наречен "златна треска" да пукне цената на среброто да се одржи горе-долу иста со незначителни корекции, додека цената на златото да крахира. На пример цена Злато околу 500-600$ за унца
* Сите овие сценарија се направени врз препоставката дела застапеноста на земјината топка во однос злато-сребро изнесува однос од 1:15, што најискрено не сум сигурен дека изнесува толку, не викам дека ѓи кажувате овие информации од ракав, знам дека сте барале низ нет, сте читале и слично но... Секако дека има истражувања и релевантни организации кои што ги вршат, но прашање е колку медиумите се подлежни на шпекулации па како ѓи пласираат тие информации.
1. Тешко многу. Златоото во Солун се продава и по 1700$ за унца VS 1400$ на берза. Софија/Белград не знам како е. Скопје 20 златни франци или 0.18 унци или 5.8 чисто злато се продава цели 360 евра или 62 евра/грам.. има злато во скопје за 50тина евра/грам. . Истите златници во битола се некои 200 евра што му иди 34 евра/грам што е близу берза со 33 евра/грам. Хрватска веќе има златна треска...Има шанса да се купи физичко сребро и злато во околината во Балканов на пример Солун или СОфија?
И колку смее да се пренесе преку граница?