Цените на дизел-горивата за една година се зголемија за неверојатни 40 проценти. Наместо 50,5 денари во почетокот на 2010, сега литар „евродизел“ се продава за 70,5 денари. Бензините за само 13 месеци поскапеа за 25 отсто. Од 65 денари за литар во почетокот на минатата година, за литар „евросупер 98“ сега плаќаме 81 денар. Цената на маслото за домаќинствата за една година забележа скок од речиси 50 отсто (од 39,5 на 59 денари за литар).
200 евра ако си среќен. Во Веро работат за 8000 денари!200 евра просечна плата ццццццццц
Абе треба да се запали и влада и све у пм., ова ли е држава ?
Ова е од пред 3-4 дена.Ништо ново.Денеска во Македонија со ова конкретно барање дојде косовскиот министер за здравство Ферид Агани. Вели дека за лекувањето на неговите граѓани годишно троши 27 милиони евра што било една третина од буџетот на министерството со кое раководи. Затоа очекува позитивен одговор од неговиот македонски колега. Министерот Османи без прецизен одговор дали третманот на косовските пациенти ќе биде ист како македонските. Но вели и да е така, тоа нема да доведе до зголемување на листите на чекање.
Иницијативата косовските пациенти да имаат ист третман како македонските постои од пред три години, но не може да дојде до нејзина реализација се додека не се воспостави државен договор меѓу двете земји во делот на социјалната заштита.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/kosovskite-pacienti-da-plakaat-kako-da-se-makedonski-gragjani
Лол 3 дена е стара веста и е прогласено за старо, 27 милиона пфф , ништо ново у воздухОва е од пред 3-4 дена.Ништо ново.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135600Наголемо се трошат пари за „Скопје 2014-та“. Уште нови девет милиони евра ќе отидат за австриска фирма занаетчиски работи, мебел, осветлување и орнаментика за стариот театар.
Со оваа последна набавка на министерството за култура речиси за пет пати е зголемена сумата која се предвидуваше за театарот.
Премиерот Груевски тврдеше дека објектот ќе чини само 6 милиони евра, но испадна дека досега се потрошени над 25 милиони евра. Или целата финансиска конструкција е надмината за само 20-тина милиони евра.
Сите објекти од „Скопје 2014-та“ испаднаа неколкупати поскапи од најавите на власта. За спомениците се тврдеше дека ќе чинат 10 милиони евра, а само толку е Александар на Букефал и фонтаната на која се планира да биде поставен годинава.
Сите споменици заедно тежат над 50 милиони евра. Само театарот и спомениците ја достигнуваат сумата од 80 милиони евра колку што тврдеше Груевски дека ќе чини целиот проект „Скопје 2014-та“.
Проектот и огромните суми народни пари долго време се цел на критики на јавноста а стигнаа и до светските медиуми. Британскиот „Економист“, „Скопје 2014-та“ го споредуваше со епизода од стриповите на Астерикс и Галските авантури.
„Економист“ тврдеше дека Премиерот Груевски несомнено ќе сака „Скопје 2014-та“ за кој се потрошени стотици милиони евра пари на граѓаните да го искористи во изборната кампања како негов голем успех.
Забрзано се привршува и со проектот за обновување на фасадите во центарот на Скопје, а како нов детаљ во планот за „Мал ринг“ се најде и партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе се издигнува на висина од 22 метри.
Мислам дека фали уште поголем фонт и ако може да трепка...
Ќе ја поскапат и водата , ќути.
Каков будист си ти кога повикуваш на насилство?200 евра просечна плата ццццццццц
Абе треба да се запали и влада и све у пм., ова ли е држава ?