Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
ахаха , ова е јако , па и во демократија власта штрајкува . еве кај нас си штрајкуваат пред седиштето на опозицијата, не е баш директно , но им праќаат свои членови.
 
Поголема основица, поголемо ддв.
Бензинот наточи екстра 23 млн. евра во буџетот

Алчноста ги држи горивата скапи
Цените на дизел-горивата за една година се зголемија за неверојатни 40 проценти. Наместо 50,5 денари во почетокот на 2010, сега литар „евродизел“ се продава за 70,5 денари. Бензините за само 13 месеци поскапеа за 25 отсто. Од 65 денари за литар во почетокот на минатата година, за литар „евросупер 98“ сега плаќаме 81 денар. Цената на маслото за домаќинствата за една година забележа скок од речиси 50 отсто (од 39,5 на 59 денари за литар).
 
Кило зелка на пазар стигна 50 денари, некој компир холандски негде 73 у веро, лукот сега ми спомнаа тетово 400-500 денари кило...станува интересно, посебно за оние кои сакаат да се хранат малку поквалитетно.
 
200 евра просечна плата ццццццццц
Абе треба да се запали и влада и све у пм., ова ли е држава ?
 
200 евра просечна плата ццццццццц
Абе треба да се запали и влада и све у пм., ова ли е држава ?

200 евра ако си среќен. Во Веро работат за 8000 денари!

Епа кога народот си ќути, други ќе си играат курташак. Ако, ако.. ја викам малце е за овој народ.

Предвремени избори на секои 2 години се прават и тоа од наши пари!
 
Preslushajte go malku ovoj klip po vnimatelno pa ke vi stanat rabotite malku po jasni.

 
Каков народ - таква власт.Се дури си седиме дома и тераме жалопојки на Кајгана и ова ни е малку!А толку сме проклети шо и да се десат некакви си големи протести ќе го купат 'водачот' на револуцијата за ситна пара ,а другите толку ќе се разочараат шо ни еден од нив не ќе е во состојба да го превземат неговото место .:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

И друга работа,не можам да сфатам како луѓето кај нас толку брзо забораваат ,две страни се менуваа на сите избори досега и дури се едните се молат за другите да дојдат на власт ,демек ќе ја средат работата (во која 50 % се и тие криви) и обратно ,а свесни дека се исти гној
:helou:
 
Денеска во Македонија со ова конкретно барање дојде косовскиот министер за здравство Ферид Агани. Вели дека за лекувањето на неговите граѓани годишно троши 27 милиони евра што било една третина од буџетот на министерството со кое раководи. Затоа очекува позитивен одговор од неговиот македонски колега. Министерот Османи без прецизен одговор дали третманот на косовските пациенти ќе биде ист како македонските. Но вели и да е така, тоа нема да доведе до зголемување на листите на чекање.


Иницијативата косовските пациенти да имаат ист третман како македонските постои од пред три години, но не може да дојде до нејзина реализација се додека не се воспостави државен договор меѓу двете земји во делот на социјалната заштита.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...nti-da-plakaat-kako-da-se-makedonski-gragjani
 
Денеска во Македонија со ова конкретно барање дојде косовскиот министер за здравство Ферид Агани. Вели дека за лекувањето на неговите граѓани годишно троши 27 милиони евра што било една третина од буџетот на министерството со кое раководи. Затоа очекува позитивен одговор од неговиот македонски колега. Министерот Османи без прецизен одговор дали третманот на косовските пациенти ќе биде ист како македонските. Но вели и да е така, тоа нема да доведе до зголемување на листите на чекање.


Иницијативата косовските пациенти да имаат ист третман како македонските постои од пред три години, но не може да дојде до нејзина реализација се додека не се воспостави државен договор меѓу двете земји во делот на социјалната заштита.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...nti-da-plakaat-kako-da-se-makedonski-gragjani

Ова е од пред 3-4 дена.Ништо ново.
 
Ова е од пред 3-4 дена.Ништо ново.

Лол 3 дена е стара веста и е прогласено за старо, 27 милиона пфф , ништо ново у воздух


Наголемо се трошат пари за „Скопје 2014-та“. Уште нови девет милиони евра ќе отидат за австриска фирма занаетчиски работи, мебел, осветлување и орнаментика за стариот театар.

Со оваа последна набавка на министерството за култура речиси за пет пати е зголемена сумата која се предвидуваше за театарот.

Премиерот Груевски тврдеше дека објектот ќе чини само 6 милиони евра, но испадна дека досега се потрошени над 25 милиони евра. Или целата финансиска конструкција е надмината за само 20-тина милиони евра.

Сите објекти од „Скопје 2014-та“ испаднаа неколкупати поскапи од најавите на власта. За спомениците се тврдеше дека ќе чинат 10 милиони евра, а само толку е Александар на Букефал и фонтаната на која се планира да биде поставен годинава.

Сите споменици заедно тежат над 50 милиони евра. Само театарот и спомениците ја достигнуваат сумата од 80 милиони евра колку што тврдеше Груевски дека ќе чини целиот проект „Скопје 2014-та“.

Проектот и огромните суми народни пари долго време се цел на критики на јавноста а стигнаа и до светските медиуми. Британскиот „Економист“, „Скопје 2014-та“ го споредуваше со епизода од стриповите на Астерикс и Галските авантури.

„Економист“ тврдеше дека Премиерот Груевски несомнено ќе сака „Скопје 2014-та“ за кој се потрошени стотици милиони евра пари на граѓаните да го искористи во изборната кампања како негов голем успех.

Забрзано се привршува и со проектот за обновување на фасадите во центарот на Скопје, а како нов детаљ во планот за „Мал ринг“ се најде и партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе се издигнува на висина од 22 метри.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135600
 
Поскапи лебот сабајлево у пичку мајчину, и покрај ветувањата дека тоа нема да се случи....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom