Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
А не ви е понижење да се возите по 1 човек во секоја кола.
Хехе, јок, ќе чекаме наутро 3-4 души да возиме "економично"...или како у сибирските тајги казнетите комсомолци во сталиновиот СССР, на запрежни коли.

Туку, ај со среќа живеачката

Бензините пред ново поскапување!?

недела, 16 јануари 2011, 17:09
Бензините пред ново поскапување. Регулаторната комисија за енергетика, според информациите на Алфа на утрешната седница најверојатно ќе објави нови поскапи цени. Првиот човек на комисијата Димитар Петров потврдува дека ново поскапување најверојатно ќе има, но не сакаше да изнесува детали до утре кога ќе се правеле финалните пресметки. Граѓаните се жалат дека и со постојните цени возењето автомобил веќе било луксуз. Дел од нив велат дека без автомобил не можат да функционираат и немаат друг избор. Регулаторите се правдаат дека методологијата за формирање на цените која зависела главно од движењето на нафтата и вредноста на доларот била најповолна во регионот. Ако детално се разгледа последната пресметка, ќе се види дека разликата во цените од производната до продажната е огромна.
На пример за Еуросупер-95 граѓаните плаќаат повеќе од двојно од рафинериската. Од 75 денари колку што чини еден литар на бензинските станици, 36,9 одат на сметка на производителот, 22 денари на име акциза, речиси еден денар како надоместок за задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати и надоместок за животна средина. Експертите прогнозираат дека нафтата, која деновиве достигна цена од 98 долари, многу скоро ќе порасне над 100 долари за барел сурова нафта. Континуираниот раст на цените на бензините во последниве месеци веќе резултираше со серија поскапувања кои удрија и врз онака нискиот стандард на граѓаните.

 
Член од
1 август 2009
Мислења
24
Поени од реакции
3
Колку сакаат нека го покачат јас пак ќе си ставам за 500-че...:pos2:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Експертите прогнозираат дека нафтата, која деновиве достигна цена од 98 долари, многу скоро ќе порасне над 100 долари за барел сурова нафта. Континуираниот раст на цените на бензините во последниве месеци веќе резултираше со серија поскапувања кои удрија и врз онака нискиот стандард на граѓаните.

150-200 долари за барел ќе оди такви предвидувања видов јас.....
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
150-200 долари за барел ќе оди такви предвидувања видов јас.....
Колку што отиде пред 2 3 години така и сега, стигна до 80 ден за литар и после некој месец се врати на нормала, така и сега. И за плинот викаа ќе скокни над 50 ден ама сега еве се намалува. Ова е период таков.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.662
Ова више им прерасна во навика секоја недела маме нивно лоповско :nesvest:

Малопродажната цена на нафтените деривати ноќеска на полноќ се зголемува од 0,5 до еден денари, што е најново поскапување во серија на горивата во последните неколку недели.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на Еуросупер БС-95, на Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека Еуродизелот поскапува за половина денар.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 76,00 денари, а на Еуросупер БС-98 77,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, додека Екстра лесното масло ќе биде достапно по цена од 53 денари за литар.

Поскапувањето не го одмина ниту мазутот, кој од ноќеска ќе се продава за 0,882 денари/кг повеќе. Новата цена М-1 НС изнесува 35,939 ден/кг.

Извор : http://kajgana.com/makedonija/novo-poskapuvanje-na-benzinite
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
СЕГАШЕН СОСТАВ на Регулаторната комисија за енергетика



Димитар Петров, дипломиран електро инженер, Претседател и член на РКЕ;

Именуван за претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-2694/1 од 15 јуни 2009 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/09.

Рухи Бакију, дипломиран правик, Заменик претседател и член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.

Светлана Јаневска, дипломиран економист, Член на РКЕ;

Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08.


Видан Кулевски, дипломиран електро инженер, Член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 4768/1 од 16 ноември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 138/09.
извор

Еве овие 4 не ја еб*ваат мајката секоја недела абе крв му еебам по кој к*р фактор се овие да решаваат бе за се и сешто и секоја недела да го поскапваат бензинот и парното и струјата ?!како сметаат бе овие или во договор со фирмите макпетрол окта лук оил со евн со елем и тие за парното ќе се си играат богови со судбината на цел народ
Но сепак нај голема кривица има во нас народот кој сите си ќутиме како п....и затоа дури има овци ќе има и овчари
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Сега бензинот ќе иде нагоре многу затоа што има шпекулации дека веќе снемува нафта во некои земји... Да, сите предвидуваат 150-200 долари барел.. Што би значело 100 денари литар.. Ајде честито!
п.с. Кој сака велосипед да купи, сега му е мајката, послем и нив ќе ги поскапат :)
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Сега бензинот ќе иде нагоре многу затоа што има шпекулации дека веќе снемува нафта во некои земји... Да, сите предвидуваат 150-200 долари барел.. Што би значело 100 денари литар.. Ајде честито!
п.с. Кој сака велосипед да купи, сега му е мајката, послем и нив ќе ги поскапат :)
Да бе 300 денари слушнав ќе бил безнзинот а нафтата 286 ден, дај бе вакви дезинформации не ширете.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Кога ќе им е неподносливо скапо најверојатно и ќе престанат да возат коли.
Додека возат, тоа значи дека цените не се доволно високи.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Кога ќе им е неподносливо скапо најверојатно и ќе престанат да возат коли.
Додека возат, тоа значи дека цените не се доволно високи.
Нема да престанат да возат коли се додека се нуди бензин а луѓето имаат коли. Но ќе возат се помалку. А домашните компании ќе имаат и послаба деловна активност и помал профит, или поголема загуба и помалку пари за инвестирање.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нема да престанат да возат коли се додека се нуди бензин а луѓето имаат коли. Но ќе возат се помалку. А домашните компании ќе имаат и послаба деловна активност и помал профит, или поголема загуба и помалку пари за инвестирање.
Треба почесто да пешачат, возат точак или ЈСП, приватни.
Не, на компаниите ќе им се покрива разликата од цената на производот, а ако не им се покрива ќе има некој друг кој ќе го пласира тој производ.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Плинот до колку дојде ?? последен пат пред 2 недели ставав кај охис макпетрол 38 денари беше
 

Kajgana Shop

На врв Bottom