Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зејтин е 81 денар.Беше 56,каков скок,фантастично :)
Платите имаа скок,надоле поради зголемени трошоци за работа.Зарем не живеете подобро од 95 година?
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Не се исплаќа веќе да се пали кола, само пешки.

Од нафтава ќе фатат да поскапуваат и низа други производи, пред се прехрамбени, па јавен превоз, такси.. итн.

Навистина е тешко да се живее, после се чудат кога младите заминуваат!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Мислиш дека на запад е боље глеај ТВ да видиш како и германците цвикаат за превоз месечно им требале 300 и нешто евра
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Грујооооооооооо мајстореееееееее само стрижиииии овцииии... имаш еден куп никогаш нема да ти ги снема...

туку мене не ми е јасно ова, нели пред некој период нафтата по барел беше дупло поскапа него ли сега? некои 170 долари имаше стигнато? колку беше литар бензин тогаш? 140 ден?

не му доаѓа памет на овој народ, само ќе си трпиме и ќе си ќутиме...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Грујооооооооооо мајстореееееееее само стрижиииии овцииии... имаш еден куп никогаш нема да ти ги снема...

туку мене не ми е јасно ова, нели пред некој период нафтата по барел беше дупло поскапа него ли сега? некои 170 долари имаше стигнато? колку беше литар бензин тогаш? 140 ден?

не му доаѓа памет на овој народ, само ќе си трпиме и ќе си ќутиме...
Нафтата беше 147 долари за барел и 81 денар за литар бензин (2008) а сега е 88 долари за барел и 75 денари за литар.

Тоа не е важно, важно е да си ја сакаме државата.:vozbud:
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ај сто поскапува струјата нека има бе европска цена... ама да има и европски квалитет а не да снемува струја во тетово 17 саати да нема струја во 21 век...Да не збориме за напонот низ цела држава што никаде не е 220 волти.
Ме интересира што со тоа дека ФЕД печати пари доаѓа до инфлација, меѓутоа нели на пазарот нема стоки во толкава вредност колку што само штанцаат пари?
Нели еден ден тој балон ке пукне? Што ке се случи на тој ден?
Доларот ќе ја изгуби вредноста, стоките ќе ги снема од америка, куповната сила ќе се редистрибуира од банкарите на волстрит на производителите во кина и низ светот. Реалните економски сектори ќе бидат просперитетни од типот на земјоделие, рударство, индустрија, сточарство итн итн.

Пред да се случи тоа секако ќе има ова што се случува - постепено дебазирање на валутата и пораст на цените на стоките на светско ниво. Инфлацијата нема да запре се додека централните банки не сфатат дека чуваќи долари секој ден губат се повеќе и повеќе. Така еден ден ќе решат да продаваат, и ќе продаваат нагло. Пола од доларите што се напечатени не се во Америка. Тоа ќе доведе истите да си го најдат патот назад во америка подигнуваќи ги цените на секој замислив производ, уриваќи ја комплетно довербата во валутата и доведуваќи до хиперинфлација. Добар пример за ова е Вајмар Германија.. Таму се случи нешто по сличен терк каде што буџетските дефицити од 40-50% се финансираа со монетизација на долгот (моментално за сад индикаторот е 40% и скоро 90% од тоа се монетизира).Во меѓувреме марката уживаше нешто слично на доларот - странците ја чуваја, моментот кога почна да губи вредност ја продаваа и сите тие марки се вратија назад во германија. Работат е што сето е возможно додека светот веруват во "резервноста" на валутата. Крај краева што ќе ти е долар ако ти требаат 780$ за бушел шито, 600$ за пченка, 1300$ за грашак, 90$ за нафта и 1400 за злато ? Финтава е што кнезите веќе почнаа да го сваќаат ова па го зголемија четирипати увозот на злато - од 50 тони на 200 тони.

Во меѓувреме пазарот на обврзници се срушува .. Не се знае кој стои зад тоа - дали индивидуални инвеститори, централни банки или short seller. Но ако трендот продолжи Кина нема да стои со скрстени раце и да гледа нивното национално богатство од 1500$ по глава жител во форма на безвредни обрзници се срушува. Можат да решат и да почнат да продаваат ... Можеби во еден месец можеби постепено - но едно е сигурно ако продаваат постепено ќе го испаничат пазарот и ќе изгубат повеќе. Затоа поверојатно е флеш-креш и на обврзниците заедно со доларот и експлозија на цената на златото.
 

TheKoksi

[K]oksi
Член од
7 декември 2010
Мислења
139
Поени од реакции
22
Море европските цени се пониски од овие ц.ц.ц точно знам 1 литар бензин е 86центи во Словенија..
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913

Околу темава што да кажам.... Па ништо се е поскапено државата оди се понапред и понапред, сега уште малце и Европјани ќе бидиме, цени ко нив, плати нема - нормално, ќе гледаме по излози најубави работи ама ЌЕ ГЛЕДАМЕ а ќе немаме.......Срамота е ова нема никакви подобрувања туку само поскапувања.....Струја поскапа - Струја за никаде нити напон добар нити секогаш има, Горива се поскапи и поскапи а патишта ЗА НИГДЕ - резил , се е дупки и коли се искршија и све..........Само казни на сите страни, извршители па сеа и дворови купување уште малце и куќите ќе си ги купуваме самите, Една партија гради безпотребни работи, друга партија ќе јадела луѓе - ТОНЕМЕ .... ЌЕ ПРОПАДНИ И ДРЖАВА И СВЕ....
 
C

cige

Гостин
Нафтата беше 147 долари за барел и 81 денар за литар бензин (2008) а сега е 88 долари за барел и 75 денари за литар.

Тоа не е важно, важно е да си ја сакаме државата.:vozbud:
Никогаш бензинот не бил 81 денар, убаво се сеќавам дека најскап беше јули 2008 кога ми ја купија купија колата беше 77.5 денари за литар, и после тоа нагло почна да паѓа по 3-4 денари секој втор понеделник, во октомври стаса до 47 денари, и тогаш почна постепено да расте.
А вие за владата што зборувате алал да ви е, Груевски управува со светските берзи, ѕверови сте.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Никогаш бензинот не бил 81 денар, убаво се сеќавам дека најскап беше јули 2008 кога ми ја купија купија колата беше 77.5 денари за литар, и после тоа нагло почна да паѓа по 3-4 денари секој втор понеделник, во октомври стаса до 47 денари, и тогаш почна постепено да расте.
А вие за владата што зборувате алал да ви е, Груевски управува со светските берзи, ѕверови сте.
Како бе...мора да си сенилен...склероза...на млади години...:pos2:

Бензинот над 80 денари

Датум: 23.06.2008, 16:10

И така...

Е сега чекаме објаснение за свеЦките берзи и цитираното...:)
147 USD и 80,5 денари и 88 USD и 75 денари...дигитронот брзо...
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Шо ни е гајле бе луѓе...секако за 500че бензин си стааме секоаш...:lud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom