bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Бран поскапувања: Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парното од 1 јануари
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95 ќе се продава по 73,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 75 денари, а Еуродизелот по 62,00 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за три денари и ќе изнесува 51 денари за литар. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 33,987 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 90,705 долари за барел и е за 5,56 отсто повисока од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот две недели изнесувал 46,2612 денар и е за 0,7 отсто повисок од курсот по кој беа формирани досегашните цени.
Регулаторите одлучија да ги коригираат цените и на струјата и на парното. Од 1 јануари идната година струјата ќе биде за 6,36 проценти поскапа.
Цената на парното по Нова година ќе биде поскапо за 0,6 проценти.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=68764
.