Го видов, и го сфаќам Роналдо зошто е изреволтиран, и стварно не можам да сфатам, играчите на Реал играа со истава формација во купот, ама имаа многу поразлично движење, Пике немаше шанси така долго време да ја држи топката, веднаш беше напаѓан, тие бесконечни додавања што ги правеа назад ги немаше тогаш, многу поагресивни беа во тој дел од теренот, и затоа и создадоа многу повеќе шанси во натпреварот од купот, средниот ред на Реал многу поразлично играше него ли на овој натпревар.
Имаа различно движење затоа што Барса им го дозволи тоа. Мурињо сам кажа после утакмицата што направил.
Барса сака да има посед, Реал им ја дава топката и ја брани целата своја половина како да е шеснаесетник. Не ја бркаат топката затоа што така само ќе се изморат и ќе ја изгубат формата во одбраната. Вака Барса се преморува затоа што напаѓа цело време, по што следи втората фаза ставање на трет напаѓач(вчера Адебајор), а потоа и плејмејкер наместо еден од дефанзивните играчи (мислам дека Мурињо рече Кака на местото на Диара сакал да го стави).
Му успеа во купот и ја победи Барса со 28% посед на топка. Ама вчера Пеп го понижи. Како со тоа што ја сврте ситуацијата во своја корист со изјавата пред натпреварот така и тактички.
Прво, Штарк направи катастрофална грешка лани кога му го поништи голот на Бојан во 90 минута против Интер на Ноу Камп. Со изјавата Пеп го потсети на тоа и го постигна истиот ефект што Мурињо го постигна со судијата во купот. Да не беа изјавите на Мурињо Реал ќе ја завршеше утакмицата во купот со 7 играчи, а вчера да не беше изјавата на Пеп, Пепе немаше да добие црвен картон.
Тактичкото понижување мислам дека сепак повеќе ќе го боли Мурињо. Беше премногу самобендисано и арогантно од него да очекува Барса да падне на иста финта двапати во една недела. Вчера играчите на Барса не трчаа како муви без глава во напад. Алвес не смееше да помине во противничка половина, а Пујол и тоа како се погрижи Роналдо да нема толку слободен простор како минатата недела.
Меси се враќаше многу подлабоко во теренот од обично што уствари помогна Барса да ја сврти тактиката на Мадрид против нив. Барса не се преморува и во исто време не остава простор за контри, а Реал нема напаѓачки план. Нивниот план е кога барса ќе се измори да внесат играчи што можат да направат брза контра. Без просторот за контри џабе му се изјавите на Мурињо дека ако не беше црвениот картон Мадрид ќе победеше откако ќе го ставеше Кака наместо Диара. Немаше да смени ништо затоа што после тоа наместо само Роналдо да трча во половината на Барса ќе трчаа роналдо и кака. двајцата против цела одбрана на барса плус бускетс и кеита немаа шанси.
Марсело по барање на Роналдо се преморуваше пробувајќи да помогне во напад што беше искористено од Барса. Афелај на местото на Педро затоа што Афелај е одморен и толку беше од Марсело.
Мурињо е многу повеќе виновен за поразот на Реал отколку судијата. Дури и црвениот што го доби Мурињо многу полошо влијаеше врз Мадрид отколку црвениот што го доби Пепе.