Khedira (05.01.11 – ‘WeltAmSonntag’):
П: Како се адаптиравте на шпанскиот менталитет?
К: Имаше мала промена на почетокот. Не знам дали поради начинот на кој работи Mourinho или не, но имаше разлика со начинот на кој работев претходно. Во Real Madrid имам поголема слобода, ти си свој шеф. Претходно морав да прашам што да ...јадам и пијам за 5 саати подоцна да бидам подготвен за тренинг, морав да прашам дали можам да излезам навечер. Овде се работи поинаку.
П: Mourinho се жалеше дека вие и Ozil имате проблеми со комуникацијата со останатите.....
К: Ми кажа дека не го кажал тоа баш така. Никој не може да научи нов јазик за 3 недели. Сега многу поинтегриран. Натпреварите ми помогнаа многу и моите соиграчи ме почитуваат.
П: Што е посебно, специјално кај Mourinho?
К: Лидер е. Не го интересира само фудбалот, се интересира и за луѓето. Заработуваме многу пари, но не сме машини. Секој човек има потреба од разговор и почит. И он е тука за секој од нас, без разлика дали тој е стартер или замена. Искрен е, праведен и секогаш расположен за шега. Никогаш не сум видел тренер кој подготвува натпревари до најмал детаљ. Секој ривал го анализира милиметарски.
П: Зборува со играчите кога сте на одмор или кога не играте?
К: Да. Кога бев санкциониран и отидов во Минхен на контрола, ми се јави. Кога имаме 3 или 4 слободни денови секогаш ни праќа порака. Кога играм со Германија, исто така. Тоа ме импресионира кај него, многу е близок со сите нас.
П: Mourinho ве заштити после el clásico....
К: Не критикуваше во соблекувална, но веднаш побара од нас да бидеме силни како пред тој натпревар.
П: Како се согласувате со Cristiano?
К: Му се восхитувам. Му се восхитувам на начинот на кој работи и како живее со статусот кој го има. Се зачудив кога ми кажа дека не оди на забави навечер, ниту пие алкохол. Од надвор сите го замислуваат поинаку. Он беше првиот кој ми понуди помош. Мадрид е град со предизвици и има луѓе кои сакаат да те искористат или едвај чекаат да направиш грешка. Он ми беше водич и ми укажа на тие замки за да не паднам во нив.
:tv: