Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Премиер лига...онака нај ќејфски ми е коа гледам
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Најдобра лига? Тоа е прашање на личен вкус или подобро да речено секој различно си го дефинира поимот фудбал.За мене најдобра лига е шпанското првенство-значи кога сакам да гледам фудбал исполнет со многу голови,неагресивна игра,прекрасни акции,без тактизирања,игра со нападачки менаталитет...т.е вака изгледа фудбалот што ме исполнува.
Англиската премиер лига би ја рангирал на 2 место заради атрактивната игра на 2 клубови(Арсенал и Ман.Јунатед) и квалитетот/конкурентноста на одредени клубови(Челзи,Тотенхем,Сити..) но,сепак некако заради некои моменти од типот: 90 мин,се прави само фрли ја топката во противничкиот шеснаесетик,играчи со физички изглед на терминатор и слично не ми е баш најатрактивна.
Бундес Лигата би ја ставам на 3 место : Лигата има акции,голови... ,но недоволно континуитет и квалитет на клубовите(со исклучок на Баерн Минхен)
Серија А последна: Единствена позитивна работа во оваа лига ми е Рома и Фиорентина каде што колку толку се трудат да играат фудбал.Лигава не ми изобилува баш со ништо т.е тактизирање до бескрај,многу малу постигнати голови,техника скоро и да нема,агресивност до безкрај...

Поз
 
C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Искрено најдобра според мене Англиската Лига,има секогаш добар фудбал за гледање и човек просто да ужива дур гледа..Најдосадна Италјанската морам да кажам..
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Јас тука во претходните страни прочитав неколку глупости од фановите на Премиер лигата дека во нивната лига имало поголеми Ривалства и поголеми традиции од Италјанската Сериа А??..Секако дека Премиер лигата е најдобра лига моментално но да ги споредиш дербите во двете земји и атмосферата на трибините треба да немаш гледно воопшто фудбал или да лупаш глупости од памет....каква традиција имаат клубовите во Англиската лига меѓу себе??..па до 1990 постоеше само еден тим во Англија и тоа беше Ливерпул!...англиската лига до 2006 беше никој и ништо и беше најнеактрактивна лига во Европа..само две екипи си ги менуваа титулите Арсенал и Манчестер а другите екипи беа турниме да кинисам..(што во никој случај не е таква ситуацијата во Примера дивизион каде и другите екипи се одлични само што Барселона и Мадрид се предобри за нив и општо за сите)..па зарем некое англиски дерби можи да се спореди со Рома-Лацио или Интер-Милан каде се содржи се што треба да има едно фудбалско дерби(посебно Римското)..погледнете ја и почуствувајте ја атмосферата само на дербито Сампдорија-Џенова(кога ќе играат) и сите тука што сте фанови на англислките тимови кажете ми дали има таква атмосфера во некое англиско дерби освен кога Ливерпул игра дома!
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773

Хахаха смешки си бе човеку со ова дербиава..Знам, во Сериа А големи дерби натпревари се водат со полупразни трибини. Тоа што во Сериа А има нула закони наспроти законите во Англија за менталните навивачи не го прави ривалството поголемо, свати веќе еднаш. Кое црно ривалство го има во Сериа А, кога има милион играчи што ги прошле сите тие екипи и никому ништо. Знаеш ли што се случуваше кога Кембел од Тотенхем прејде во Арсенал???? Знаеш ли како се чувствува Ешли Кол кога игра секогаш против Арсенал??? Сега ќе ти ги набројам ривалствата кои се и те како поголеми од тие што постојат кај вас (и немој да речеш дека не пратам Сериа А, зошто пратам сигурно колку тебе): Арсенал-Тотенхем, Челзи-Тотенхем, Арсенал-Манчестер, Манчестер-Сити, Евертон-Ливерпул, Бирмингем-Астон Вила, Вест Хем-Милвол, Њукасл-Сандерленд, Лидс-Манчестер, Ливерпул-Манчестер...Еве конкретно за Арсенал-Тотенхем, ривалството е старо речиси 100 години, да не речеш само од 2006 навака...Ако некоја земја има голема страст за фудбалот, сигурно тоа е Англија. Еве ти, прочитај малку:

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_association_football_club_rivalries_by_country
 
Не мислам да се рпасравам за ова кога и ти и јас си имаме свој став и тешко дека ќе се разубедиме помеѓу себе..тоа е само мое мислење и тоа што го гледам на телевизија ме насочи кон мислењето кое го имам..не википедија и најголемиот фудбалски стручњак нема да ме разубеди дека Арсенал-Тотенхем е подобро и поатрактивно дерби од Рома-Лацио..едноставно тоа што се случува на дербиата во Италјанското првенство е многу повеќе од само фудбал ...знам дека во Италија нема закони кои ги спречуваат навивачите да прават глупости какви што има во Англија , но сепак таа хармонија и таа историја на екипите што го содржи Италјанското првенство Англиската лига ја нема...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.768
Поени од реакции
9.888
Француска и Премиер..други не ни гледам
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Премиер е најдобра, најинтересна за следење, не тоа дека Манчестер Јунајтед ми е омилен тим, туку така е.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
Не викам дека не ми е привлечна Премиер лига,баш напротив...сигурен сум дека имам повеќе утакмици пратено од тебе.
За дерби сакав да кажам боље,да паѓаат секое дерби 5 гола,па макар и 5:0 нека е.
За Касиљас не добив демат,кој е подобар,исто и за Виља.
Не реков дека Пике и Пујол се најдобрите дефанзивци,само едни од подобрите...впрочем,да не се добри,нема да играат во Барса.

*Морав тука да ти реплицирам,да не тераме оф топик.
1. Немаш. А не знам од кај си сигурен...
2. Абе и јас неам ништо против да има повеќе голови, ама да гледам смешки, заебавање и понижување, тоа за мене не е дерби. Исто ко да играт кошарка Америка против Македонија.
3. Ван Дер Сар моментално со 40 години е професор за Касиљас. Жулио Цезар е одличен голман, а и не ми се набројува уште колку ги има. Сакаш смеј се, сакаш не се смеј. Касиљас посебно добро бранеше против Милан у ЛШ и на дербито со Барселона, признавам, добар е.
4. Па добро, нема такви дефанзивци како Пике и Пујол? Не знам шо ги величите толку, кога целата сила на Барса е во среднио ред и Меси, така да можеш да изброиш колку Барселона е нападната во текот на целите 90 минути. Видиќ и Тери ќе ги качат на грб и двајцата и ќе играат.
5. Поздрав.
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Се знае кај се игра најдобриот фудбал, машки фудбал. Премиер Лига бе бате, АНГЛИЈА.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
Да не ве цитирам овака ќе ви одговорам.

Зборувам за А1 и Сител кога даваа Англиско. Посебно кога даваше А1, тогаш одеа по 5 натпревари од кои редовни беа во 13:45 во сабота и во 17:00 во недела. Тогаш ако сакаа и Дерби Каунти - Вест Хем нека играа пак таа ќе одеше. Сакам да кажам дека тоа не е во случајот со Шпанија. Таму има максимум 3 натпревари од кои како што кажав еден на Барса, другиот на Реал, а третиот кој е поинтересен во вечерните термини од сабота и недела. Да даваат натпревари и од 17:00 ќе биде друга приказна, плус 38 утакмици се тоа, повеќе тимови ќе ги научиме како играат, кој им се главни играчи и слични работи.
И нешто сакам од прееска да ви објаснам ама не ме сфаќате. Не се толку слаби другите екипи во Шпанија, колку што се јаки Барса и Реал, а во Англија Челзи, Манчестер и Арсенал не се толку надмоќни над другите клубови. Е сега тоа е најмногу поради парите. Во Англија 80% од тимовите се на приватни споственици кои што самите незнаат колку пари имаат и фала богу многу појаки играчи ќе земат. За разлика од Англија во Шпанија е друга приказната. Како прво тука ТВ-правата се поделени за никаде. 90% од парите ги земаат Барса и Реал, а другото го делат другите тимови. Значи сакам да ти кажам дека ќе биде друга приказната во Шпанија ако влезат приватни сопственици или ако ТВ-правата се делат малку пореално.
А Италија ја спомнав оти он кажа нешто за табелата, а реално гледано во Франција и во Италија е најизедначено. Иако во годината од тие две лиги гледам вкупно 10 натпревари (и тоа не цели) сакав да му објаснам нешто.
Се ОК во постот, само не си се запрашал некогаш, зошто баш Премиер Лигата ја пренесувале толку?
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.019
Поени од реакции
22.926
1. Немаш. А не знам од кај си сигурен...
2. Абе и јас неам ништо против да има повеќе голови, ама да гледам смешки, заебавање и понижување, тоа за мене не е дерби. Исто ко да играт кошарка Америка против Македонија.
3. Ван Дер Сар моментално со 40 години е професор за Касиљас. Жулио Цезар е одличен голман, а и не ми се набројува уште колку ги има. Сакаш смеј се, сакаш не се смеј. Касиљас посебно добро бранеше против Милан у ЛШ и на дербито со Барселона, признавам, добар е.
4. Па добро, нема такви дефанзивци како Пике и Пујол? Не знам шо ги величите толку, кога целата сила на Барса е во среднио ред и Меси, така да можеш да изброиш колку Барселона е нападната во текот на целите 90 минути. Видиќ и Тери ќе ги качат на грб и двајцата и ќе играат.
5. Поздрав.
1.Па 3/4 утакмици на коло мислам доволно се.
2./
3.:pos:
4.Не му даде да дише на вашиот Роналдо.

Спасува 2/3 чисти гола,каде што Валдес немаше да има никаква шанса да одбрани.

П.С Пујол и Пике не се само Барселона,туку се главните и во Шпанија...најсилнатра репрезентација моментално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom